Почина маж на Инфективната клиника болен од западно-нилска треска

77 годишен маж од кочанско почина од компликации од вирусот на западно- нилска треска. 

Тој е првиот починат од ова заболување кое се пренесува од заразен комарец. Од клиниката за инфективни болести објаснуваат дека човекот бил донесен во тешка состојба со температура и воспаление на мозокот. Не знаат колку време имал симптоми зошто во лоша здравствена состојба го нашле членови од семејството.

„Човекот имал температура и исто така имал проблеми со нервниот систем што ги добил заради инфекцијата.Не се знае колку дена претходно имал симптоми и какви. Донесен во лоша здравствена состојба и веднаш бил хоспитализиран“, вели д-р Фадил Цана директор на Клиника за инфективни болести.

Според податоците на ИЈЗ станува збор за четвртти пријавен случај со западно-нилска, два од нив биле надвор од Македонија, а другите во анкетата кажале дека не излегле од државата.

„Од почетокот на оваа година има 30 тестирања. Четири од нив биле позититвни. Едниот бил во Кенија, другиот бил во Тунис, а атретиот и четвртиот случај инфекцијата ја добиле во Македонија“, вели Марија Андоновска директор на ИЈЗ.

Инфектолозите објаснуваат дека не треба да се прави паника. Во 80% од случаите кои се со нилска треска немаат никакви симптоми.

„Може некој од нас прележал, но не знае дека имал нилска треска. Најчесто може да има температура болки во телото, но да помине и без никаква терапија. Во редок случај може инфекцијата да даде сериозно оштетување на нервниот систем и да доведе до смрт“, вели д-р Фадил Цана директор на Клиника за инфективни болести.

Најголема заштита од пренесување на западно нилска треска е редовна дезинсекција односно прскање против комарци.

Авиокомпанијата „Емирати“ забрани пејџери и воки-токи по нападите во Либан

 Авиокомпанијата „Емирати“ од Дубаи забрани на патниците да носат пејџери и воки-токи на своите летови, откако минатиот месец беа детонирани уреди користени од либанската група Хезболах.

„На сите патници кои патуваат кон, од или преку Дубаи им е забрането да пренесуваат пејџери и воки-токи во пријавениот или рачниот багаж“, се наведува во соопштението на авиокомпанијата објавено на нејзината веб-страница.

Се додава дека сите забранети предмети ќе бидат запленети од полицијата на Дубаи како дел од засилените безбедносни мерки.

Илјадници пејџери и радио уреди кои ги користеле припадници на Хезболах експлодираа во септември. Се верува дека за нападот е одговарен Израел, иако тој не презеде одговорност.

Најголемата авиокомпанија на Блискиот Исток исто така објави дека летовите за Ирак и Иран остануваат суспендирани до вторник, додека летовите за Јордан ќе бидат обновени утре.

Летовите за Либан ќе останат суспендирани до 15 октомври поради ескалацијата на израелските напади врз Хезболах, вклучувајќи напади во близина на аеродромот во Бејрут.

Неколку други авиокомпании исто така ги суспендираа летовите за Бејрут и други регионални аеродроми поради зголемените тензии. /MИА

Синер ја запроси руската тенисерка Калинскаја

Светскиот рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер ја запроси руската тенисерка Ана Калинскаја, пренесува „Кориере дело спорт“.

Според „Кориере“ 25-годишната спортистка добила предлог за брак на забава во Њујорк. Таа се согласила.

Врската меѓу Синер и Калинскаја стана позната во мај оваа година. Тенисерите присуствуваа на натпревари кога играше едниот партнер неколку пати во текот на сезоната.

Дваесет и тригодишниот Италијанец е победник на два Грен слем турнири (Australian Open 2024 и US Open 2024). Вкупно има 17 АТП титули (од нив 16 во сингл).

Калинскаја освои три ВТА турнири во двојки во текот на нејзината кариера.

Макрон: Приоритет е враќање на политичкото решение за Блискиот Исток

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска во интервју емитувано на радио „Франс Интер“ изјави дека „приоритет е враќање на политичкото решение“ за конфликтот на Блискиот Исток.

Францускиот претседател притоа побара прекин на испораките на оружје за Израел, кое се користи во конфликтот во окупираниот Појас Газа, пренесува порталот БФМ ТВ.

- Мислам дека денес приоритет е да се вратиме на политичко решение и да престанеме да испорачуваме оружје за водење борби во Газа, изјави Макрон./МИА

притисни ентер