Подиумот за танц од филмот „Треска на саботната вечер“ се продава за 300.000 долари

Подот за танцување што се користеше во филмот „Треска на саботната вечер“ од 1977 година е ставен на аукција во Лос Анџелес, која што ќе се одржи од 12 до 15 јуни, со проценета цена од околу 300.000 долари (околу 276.000 евра).

На аукцијата ќе биде понуден на продажба и ковчегот што беше користен за време на снимањето на филмот „Индијана Џонс“ од 1981 година - „Во потрага по изгубената арка“, чија цена се проценува на 50.000 до 70.000 долари, објави Гардијан. .

Дел од средствата од аукцијата, на која ќе бидат прикажани повеќе од 1.300 предмети од холивудските филмови, ќе бидат донирани на американската добротворна организација No Kid Hungry.

Известување од Канал 5 ТВ до македонската јавност!

Следејќи ги обврските кои произлегуваат од Законот за Аудио и Аудиовизуелни медиумски услуги, ТРД Канал 5 ДООЕЛ Скопје ја известува нашата јавност за следново:

Канал 5 ТВ ја известува јавноста дека со последните измени на Законот за Аудио и Аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААВМУ), членот 141 а , ставови 2 и 3, обврзани сме јавно да ги повикаме кабелските оператори за склучување на нови комерцијални договори.

Истовремено ја информираме целата јавност во Македонија но и надвор од неа, дека нашата земја е единствена во Европа каде комерцијалните кабелски и останати оператори кои го реемитуваат нашиот сигнал, не ни плаќаат за нашите авторски и сродни права, што пак не е случај со регионалните и останатите странски ТВ канали кои се реемитуваат во Македонија.

Затоа, почитувајќи ги позитивните законски прописи, објавуваме дека од 1ви Септември 2024 год. очекуваме од операторите на јавни комуникациски мрежи , односно кабелските оператори, од претплатата која ја наплатуваат од граѓаните на Македонија, да одвојат максимум 15 ден. + ДДВ по еден претплатник.

Оваа сума ќе остане на сила до моментот на промена на истата.

Менаџмент на Канал 5 Телевизија

Почина француската глумица Анук Еме

На 93-годишна возраст, денеска во Париз, почина француската глумица Анук Еме. Веста за смртта ја соопшти претставник на агенцијата „Тајмарт“ (TimeArt), а ја потврди нејзината ќерка Мануела Папатакис на Инстаграм.

Анук Еме е позната по улогите во филмот на Клод Лелуш - „Еден маж и една жена“ (1967) и „Долче вита“ (1960) на Федерико Фелини.

Зад себе има 92 филмски и ТВ-проекти, номинација за „Оскар“ за главна женска улога во „Еден маж и една жена“, како и 20-на други одличја и номинации. Последен филм каде што таа глуми е „Најдобрите години од еден живот“ од 2019 година. /МИА

За време на четиридневниот топлотен бран во Грција избувнале околу 200 пожари

Кикиљас посочи дека од денеска и за време на викендот, постои зголемена опасност од пожари во земјата.

Минатата седмица за време на четиридневниот топлотен бран избувнаа околу 200 пожари со кои навремено се справивме пред да се прошират, благодарение на огромните напори на пожарникарите и сите сили на цивилната заштита, истакна министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас, јави дописничката на МИА од Атина.

Кикиљас посочи дека од денеска и за време на викендот, постои зголемена опасност од пожари во земјата, односно како што рече „картата на опасност ќе биде чекор пред црвеното ниво на тревога“, поради сувата вегетација од високите температури во изминатиот период, во комбинација со новото зголемување на температурата и силниот ветер.

-Станува збор за најопасниот коктел за појава на пожари кој за неколку минути може да достигне неконтролирани размери, истакна Кикиљас.

Порача дека сè што во овој период може да предизвика дури и најмала искра, како што е горењето или скарата е забрането со закон за време на сезоната на пожари и истакна дека целиот државен механизам ќе биде во состојба на готовност со зголемени патроли на копно и со помош на дронови од воздух./МИА

притисни ентер