Полицијата апси подметнувачи на пожари

57 годишен Прилепчанец е осомничен дека од половината на месец јули до завчера во пет наврати во атарите на селата Слатина и Грешница во општина Македонски Брод предизвикувал пожар на отворено.

57 годишен Прилепчанец е осомничен дека од половината на месец јули до завчера во пет наврати во атарите на селата Слатина и Грешница во општина Македонски Брод предизвикувал пожар на отворено, кој се проширувал и во кој горела трева и нискостеблести растенија. Како што соопштија од полицијата тој бил затекнат на местото на настанувањето на пожарот со предметите со кои го предизвикал огнот. За него полицијата до кичевското обвинителство поднело кривична пријава за делото „предизвикување на шумски пожар“, а откако бил извршен службен разговор, тој ги признал делата.

Изминатите денови полицијата пронајде и уапси 8 луѓе кои се сомничат дека предизвикале шумски пожари. Вчера беше уапсен 50 годишен маж од општина Чашка, а претходните три недели лишени од слобода се и лица од Прилепско, Радовишко и во Светиниколско. Дел од нив ги признаа делата со што се потврдуваат тезите дека голем дел од пожарите со кои соочува државава се предизвикани од несовесни граѓани. Од МВР апелираат граѓаните да бидат внимателни, а за рана детекција и пронаоѓање на потпалувачите се активирани и дронови.

-Да не се пали оган на отворено, да не се фрлаат отпушоци било каде а особено во планински предели и се разбира да не се палат стрништата. Во насока на рана превенција од пожари полицијата почна со употреба на дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата. Со оваа активност и со воведувањето на овие оперативни мерки се очекува не само да се зголеми ефикасноста за раното предупредување и лоцирање на евентуланите пожари туку и детектирање на можните причини или причинители на истите,-Гоце Андреевски – МВР.

Од досега поднесените пријави со судска пресуда е заокружен случајот со 25 годишниот жител на Горно Оризари кој го призна делото по што судот во Велес го прогласи за виновен и му изрече затворска казна од пет месеци.. Тој беше обвинет за „предизвикување на општа опасност“. За ова криивично дело се предвидува казна затвор од шест месеци до пет години, а доколку е сторено од небрежност е пропишана парична казна или затворска казна до три години. Дел од оние што биле фатени како потпалуваат се гонат и за делото „предизвикување на шумски пожар“ во кое е предвидено дека се добива затворска казна од најмалку четири години, а ако сторителот се извлече со небрежност, може да добие од парична казна до затвор од пет години.

„Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ

Од 14 пријавени дела за наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело во најтесен круг најтесен круг влегоа „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, романот „Заборав“ на Томислав Османли  и збирката раскази „Вонземјанки“ од Влада Уро

Романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, во издание на Матица, е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга за 2023 година на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) кое денеска ги објави добитниците на традиционалните годишни награди за 2023.

Претседателот на ДПМ Живко Гроздановски на прес-конференција соопшти дека наградата на ДПМ „Ацо Шопов“ за најдобра збирка поезија е доделена на делото „Коњски житија“ од Зоран Анчески во издание на „Арс ламина“. За таа награда одлучуваше жири комисија во состав Елена Пренџова, претседателка на комисијата и членовите Снежана Стојческа и Зоран Јакимовски.

Наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади ја доби „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана С. Црвенковска во издание на „Чудна шума“. Ова дело е напишано според идеја на Симон Трпчевски и Билјана С. Црвенковска, а илустрирано од Оливер Коларески. Одлуката е на тричленото жири: Сузана Мицева, Наум Попески и Стево Симески.

„Птици во аквариум надреалзиам 1924-2024“ од Лидија Капушевска Дракулекса и Влада Урошевиќ, во издание на „Полица“, пак, ја доби наградата „Димитар Митрев“ за 2023 година за најдобра книга, критика и есеистика во избор на жирито во состав: Иван Додовски, претседател, и членовите Соња Стоименовска Елзесер и Елизабета Пандиловска.

Од 14 пријавени дела за наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело во најтесен круг најтесен круг влегоа „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, романот „Заборав“ на Томислав Османли и збирката раскази „Вонземјанки“ од Влада Урошевиќ.

Гордана Јовиќ Стојкоска, претседателката на жири комисијата за наградата „Стале Попов“ рече дека „Ако се родат некакви чувста“ е роман за Гоце Дечев и неговата сакана Јанка Канчева, но е и многу повеќе од тоа - роман за светот виден одеднаш низ времето и просторите.

-Победничката книга ја добивме со еден глас повеќе од другиот. „Ако се родат некакви чувства“ е комплексен роман и старографска метафикција разгранета со барем две странични жарновски меандри, документаристика и фељтонистика. Во рамките на најшироката одредница дека „Ако се родат некакви чувства“ е роман за Гоце Делчев и неговата љубена Јанка Канчева Минески цели минати и сегашни познати и непознати светови кои го воспоставуават чувството, припаѓањето, повторливоста на несакањето порано, сега и секогаш, овде и каде било на светот. Македонската фикција е искористена за универзална фикција, рече Јовиќ Стојкоска покрај која во жири комисијата членуваа и Оливера Ќорвезироска и Стефан Маркоски.

Употребувајќи првпат објавени сведоштва за тајните средби на Гоце и Јанка и за нивните интимни моменти, посочи претседателката на жирито, Миневски испишал нови страници за стари љубови, нови истории за стари вистини, но и обратно.

ДПМ не ја додели наградата МОСТ која се доделува за најдобро дело напишано на јазик на националностите затоа што, како што образложи Гроздановски, пристигниле само две дела, а за да се изврши избор се потребни три.

Наградите ќе бидат доделени на свечена церемонија задутре во 19 часот во просториите на ДПМ.

„Студентски отпор“ реагира на новите повисоки трошоци за студирање

Младинското движење на студентите кое се бори за подигнување на студентскиот стандард во земјава „Студентски отпор“ денеска соопшти дека покренува петиција за новите повисоки давачки за студирање. 

- Оваа петиција е апел до надлежните веднаш да ги укинат неразумните трошоци! вие неправди, некоректност и изживување со македонскиот студент нема да ви ги премолчиме, стои во соопштението од „Студентски отпор“.

Оттаму посочуваат дека оваа академска година почнува со нови повисоки давачки за студентите од околу 5.000 денари без, како што наведуваат, никаква најава и консултација со студентите при УКИМ.

- Недозволиво е досегашните неоправдани високи цени за студирање да се надоградуваат со уште понеразумни трошоци! Наместо да се преиспитаат досегашните давачки и младите да се мотивираат за високо образование и просперитет во Македонија - надлежните зададоа уште еден удар по и така катастрофалниот студентски стандард, се вели во соопштението.

Фон дер Лајен ја прифати оставката на еврокомесарот Бретон

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ја прими и ја прифати оставка на европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон, информира денеска заменичката главна портпаролка на ЕК, Аријана Подеста. 

- Претседателката му се заблагодарува за неговата работа како комесар во текот на целиот мандат, особено за усвојувањето на Законот за дигитални услугите, Законот за дигиталните пазари и други важни дигитални и индустриски регулативи, изјави Подеста.

Таа одби да ја коментира содржината на писмото со оставката и обвинувањата на Бретон, посочувајќи дека тоа пристигнало утрово и дека се уште не е анализирано.

Европскиот комесар за внатрешен пазар и француски кандидат за член на идната Европска комисија, Тиери Бретон денеска упати писмо до Фон дер Лајен во кое ја информира дека поднесува оставка на функцијата и ја повлекува својата номинација за иден еврокомесар.

Во писмото, што го објави на Икс, Бретон ја обвинува Фон дер Лајен дека „го саботира“ и дека „создава неред“ за време на транзицијата кон новите институции на ЕУ, како и дека последните случување се „дополнително сведоштво за сомнителното раководење“ од нејзина страна. Тој тврди и дека Фон дер Лајен и понудила на Франција „повлијателен ресор“ во новата Еврокомисија, доколку Париз предложи друг кандидат место него.

притисни ентер