Половина час ја држев мечката за уши и потоа ја турнав – раскажува нападнатиот 61-годишник

61 годишниот Цане Србиновски кој пред четири дена беше нападнат од мечка во родното село Дреновци во општина Долнени ја раскажа неговата сага за полочасовната борба.

Директорт на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов го посети Цане и разговаше со него. Цане среќен што е жив, тој има повреда на ногата и изгребаници по телото од мечката.

Цане е исплашен бидјеќи тој е сточар и со стоката е надвор. А знае дека мечките се гладни и доаѓаат во селото по храна.

Ангелов вели дека проблемот со мечките е голем нивниот број е зголемен. Според него мечка што нападнала човек треба да се отстрани бидејчи таа повторно ќе нападне. Изминатите неколку месеци имаше повеќе случаи во кои мечки настрадаа откако беа удрени од автомобил. возрасен маж беше повреден откако бил нападнат од мечка на потегот помеѓу селата Пласница и Ораоец во општина македонски брод. го спасија ловџии кои случајно се затекнале на местото. Проблем со мечките имаа и жителите на Жировница. Тогаш министерството за животна средина предложија мечките од тој дел да се успијат и да се пренесат на друго место.

Келнер сакал да направи спектакл, па направил хаос во ресторанот (ВИДЕО)

Тиктокерката Морган Петит објави урнебесно видео од ресторан, кое за кратко време „собра“ 3,6 милиони прегледи.

Во преден план е келнерот кој сакал да им приреди спектакл на гостите додека го послужувал стекот, но работите тргнале наопаку.

Штом го запали огнот, што е вообичаена практика во полуксузните објекти, една гостинка извика: „Внимавај на прскалките“.

И се разбира, таа беше во право, бидејќи секунда подоцна настана хаос. Имено, прскалките се дел од противпожарниот систем, а реагирале на топлина и чад.

Гостите се разотидоа, а неколкумина ја снимија нереалната сцена. Корисниците на социјалните мрежи се пошегуваа на сметка на несмасниот келнер.

@lorgiemayne Tomahawk Steak fire gone wrong!!💦🥩 #firealarm #ohno #yikes #restaurant #splashzone ♬ original sound - Morgan Pettit

„Веројатно се измолкнал од ресторанот и никогаш не се вратил“, напишала една личност.

Друг продолжи: „Несреќниот ќе има кошмари до крајот на животот“.

Познато е зошто се урна тераса во Мајорка, кога загинаа 4 лица и најмалку 20 беа повредени

Уривањето на тераса на плажа на познатиот шпански остров Мајорка, каде четири лица загинаа, а најмалку 20 се повредени, според експертите е работа на момент.

Уривањето на тераса на плажа на познатиот шпански остров Мајорка, каде четири лица загинаа, а најмалку 20 се повредени, според експертите е работа на момент, со оглед дека нејзината изградба била незаконска и дека просторот никогаш не бил планиран да се користи на овој начин.

Имено, терасата изградена во рамките на „Meduza Beach Club“ ја немала потребната градежна дозвола, како и соодветна контрола, што значи дека се работи за дивоградба.

Техничарите испратени на терен од шпанскиот суд заклучиле дека колапсот е предизвикан од преоптоварување. Посочија и дека ресторанот на приземје и подрумската дискотека Коко Рико ги имале потребните дозволи.

Менаџерот на „Медуза бич клуб“ сега се соочува со обвиненија за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди со различна тежина и кршење на градежните и безбедносните прописи.

Во записникот јасно стои дека терасата немала одобрение за градба, па затоа сите активности на неа биле недозволиви. Според извештајот од градежниот инспекциски надзор, овој простор во 2017 година бил класифициран како непристапен.

За потсетување, во четвртокот околу 20:30 часот се урна терасата на првиот кат од објектот „Медуза“.

Нови разорни бури и торнада во делови од САД- во претходниот налет загинаа 20 лица

Во текот на претходниот викенд, централниот и југоисточниот дел на САД беа погодени од бран разорни бури и торнада.

Најпогодени се Оклахома, Арканзас, Тексас и Кентаки.

Уништени се стотици објакти. За жал, загинаа најмалку 20 луѓе.

Во овој момент, нова серија разорни бури се формираат над средните делови на САД, особено над Оклахома и Тексас.

Торнада се очекуваат и во текот на денот во јужните и источните делови на Оклахома и североисточниот дел на Тексас, а најголема опасност има во пограничната област на овие сојузни држави.

Сирените веќе се огласија во многу населби поради заканата од торнада.

Овој моќен систем со грмотевици ќе помине и над Далас, во поширокото подрачје со закана од торнада.

притисни ентер