Портокалова фаза на територија на цела држава, Владата со препораки за превенција

 Владата на барање на Министерството за здравство донесе препораки за новиот топлотен бран што се очекува да ја зафати државата во следните три дена.

Владата на барање на Министерството за здравство донесе препораки за новиот топлотен бран што се очекува да ја зафати државата во следните три дена по информациите добиени од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи.

Во препораките за намалување на ризиците од високите температури што ги усвои Владата на вчерашната седница се предвидува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно бремените жени и лицата на возраст над 60 години од 12 август 2024 до 14 август 2024 година.

Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Владата препорачува и во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Еединиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Во соопштението од владината прес-служба се додава дека со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, Владата ги потсетува работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека до крајот на седмицата нѐ очекува претежно сончево и многу топло време.

Топлото време е под влијание на многу топла воздушна маса од југ, а особено топло ќе биде до среда, кога дневната температура наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови и на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

И покрај високите температури, од УХМР соопштуваат дека од среда до петок во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

58-годишен проукраински активист осомничен за обидот за атентат на Трамп

58 годишниот Рајан Весли Рут според американските медиуми е осомничениот за обидот за атентат на поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп пред неговиот голф – клуб во Флорида. 

ФБИ го истражува случајот кога телохранителите на екс-претседателот отвориле оган врз вооружен маж кој се криел во грмушките во близина на теренот за голф.

-Поранешниот претседател Доналд Трамп е безбеден и неповреден во инцидент со цел на заштита кратко пред два часот попладне во неделата на Интернационалниот голф клуб на Трамп во Вест Палм Бич. Тајната служба на САД отвори оган на вооружен напаѓач лоциран во близина на имотот, и овој настан е под истрага,-изјави – Рафаел Барос – Канцеларија на Тајната служба во Мајами.

Полицијата соопшти дека автоматска пушка од типот АК-47 со телескопски нишан и камера се пронајдени во грмушките на местото на инцидентот, а и уапсеното лице со себе носело телескопски нишан. Oчевидец успеал да го фотографира автомобилот и регистарските таблички по што била организирана брза потера и бил уапсен во соседната област.

-За среќа можевме да лоцираме сведок кој дојде кај нас и ни рече – Еј го видов човекот како истрчува од грмушките, влезе во црн Нисан и го сликав возилото и таблицата, што беше одлично. Како што беше упатен кон областа Мартин сигнализиравме во кацеларијата на шерифот, тие го лоцираа возилото, го стопираа и го задржаа човекот,-изјави – Рик Бредшо – Шериф на округ Палм Бич.

Трамп се огласил по инцидентот преку соопштение, во кое како што наведуваат американските медиуми, пишува - Имаше истрели во моја близина, но пред гласините да излезат од контрола, сакам да го слушнете ова прво од мене: на безбедно место сум и добро сум. Подоцна на социјалните мрежи им се заблагодари на службите.

Според медиумите, осомничениот Весли Рут е сопственик на мала градежна компанија на Хаваи. Бил силен поддржувач на Украина и во 2022 отпатувал во Киев. Се споделува дел од негово интервју за Њусвик Романија од пред две години.

-Ова дефинитивно е зло против доброто. Се бориме во ситуација каде украинците и остатокот од светот се грижливи и добри, дарежливи, несебични, се грижат едни за други, и треба да се заложиме за тоа,-изјави – Рајан Весли Рут – Осомничен (интервју за Њусвик Романија 2022).

Околу случајот се огласија и актуелниот претседател Џо Бајден и против – кандидатката на Трамп, Камала Харис. Белата куќа соопшти дека Бајден ја пофалил Тајната служба, а Харис го осуди политичкото насилство. Ова е втор обид за атентат врз Трамп во два месеци. Беше повреден во обид за атентат во Пенсилванија на 13 јули.

СДСМ: Ако Мицкоски лаже сликите се јасни, еве ги активистите од настаните со црквата во Галате

Ако Христијан Мицкоски лаже сликите ја кажуваат целата вистина.

Еве ги активистите на ВМРО-ДПМНЕ и блискиот соработник на Таравари кои беа дел од настаните со црквата во Галате.

Разбиени се сите лаги кои Мицкоски и Таравари кои ги пласираа во јавноста дека некој друг нешто сака да направи.

Или Мицкоски е тој што дестабилизира?, се наведува во партиската реакција.

ВМРО-ДПМНЕ: Партијата на Заев зборуваше за еден народ во две држави, а сега глуми загриженост

Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на "љубави", да глуми загриженост сега кога се врати достоинството на државата.

Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на "љубави" да глуми загриженост сега кога се врати достоинството на државата

Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на "љубави" да глуми загриженост сега кога се врати достоинството на државата.

Македонија веќе не толерира понижувања, како што тоа беше за време на СДС.

Заев и Пендаровски се причинители на сите понижувања, Заев се трудеше да се допадне препишувајќи ја половина историја, а Пендаровски праќаше поздрави од него.

Не јасно е дали СДС мисли дека народот заборавил, или пак мислат дека може да го манипулираат, но едно е јасно, а тоа е дека не им проаѓа ниту едното, ниту другото, се наведува во партиската реакција.

притисни ентер