Потег со кој добро ќе се опуштите и одморите на годишниот одмор

Доколку сакате да избегнете расправии за време на семеен одмор, обидете се добро да се наспиете неколку дена пред патувањето, советува британскиот психолог Линда Блер.

Блер, која е автор на книги за родителство и постигнување на чувство на спокој, советува, наместо да планирате за време на одморот да го надоместите пропуштениот сон, да настојувате да спиете што е можно подолго пред да одите на семејно патување. Психологот смета дека една од главните причини зошто луѓето се караат за време на патувањата и одморите е тоа што се премногу напнати и скарани уште пред да тргнат.

Можеби ова ви изгледа како „обратен“ редослед, но дополнителните часови сон пред заминување на одмор, може да ги „смири“ лицата со „тежок карактер“.

Потребни се четири дена да се опуштите

Линда Блер вели дека најчесто, додека го облечеме костумот за капење и ги ставаме очилата за сонце, веќе сме „исцрпени“. Чистењето на канцелариското биро и организирањето на патувањето може да нè исцрпи и да нè направи емотивно ранливи, вели психологот.

Според оваа жена психолог, додека го чекаат годишниот одмор, луѓето веќе се уморни и обично одат на патување ненаспани и под стрес, наместо да бидат опуштени. Луѓето тврдат дека притисокот поради семејниот одмор е „сличен на божиќниот синдром“, кога речиси сите членови на семејството се заедно. Таа потсетува дека секој член на семејството во тие денови треба да чувствува дека има доволно личен простор.

Блер смета дека на луѓето им се потребни 4 дена да се опуштат и им советува на родителите, доколку сакаат да избегнат расправа со нивните тинејџери, да избегнуваат претерано планирање и организирање на секој момент од семејниот одмор.

Секое наше патување започнува со расправија

Постојат многу причини поради кои избива расправија. Не станува збор само за стресот поради летот во раните утрински часови или проблеми со интернет конекцијата, туку честопати проблем на одморот се јавува и поради други луѓе. Еден корисник на Твитер напишал дека семејните одмори се добри за „забава, храна, музика и пијани расправии за работи кои се случиле пред 35 години“.

Веќе 15 години секое наше патување почнува со расправија, напишала друга корисничка на Твитер.

Мојот сопруг и јас веќе два дена се расправаме за тоа кој ќе ја држи нашата најмлада ќерка на аеродром, вели корисничка на Твитер, Бони Винард.

Кетрин Диксон на Фејсбук страницата „BBC Family“, споделила духовита приказна. Таа пишува дека се сеќава како родителите ги однеле неа со нејзините тројца браќа на летен одмор во Франција. Едниот од нив одбивал да облече шорцеви иако температурата била висока.

По дводневна расправа за тоа дека ќе се „свари“ во долги панталони, брат ѝ заспал, а мајката со ножици ги исекла сите долги панталони и направила шорцеви. Секако, сето тоа завршило со расправија и солзи.

Расправии поради пари

Лин Таунсенд споделила искуство дека секогаш се расправа со нејзиниот партнер пред одморот бидејќи, според неа, тој сакал само пријатен семеен одмор, а таа секогаш мора да ги предвиди трошоците и дали можат да си го дозволат тоа. Според податоците на Британската асоцијација на туристички агенти, „меѓугенерациските“ летувања се сè попопуларни, бидејќи луѓето ги користат слободните денови „да поминат време со членовите на семејството“.

Извор: zadovoljna.dnevnik.hr

Централна Европа под вода – десетици загинати, илјадници евакуирани

Страотните сцени од централна Европа продолжуваат, бурата „Борис“ и натаму одзема животи и урива се пред себе. 

Бројот на жртви надмина 15, илјадници се евакуирани, a од час во час расте и бројот на исчезнати во најпогодените областите каде куќите се уриваат како кула од карти.

Најкритично е во Чешка, Австрија, Полска, Романија и Словачка, каде улиците се претворени во реки кои носат автомобили и дрвја, поплавени се илјадници домови.

Ова е катастрофа од големи размери. Сите соседи околу реката, вклучувајќи го и Катерники. Јас живеам од другата страна на Опава и тука сум безбеден. Ќе биде потребно време да се справат со последиците и ние ќе треба да им помогнеме.

Граѓаните во страв и паника остануваат заглавени во напливот на вода, со кој едвај се борат и службите кои неуморно веќе со денови ги евакуираат со хеликоптери, чамци и јажиња.

Спасувавме луѓе кои беа два метри над нас, на покривот. Има и други луѓе кои се заглавени, но струјата е многу силна. Се обидуваме да се пробиеме, да најдеме алтернативен начин до нив, бидејќи струењето на водата е премногу силна за чамците.

Битката со надојдената вода не бира средства.. Во Чешка се собира песок и од игралишта каде се уште стојат детските играчки, се полнат вреќи како блокади за водата.

Покрај буката која ја создава водата, во Австрија често граѓаните се предупредуваат и од сирената за претпазливост која начесто се користи при воени напади.

Во Виена пак останаа заглавени 140 швајцарски туристи, поради надојдениот Дунав, бродот на кој пловеле не можел да се закотви, сликите покажуваат како патниците шетаат по палубата чекајќи помош.

Во Полска во последен момент беше извлечено семејство, меѓу кои 4 деца од поплавен автомобил.

Од европските лидери пристигнаа бројни пораки за поддршка за погодените земји. Со сочувство за жртвите се огласи и српскиот претседател Вучиќ преку платформата Х, на земјите кои се под удар од бурата им ја понуди сета неопходна помош во справувањето.

Според прогнозите на УХМР, земјава останува надвор од дофатот на Бурата Борис, најавија врнежи во наредниве неколку дена, но тие ќе бидат вообичаени за есен. Од ЦУК пак апелираат одводните канали да бидат соодветно прочистени за да се избегне било какво поплавуање при посериозен дожд.

Се надминува проблемот со образовните асистенти, дел од нив се уште на обука

815 образовни асистенти се веќе распределени на деца со посебни потреби. Недостасуваат уште 200, чиј избор формално се уште е во тек.

Родители кои ги контактиравме велат дека дел од децата се уште немаат асистенти, поради тоа што нивните асистенти се уште трае обуката.

Елена Јакимовска Павлеска, мајка на дете со аутизам, најалармантна е состојбата кај првачињата. Нејзиниот син, петооделенецот Огнен за кој што информиравме на почетокот на учебната година, имаше среќа да ја добие повторно истата асистентка од лани. Според Павлеска, родителите се во неизвеснот кога ќе заврши процесот на обука на останатите избрани асистенти, со што и нивните деца ќе можат непречено да ја следат наставата.

Министерката за образование Весна Јаневска најави дека целата ситуација треба да се реши до крајот на минатата недела и дека се работи на системско решение.

Од ресурсниот центар „Златен Сремец“ за Канал 5 велат дека постапката за избор на кандидати за асистенти по јавен оглас е во тек и дека штом ќе заврши, избраните кандидати ќе поминат задолжителна обука по што ќе бидат распоредени во основните училишта.

Во Ненавременото обезбедување образовни асистенти проблем препозна и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација од каде реагираа на доцнењето во ангажирањето на образовните асистенти и апелираше до Министерството за образование и наука (МОН) да ја исполни својата обврска

Средните училишта, образовни асистенти ќе добијат најрано од јануари следната година, според најавите од надлежните институции.

Ќе помине ли иницијативата за можноста за разрешување градоначалници преку локален референдум?

Последниот збор за разрешување на градоначалници треба да го имаат граѓаните – смета министерот за здравство Арбен Таравари.

Според него иако треба да има политичка одлука, мандатот на градоначалниците може да им го земе само оној кој им го дава.. По предлогот од претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски градоначалник да може да се отповика преку локален референдум, Таравари смета дека тоа претставува рационализирање, со цел постојано да нема вонредни локални избори.

-Има случаеви кога некои градоначалници иако се избрани од народот не фукционираат како што треба. Јас мислам дека градоначалникот на Кисела Вода се повикува највеќе на градоначалничката на Град Скопје која е промашена инвестиција, меѓутоа тоа е тоа народот никогаш не греши и кога ќе избере некого кој што не е како што треба така да мој став личен е дека треба да има политичка одлука, но народ ги избира и народ може да ги разреши,- вели министерот за здравство Арбен Таравари.

Професорот по управно право Борче Давитковски иницијативата смета оценува за добра. Вели измените се неопходни, бидејки со вака конституираниот Закон за локална самоуправа градоначалниците не се политички одговорни пред никого и се единствени фукционери кои се неменливи. Давитковски објаснува дека постојат различни модели за остварување на иницијативата, а според него најдобро би било граѓаните да одлучуваат за разрешување на градоначалник преку референдум со цензус.

-Иницијативата е одлична, ова требаше одамна да се стори бидејки еве 22 години како поминаа од носење на Законот каде градоначалниците останаа политички неодговорни пред никого. Треба и други членови да се сменат односно една сериозна измена на Законот за локална самоуправа и да не дојде до овие судири како што има до сега градоначалник-совет. Законот се носи со 2/3 мнозинство но мислам дека ќе се одважат сите политички чинители оваа иницијатива за сеопфатни законски измени со цел да добиеме ефикасен закон, истакна професор Борче Давитковски.

Ѓорѓиевски во интервју за РСЕ, оценувајки дека моќта на првите луѓе во општините е преголема и треба да се ограничи, најави дека тим од актуелни градоначалници веќе работи на Законските измени, со цел на граѓаните што поскоро да им се врати можноста активно да бидат вклучени во одлуки кои ги засегаат и да имаат можност да го разрешат оној градоначалник кој не ги исполнил нивните очекувања.

притисни ентер