Познат богаташ открива кои се петте најлоши совети што детето може да ги добие

Со овие совети сигурно нема да стане милионер...

Милионерот Мет Хигинс е автор на бестселери, извршен директор и инвеститор, тој за CNBC.com напиша колумна за тоа колку ризикувал во животот, како и за предизвиците и тешкотиите со кои се соочувал додека растел во сиромаштија грижејќи се за својата неподвижна мајка. Овој милионер тврди дека воспитувањето има големо влијание врз нечија финансиска судбина и наведе кои се најлошите совети што младите може да ги добијат.

„Треба да имате резервен план“

Една студија покажа дека имањето резервен план, значително ја намалува веројатноста да се случи планот А, а ја намалува и мотивацијата да се преземе нешто во врска со првобитниот план. Наместо тоа, Хигинс порачува дека мора да се има верба во успехот. Ако планот А не успее, подобро е да верувате во својот капацитет и волја, отколку да имате резервен план.

„Намалете го времето поминато пред екранот“

Користењето на телефонот и компјутерот за бесмислени работи како играње игри 10 часа дневно секако е непожелно, меѓутоа, постојат разни корисни вештини на мрежите, како што се креирање на веб-страници, пишување бизнис-план, пласирање на услуги и производи. Иднината и ресурсите се токму таму, и тоа за мали трошоци, но треба да знаете како да го користите Интернетот рационално и смислено.

„Не грижете се за малите нешта“

Не секоја анксиозност е проблематична, а студиите покажуваат дека и најуспешните претприемачи ја контролираат својата анксиозност и ѝ се препуштаат. Тие ја одржуваат т.н „состојба на оптимална анксиозност“, односно ја користат анксиозноста за да го подобрат својот фокус и перформанси, но не дозволуваат таа да ја намали или забави нивната ефикасност.

„Вработи се во голема и стабилна компанија“

Порано најдобриот совет што можевте да го добиете е да се вработите во големите и престижни компании како Фејсбук, Гугл, Нетфликс. Иако таквите компании нудеа 30-годишна кариера, сега и тие се соочуваат со масовни отпуштања. Наместо да трчајте по големите имиња, подобро е да започнете во мала или средна компанија, онаму каде би имале јасна визија што работите, на која позиција и каде би биле уверени дека вашите интереси и вештини одговараат со работното место. Подобра опција е да започнете сопствен бизнис. Користејќи ја вештачката интелигенција, можете да започнете бизнис со кој ќе заработувате и до 10.000 долари месечно, а притоа нема да размислувате за отказ.

„Купи куќа и пресели се“

Готовината е најдоброто нешто што некој може да си го дозволи. Ако можете да заштедите, тоа ќе ве спаси од банкрот и долгови. Пазарот на недвижности постојано се менува, а таму каде што инфлацијата е висока, готовината е секако подобра од долгот. Долгот на кредитните картички кај младите на возраст од 18 до 25 години во споредба со другите генерациски групи е со највисока стапка, така што особено младите треба да внимаваат на прекумерното трошење.

Пронајдено телото на пилотот од хеликоптерот што се урна на грчкиот остров Евија

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, нуркачките тимови, на длабочина од 52 метри, ги пронашле остатоците од кабината на хеликоптерот, од каде што го извлекле и телото. 

Безживотното тело на пилотот од приватниот хеликоптер, што вчера се урна во морето во северниот дел на грчкиот остров Евија, претпладнево беше извлечено од нуркачи на Крајбрежната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, нуркачките тимови, на длабочина од 52 метри, ги пронашле остатоците од кабината на хеликоптерот, од каде што го извлекле и телото.

Хеликоптерот, вчера околу 10 часот наутро, полетал од местото Мантуди на Евија полетал кон индустриската област во Волос, меѓутоа кусо по полетувањето се загубила комуникацијата и започна спасувачката акција, по што подоцна беше потврдено дека паднал во морскиот дел на северот на Евија.

Хеликоптерот се урна во период кога островот беше зафатен од невремето „Илиас“.

Една четвртина од младите Европејци работат за време на школувањето

Најмал процент на млади кои работеле при школувањето имало во Романија.

Само 25 проценти младите Европејци на возраст од 15 до 29 години биле вработени за време на нивното формално образование во текот на 2022 година, три отсто биле регистрирани како невработени, односно како лица кои активно бараат работа, додека 72 проценти воопшто не биле вклучени на пазарот на расположлива работна сила, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат.

Процентот на млади кои биле работно ангажирани за време на школувањето драстично се разликува од земја од земја членка на ЕУ. Така, најголем удел на млади луѓе вработени во текот на формалното образование бележи Холандија со 73 отсто, пред Данска со 52 и Германија со 45 проценти.

Од друга страна, најмал процент на млади кои работеле при школувањето имало во Романија од само два отсто, пред Словачка со пет и Унгарија со шест проценти.

Највисок процент на официјално регистрирани невработени млади за време на образованието имало во Шведска од 13 отсто, пред Финска со седум и Холандија со шест проценти.

Помалку од еден отсто од младите се воделе како невработени во Унгарија, Чешка, Романија, Хрватска, Полска и Литванија. /МИА

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСK) ја одржува 93. Седница

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСk) денеска ја одржа 93 седница на која беа разгледани повеќе предмет.

На почетокот од седницата комисијата дискутираше околу повеќе известувања стигнати до Комисијата во врска со минати и актуелни предмети, помеѓу кои i известувањето од Судски Совет за случајот „Трансмет“.

На денешната седница беа одбиени неколку поднесени жалби и предмети за продажба на земјиште како и пријава за злоупотреба при вработување на член на надзорен одбор во јавно претпријатие.

притисни ентер