Пред компаниите промовиран новиот концепт за извоз на Стопанската комора

Седницата ја отвори Бранко Азески, претседателот на Комората, во улога на претседател на Националниот совет за извоз (НСИ).

Во Стопанската комора на Македонија пред компаниите членки на Клубот на извозници беше промовиран новиот концепт за извоз на Комората, со кој преку конкретни инструменти и алатки ќе се третираат сите прашања поврзани со промоција и со поддршка на извозните активности на компаниите.

Седницата ја отвори Бранко Азески, претседателот на Комората, во улога на претседател на Националниот совет за извоз (НСИ), кој во своето излагање потенцираше дека Комората веќе извесен период работи на градење нов пристап и стратегија за поддршка на домашниот извозен сектор и на домашните извозни компании, преку нов концепт кој се базира на три меѓусебно поврзани столба, и тоа:

1. НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ ЗА ИЗВОЗ (НСИ), кој претставува национално и советодавно тело формирано во рамките на проектот „Поддршка на приватниот сектор за регионална економска интеграција“, кој го спроведува Комората во партнерство со Американската агенција за меѓународен развој УСАИД, како и платформа за јавно-приватен дијалог, која ќе обезбеди институционална поддршка за компаниите, со цел поголема интернационализација на македонскиот бизнис. Во Советот членуваат повеќе од 30 успешни извозни компании од различни извозни сектори, претставници на приватниот сектор и претставници на Владата и на надлежните државни институции. Преку Советот се третираат прашања поврзани со извозната конкурентност на земјата, со формите за поддршка на извозните компании, со трговската регулатива за олеснување на извозот и сл.

2. КЛУБОТ НА ИЗВОЗНИЦИ претставува специјализирано тело во рамките на новиот концепт за извоз на Комората, кое ќе им обезбеди организациска, техничка и логистичка поддршка на домашните извозници во насока на поголема извозна подготвеност и на поголема извозна промоција на македонските компании и производи на регионалните и на странските пазари. Клубот на извозници е најголема бизнис-асоцијација претставник на домашните извозни компании и неговата улога е да ги застапува интересите на домашните извозници како значајни чинители за националната економија.

3. ИНСТИТУТОТ ЗА ИЗВОЗ претставува клучна алатка која треба да испорача стручна и експертска поддршка за компаниите, преку аналитички и тренинг-центар. Аналитичкиот центар, преку изготвувањето стручни анализи и истражувања, ќе работи на идентификување на новите извозни можности за компаниите и преку конкретни форми на поддршка и модерни алатки ќе работи директно со компаниите во насока на изнаоѓање трговски партнери и воспоставување бизнис-релации, со цел пристап до нови пазари и зголемување на извозната активност на постојните пазари. Тренинг-центарот ќе работи на градење поголеми човечки и менаџерски капацитети на извозно ориентираните компании, преку специјализирани обуки и коучинг-програми со реномирани домашни и странски експерти, за да им помогне на македонските компании во делот на зголемување на конкурентноста, поголема видливост преку соодветни маркетинг-активности и градење брендови, поефикасно барање трговски и бизнис-партнери на странските пазари и подобро справување со институционалните и со регулаторните барања за настап на конкретни пазари.

Азески додаде дека во периодот што следува Комората, во координација со Владата на РМ и со нејзините институции, ќе разговара за конкретни форми на поддршка за извозните компании, за конкретен износ на средства од буџетот за таа намена, како и за институционалната форма на соработка меѓу државата и приватниот сектор, со цел успешна примена на националната стратегијата за извоз, која треба да испорача поголем извоз и поголем економски раст на земјата во иднина.

Проф. д-р Дарко Лазаров, претседател на Клубот на извозници, во своето излагање истакна дека Комората преку сет добро дизајнирани инструменти и модерни алатки, во рамките на новиот концепт, ќе работи во насока на обезбедување конкретна поддршка за македонските извозни компании во нивните напори за зголемување на конкурентноста и на извозната подготвеност, како и во нивните напори за изнаоѓање нови трговски и бизнис-партнери, влез на нови пазари и поголема видливост на меѓународните пазари.

На седницата на Клубот на извозници, по предлог на претседателот д-р Лазаров, покрај постојниот потпретседател Анатол Кутревски од ПЕКАБЕСКО АД Скопје, беа избрани и двајца нови потпретседатели на Клубот:

· Евгенија Ангеловска – ЛАМИНАТИ КОМ ДОО Прилеп

· Зоран Н. Илиев – АКТИВА ДОО Штип

На тој начин, Клубот на извозници значително ја зајакна својата менаџментска структура со млади професионалци и претставници на успешни извозни компании, кои како тим, заедно со претседателот Лазаров, ќе работат на операционализирање на новиот концепт на Комората за поддршка на извозните активности на домашните компании.

Истовремено, д-р Лазаров најави дека на следната седница на Националниот совет за извоз една од точките за кои ќе се дискутира е примена на стратегија за промоција на извозот на РМ (2024 – 2028), како основа за обезбедување системска поддршка за извозно ориентираните компании од државата и за институционално олеснување на извозните активности.

На седницата беше промовирана и дигиталната извозна платформа EASY EXPORT, алатка креирана преку истоимениот проект на УСАИД, која обезбедува корисни информации за извозните компании, поврзани со надворешната трговија, во делот на базите на податоци за трговските посредници на одделни пазари, законските и регулаторните барања, царинските и нецаринските бариери, повиците за поддршка, корисните анализи и сл. Истовремено, од платформата EASY EXPORT произлегува и директориумот за извоз, кој содржи дигитални профили за повеќе од 1.000 македонски извозни компании.

Истовремено, на седницата беа претставени и активни повици наменети за компании чија цел е зголемување на конкурентноста и поддршка во процесот на развивање на извозните капацитети во делот на дигитализацијата, воведувањето меѓународни стандарди за квалитет, технолошки развој и градење извозна мрежа на странските пазари.

Стопанска комора на Македонија

Граници, почит и искреност - рецепт за успешна врска

Очекувањата и правилата поврзани со љубовта и врските сѐ повеќе се менуваат. 

Традиционалните модели на врски засновани на однапред одредени правила и улоги, сѐ помалку важат, се чини, отворајќи простор за пофлексибилен однос и сфаќања, како и за идентитетот и личната среќа, според психолозите.

Терапевтот од Харвард, д-р Кортни Ворен вели дека и покрај овие промени, постои една работа која речиси може да го гарантира успехот на врската. Тоа се границите.

- За успехот на врската, од суштинско значење е јасно да се дефинираат и одржуваат границите што партнерите ги поставуваат заедно. Границите не се правила што уназадуваат, туку темел на односите што овозможуваат доверба, искреност и заеднички раст. Без нив, врската ја губи стабилноста и довербата, објасни психологот за „Јор-танго“ (YourTango).

Секоја врска е уникатна, а договорот за тоа што е прифатливо се разликува кај различни парови.

- Она што е важно, е стремежот кај двајцата партнери да ги почитуваат меѓусебните договори и да се подготвени отворено да разговараат за можни промени или предизвици... Искреноста со партнерот и со себе е клучот за секоја успешна врска. Како што растат и се менуваат партнерите, важно е да се приспособат меѓусебните договори за врската да остане здрава и исполнета!, појасни д-р Ворен.

На тој начин, вели, и доколку дојде до можно раскинување, искреноста поттикнува тоа да се случи со почит, а не со горчина. /МИА

Видео: Бунтовниците во Сирија го запалиле гробот на такото на претседателот ал-Асад

На социјалните мрежи се објавуваат видеа и фотографии на кои се гледа како бунтовниците стојат покрај запалениот гроб на поранешниот сириски претседател Хафез ал Асад, таткото на Башар ал Асад.

Според извештаите, бунтовниците го извлекле ковчегот од гробницата и го запалиле.

Некои светски агенции јавуваат дека дека бунтовниците во униформи, заедно со локалните жители, го гледале ковчегот како гори.

Хафез ал Асад владееше со Сирија три децении, а почина во 2000 година од срцев удар. Неговото тело беше погребано во мавзолеј во неговото родно село Кара. Него на функцијата претседател го наследи неговиот син Башар ал Асад, кој беше соборен од власт минатиот викенд. /МИА

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот уште не е поднесен, а каде заглавил знае само Арсовска

Не знаеме кој ги пишува соопштенијата во име на Град Скопје, дали е Левица, дали е ДУИ или СДС, но кој и да е знаеме дека или нема завршено основно училиште или се наоѓа во посебна состојба.

Не знаеме кој ги пишува соопштенијата во име на Град Скопје, дали е Левица, дали е ДУИ или СДС, но кој и да е знаеме дека или нема завршено основно училиште или се наоѓа во посебна состојба, затоа што самите дописи изобилуваат со уличарски и непристоен речник, несвојствен за „менаџерка" како Данела Арсовска.

И тука не станува збор за лаги, манипулации, туку за почутување на сопствениот календар за поднесување на предлог буџет.

Не знаеме каде заглавил буџетот, во канцеларијата на еден сметководител во Ѓорче, или кај блиски роднина на Арсовска, или во нечиј штаб близок до Арсовска, но знаеме дека предлог буџет нема. Во прилог документот дека е пробиен рокот за поднесување на буџетот, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер