Преработената храна и пијалаци го забрзуваат стареењето

Високопреработената храна, како што се грицки, зашеќерени напитоци, индустриски леб, овошен јогурт, житарки и алтернативи за месо - сѐ тоа е поврзано со забрзаното биолошко стареење.

Тоа, поради високата содржина на калории, шеќер, масти и сол во намирниците, посочува ново истражување на Медитеранскиот невролошки институт „Неуромед“ во Поцили, Италија.

- Покрај тоа што е нутритивно несоодветна, таа е богата со шеќер, сол и заситени или транс-масти, и е подложена на интензивна индустриска обработка, што, всушност, ја менува структурата на храната, а тоа доведува до губење хранливи материи и влакна. Сѐ ова може да има сериозни последици врз бројни физиолошки функции, вклучително и метаболизмот на шеќерот и составот и функционалноста на цревниот микробиом, објасни нутриционистичкиот епидемиолог и авторка на трудот, д-р Маријалаура Боначио.

Староста на човековите клетки и ткива е под влијание и на генетиката, навиките за животен стил, исхраната и физичката активност. Така, средновечните и постарите италијански учесници во испитувањата, кои добивале повеќе од 14 отсто од дневните калории од високопреработена храна, изгледале постари отколку што всушност биле, пренесува „Њујорк пост“ (New York Post).

И друго неодамнешно истражување на Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско покажа дека додадениот шеќер го забрзува биолошкото стареење, дури и ако е дел од здрава исхрана. Високото ниво шеќер во крвта може да ги оштети клетките и да предизвика хронично воспаление, коешто е поврзано со дебелина, срцеви заболувања, дијабетес, заболувања на црниот дроб и разни видови рак.

Така, истражувањата сè повеќе сугерираат дека избегнувањето високопреработена храна и додаден шеќер може да биде клучно за побавно стареење и одржување на целокупното здравје./МИА

Украинците нападнаа руски аеродром со американски ракети, има загинати (ВИДЕО)

Украинските сили го нападнаа воениот аеродром во Таганрог, Ростовска област, со шест балистички ракети ATACMS, соопшти руското Министерство за одбрана.

А во соопштението се додава дека сите ракети се соборени.

„Утрото на 11 декември Киев изврши ракетен напад со западно прецизно оружје врз воениот аеродром во Таганрог, Ростовска област. “се вели во соопштението.

По нападот на социјалните мрежи почнаа да кружат наводни видеа од аеродромот.

Во соопштението се додава дека има жртви меѓу персоналот.

Москва нагласи дека овој непријателски напад нема да остане без одговор и дека ќе бидат преземени неопходните мерки.

Украина се уште не го коментира овој напад.

Граници, почит и искреност - рецепт за успешна врска

Очекувањата и правилата поврзани со љубовта и врските сѐ повеќе се менуваат. 

Традиционалните модели на врски засновани на однапред одредени правила и улоги, сѐ помалку важат, се чини, отворајќи простор за пофлексибилен однос и сфаќања, како и за идентитетот и личната среќа, според психолозите.

Терапевтот од Харвард, д-р Кортни Ворен вели дека и покрај овие промени, постои една работа која речиси може да го гарантира успехот на врската. Тоа се границите.

- За успехот на врската, од суштинско значење е јасно да се дефинираат и одржуваат границите што партнерите ги поставуваат заедно. Границите не се правила што уназадуваат, туку темел на односите што овозможуваат доверба, искреност и заеднички раст. Без нив, врската ја губи стабилноста и довербата, објасни психологот за „Јор-танго“ (YourTango).

Секоја врска е уникатна, а договорот за тоа што е прифатливо се разликува кај различни парови.

- Она што е важно, е стремежот кај двајцата партнери да ги почитуваат меѓусебните договори и да се подготвени отворено да разговараат за можни промени или предизвици... Искреноста со партнерот и со себе е клучот за секоја успешна врска. Како што растат и се менуваат партнерите, важно е да се приспособат меѓусебните договори за врската да остане здрава и исполнета!, појасни д-р Ворен.

На тој начин, вели, и доколку дојде до можно раскинување, искреноста поттикнува тоа да се случи со почит, а не со горчина. /МИА

Видео: Бунтовниците во Сирија го запалиле гробот на такото на претседателот ал-Асад

На социјалните мрежи се објавуваат видеа и фотографии на кои се гледа како бунтовниците стојат покрај запалениот гроб на поранешниот сириски претседател Хафез ал Асад, таткото на Башар ал Асад.

Според извештаите, бунтовниците го извлекле ковчегот од гробницата и го запалиле.

Некои светски агенции јавуваат дека дека бунтовниците во униформи, заедно со локалните жители, го гледале ковчегот како гори.

Хафез ал Асад владееше со Сирија три децении, а почина во 2000 година од срцев удар. Неговото тело беше погребано во мавзолеј во неговото родно село Кара. Него на функцијата претседател го наследи неговиот син Башар ал Асад, кој беше соборен од власт минатиот викенд. /МИА

притисни ентер