Претежно облачно со повремен дожд во јужните делови од земјата

Времето денеска ќе биде претежно облачно, по котлините ќе има услови за појава на магла. Претпладне во јужните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.

Во Скопје претежно облачно и тивко со услови за појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 10 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, до петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи со променлив интензитет.

-Во четврток наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 литри на квадратен метар), а поради продор на постудена воздушна маса од север, во четврток и петок на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, соопшти УХМР.

Израелците објавија снимка од уништувањето на сириската морнарица: Ударите беа прецизни (ВИДЕО)

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија видео од напад на сириската морнарица.

Како што претходно беше најавено, израелските сили ги започнаа овие напади по падот на Башар ал Асад, за да не паднат складиштата за оружје и муниција на неговата армија во рацете на терористичките групи и џихадистите.

„Во рок од 48 часа, ИДФ (Израелските одбранбени сили) ги нападнаа повеќето складишта за стратешко оружје во Сирија за да ги спречат да паднат во рацете на терористичките групи“, се вели во објавата на ИДФ на платформата X.

„Поморски операции: израелски ракетни бродови нападнаа 2 сириски поморски објекти во исто време: пристаништето Ал-Бајда и пристаништето Латакија, каде што беа закотвени 15 сириски воени бродови.

„Поморски цели: Уништени се десетици проектили море-море со дострел од 80–190 km. Секоја ракета носеше значајна експлозивна муниција, што претставува закана за цивилните и воените бродови во областа“.

„Операции на воздухопловните сили: Воздухопловните екипи поминаа стотици часови во сирискиот воздушен простор, изведувајќи повеќе од 350 воздушни напади“.

Цели: Широк опсег на цели, вклучувајќи противвоздушни системи, воени аеродроми на сириските воздухопловни сили, како и десетици локации за производство на оружје во Дамаск, Хомс, Тартус, Латакија и Палмира.

„Неутрализирани ресурси: бројни стратешки средства, вклучувајќи ракети Скад, крстосувачки ракети, земја-море, земја-воздух, ракети земја-земја, UAVs (беспилотни летала), борбени авиони, нападни хеликоптери, радари, тенкови , хангари и многу други“.

„Копнени операции: ИДФ изврши воздушни напади врз 130 цели во Сирија, вклучувајќи складишта за оружје, воени објекти, лансери и оперативни позиции“.

„Оваа снимка е направена од перспектива на муницијата што била насочена да ги погоди овие цели“, се вели во соопштението на ИДФ што ја придружува снимката.

Украинците нападнаа руски аеродром со американски ракети, има загинати (ВИДЕО)

Украинските сили го нападнаа воениот аеродром во Таганрог, Ростовска област, со шест балистички ракети ATACMS, соопшти руското Министерство за одбрана.

А во соопштението се додава дека сите ракети се соборени.

„Утрото на 11 декември Киев изврши ракетен напад со западно прецизно оружје врз воениот аеродром во Таганрог, Ростовска област. “се вели во соопштението.

По нападот на социјалните мрежи почнаа да кружат наводни видеа од аеродромот.

Во соопштението се додава дека има жртви меѓу персоналот.

Москва нагласи дека овој непријателски напад нема да остане без одговор и дека ќе бидат преземени неопходните мерки.

Украина се уште не го коментира овој напад.

Граници, почит и искреност - рецепт за успешна врска

Очекувањата и правилата поврзани со љубовта и врските сѐ повеќе се менуваат. 

Традиционалните модели на врски засновани на однапред одредени правила и улоги, сѐ помалку важат, се чини, отворајќи простор за пофлексибилен однос и сфаќања, како и за идентитетот и личната среќа, според психолозите.

Терапевтот од Харвард, д-р Кортни Ворен вели дека и покрај овие промени, постои една работа која речиси може да го гарантира успехот на врската. Тоа се границите.

- За успехот на врската, од суштинско значење е јасно да се дефинираат и одржуваат границите што партнерите ги поставуваат заедно. Границите не се правила што уназадуваат, туку темел на односите што овозможуваат доверба, искреност и заеднички раст. Без нив, врската ја губи стабилноста и довербата, објасни психологот за „Јор-танго“ (YourTango).

Секоја врска е уникатна, а договорот за тоа што е прифатливо се разликува кај различни парови.

- Она што е важно, е стремежот кај двајцата партнери да ги почитуваат меѓусебните договори и да се подготвени отворено да разговараат за можни промени или предизвици... Искреноста со партнерот и со себе е клучот за секоја успешна врска. Како што растат и се менуваат партнерите, важно е да се приспособат меѓусебните договори за врската да остане здрава и исполнета!, појасни д-р Ворен.

На тој начин, вели, и доколку дојде до можно раскинување, искреноста поттикнува тоа да се случи со почит, а не со горчина. /МИА

притисни ентер