Претпладне сончево, попладне дожд и ветер

 Во земјава ќе преовладува претпладне сончево време со мала до умерена облачност, a од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со изолирана појава на град. Минималните температури ќе бидат во интервал од осум до 15, а максималните ќе достигнат од 20 до 27 степени.

Во Скопје претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштат до 13, а максималните ќе достигнат до 26 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Кржаловски: На избирачкото ливче очекувам да се најдат 6-7 кандидати

Барањето на ДУИ за избор на претседател во Собранието, а не преку непосредни избори за дел од аналитичарите е само предизборно ветување.

Ивана Стојановска разговараше со Александар Кржаловски за очекувањата од изборниот процес..

Хрватски антикорупционери ќе контролираат средствата кои доаѓаат од или минуваат низ Албанија

Хрватски антикорупционери ќе ги контролираат средствата кои доаѓаат од или минуваат низ Албанија.

Високи хрватски функционери од секторите против корупцијата и организираниот криминал допатуваа во Тирана, каде во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК разговарале за следење, истрага и изведување пред лицето на правдата на лицата кои перат пари, вршат трансакции и пронаоѓаат компании да го реализираат тоа.

-На средбата со првиот човек на СПАК, Алтин Думани и обвинители на ова обвинителство, главниот фокус беше ставен на размената на информации, особено во справувањето со случаите на перење пари во Хрватска, особено со трансакции со недвижности, во кои се вклучени компании и средства кои доаѓаат од или минуваат низ Албанија, како и дискусии поврзани со актуелни прашања за кои СПАК и УСКОК ќе соработуваат и во иднина, стои во соопштението на СПАК.

Се оценува дека важноста на оваа посета била во дискусиите за зајакнување на соработката и олеснување на размената на најдобрите искуства, успеси и предизвици со кои се соочуваат двете институции во напорите за борба против корупцијата и меѓународниот организиран криминал.

На средбата бил анализиран Меморандумот за разбирање помеѓу СПАК-УСКОК, потпишан на 27 ноември 2020 година и постигната согласност за воспоставување одредени контакт точки.

-Исто така, на средбата со беше ставен акцент на зголемување на прекуграничната соработка во борбата против корупцијата и организираниот криминал, чија цел беше да се идентификуваат акциските чекори за посилна билатерална соработка, црпејќи знаења од споделени искуства, се нагласува во соопштението.

Исто така, претставници на Канцеларијата за борба против корупцијата и организираниот криминал на Република Хрватска (УСКОК), го споделиле своето знаење за „главните политички иницијативи и законодавни реформи преземени како дел од процесот на пристапување на Хрватска во Европската Унија“. /МИА

Клоп: Ливерпул пишува книга која ќе се затвори со моето заминување од клубот

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри што очекува од финалето на Лига купот со Челзи, кое ќе се одигра утре. 

- Сакам да победам во недела, но не за себе или за мојот трофеен кабинет, туку за доброто на момците, клубот и навивачите. Она што моментално го работиме е пишување прекрасна книга. И кога ќе заминам, ќе ја затвориме оваа книга и ќе ја ставиме на полица, ја цитира изјавата на Клоп новинарот Бен Џејкобс.

На крајот на јануари Клоп објави дека по завршувањето на актуелната сезона ќе го напушти Ливерпул. Тој го води тимот од 2015 година.

Ливерпул е лидер во Премиер лигата со 60 бода, четири повеќе од Манчестер сити кој има и натпревар помалку. /МИА

притисни ентер