Претседател на клуб нокаутора судија по натпреварот- сега оди во затвор (ВИДЕО)

Поранешниот претседател на турскиот клуб Анкарагучу, Фарук Коча, кој го создаде најголемиот скандал во историјата на турскиот фудбал, кога го нокаутира судијата во декември минатата година по мечот меѓу Анкарагучу и Ризе, е осуден на затворска казна.

Коча ќе треба да одлежи три години и седум месеци затвор за нанесување тешки физички повреди на судијата Халил Умут Мелер, кого го удри со тупаница во главата.

По натпреварот Коча слезе на теренот, му пријде на судијата и го удри со тупаница во главата, а тој од ударот падна на земја.

Скандалот го обиколи светот, а турското правосудство реагираше и го испрати Коча на долгогодишна затворска казна.

Покрај три години и седум месеци затвор доби и дополнителна казна затвор од шест месеци со дополнителни пет месеци условно, објави Гардијан.

Сиријците се враќаат во Дамаск, илјадници упаднаа во палатата на Асад (ВИДЕО)

Воздушните снимки покажуваат дека доцна синоќа се формирале долги колони возила на патиштата кои водат кон Дамаск, како и во спротивна насока, по ослободувањето на сириската престолнина од режимските сили, јавува Анадолија.

Сиријците кои со години го чекаа падот на режимот на Башар ал Асад се упатија кон главниот град што го ослободија.

Ослободувањето на Дамаск и другите сириски градови беше прославено низ земјата и регионот, но и во светот. Многу Сиријци почнаа да се враќаат во својата татковина од соседен Либан.

Сирија веќе 13 години е сцена на граѓанска војна, а по период на релативна смиреност, на 27 ноември повторно избувнаа судири меѓу силите на режимот на Асад и антирежимските групи во руралните области западно од Алепо.

Опозициските сили потоа започнаа молскавична офанзива и за десет дена ги освоија клучните градови, а вчера завршија со заземање на главниот град Дамаск.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Асад сам ја донел одлуката да се повлече и да ја напушти Сирија. Подоцна беше објавено дека Асад и неговото семејство пристигнале во Москва бидејќи Русија им дала азил.

Холандија од денеска почнува засилени контроли на копнените граници

Холандија од денеска почнува засилени гранични контроли, како што беше најавено на 11 ноември. 

Дополнителните гранични проверки се дел од ветувањето на новата десничарска влада за борба против трговијата со луѓе, илегалната имиграција и прекуграничниот криминал, објавија холандските медиуми.

Претходно, Германија воведе гранични контроли, а Франција исто така почна да врши проверки. Проверките ќе ги врши Кралската воена полиција, која е одговорна за граничната контрола во Холандија.

Засега новите гранични проверки нема многу да се разликуваат од проверките што воената полиција веќе ги спроведува во пограничните области, пишува весникот „Ен Ер Се“.

Теоретски, граничната полиција ќе може да ги бара документите на секој што ќе ја премине земјата и да одбие влез на оние кои ги немаат потребните документи за посета или престој во Холандија, пишува весникот.

Колдплеј објавија нова песна, во спотот се појавува 98- годишна холивудска ѕвезда (ВИДЕО)

Групата Coldplay ги израдува фановите со новата песна наречена „All My Love“.

Снимен е и видео запис во кој се појавува легендарниот актер Дик Ван Дајк (98), познат по улогата на Берт во филмот „Мери Попинс“, кој на 13 декември ќе наполни 99 години.

Песната е снимена во домот на холивудската ѕвезда во Малибу. Инаку, самото видео е посветено на Ван Дајк.

Погледнете го спотот за песната „All My Love“:

притисни ентер