Претставничкиот дом на САД го одобри пакетот американска воена помош за Тајван

Претставничкиот дом на САД го одобри пакетот американска воена помош за индо-пацифичкиот регион, вклучувајќи го и Тајван.

Ова е првиот дел од предлог-законот за помош во сферата на безбедноста со вкупна вредност од 95 милијарди долари за Украина, Израел и други партнери на САД. Во Претставничкиот дом на САД денеска одделно се гласаат трите пакети.

Светските агенции јавуваат дека пакетот помош за Тајван бил одобрен од двопартиско мнозинство во Претставничкиот дом, кој е под контрола на претставници на Републиканската партија на САД. Следува гласањето за пакетите помош за Украина и Израел./МИА

Фиат планира голем пресврт- 500е ќе се продава и во бензиска варијанта (ФОТО)

Fiat 500e, познат како електричен автомобил, наскоро ќе добие бензинска верзија со благ хибриден погон.

Извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес, наскоро може да ја објави оваа значајна промена, според извештаите од Automotive News Europe.

Добавувачите на Fiat потврдија дека добиле барања за зголемување на производството на двоен погон од 500 до 200.000 единици годишно. Оваа промена ќе овозможи додавање на 125.000 бензински модели покрај постојните електрични верзии.

Веста за оваа потенцијална конверзија прв ја објави дневниот весник Il Corriere della Sera. Според нивните информации, новата производствена цел вклучува зголемување на бројот на бензински модели. Од јануари до април оваа година, Fiat продаде 12.288 примероци од 500e во Европската унија, Велика Британија и земјите од ЕФТА, што е помалку од 17.363 продадени примероци во истиот период минатата година, покажуваат податоците на Dataforce.

Во Stellantis не се задоволни од моменталните бројки на продажбата на Fiat 500e, па затоа претставувањето на бензинската верзија се смета за можност за ревитализација на продажбата и зголемување на капацитетот на фабриката во Италија. Одлуката за воведување на бензинската верзија може значително да го подобри производството и да ја намали употребата на привремени отпуштања во фабриката Мирафиори, кои беа користени од март до мај оваа година.

Стариот модел на Fiat 500 нема да биде хомологиран за новите прописи за сигурност и сајбер безбедност, но ќе продолжи да се продава во Африка и на Блискиот Исток, каде што ќе се составува во Алжир. Новата верзија на Fiat 500, вклучувајќи ја и бензинската верзија, нуди нова надеж за зголемување на продажбата и зајакнување на присуството на пазарот.

Таравари: Нема документ, постои договор, јас го нареков џентлменски

Зиков: Гаши е коректен политичар, времето ќе покаже каков претседател ќе биде

Таравари: Нема документ, постои договор, јас го нареков џентлменски, Коалицијата „Вреди“ е најдобра гаранција за тоа дека Македонија ќе го продолжи европскиот пат. Во првата декларација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ имаше три точки: европски пат, брз економски развој и борба против криминал и корупција и правна држава. Не сакам да ни се повтори 2008, од тогаш до 2024 година ништо не се направи. Имаме 80 пратеници за сега, има шанси и со 110 гласови да поминат уставните измени само треба да се најде модалитет како ќе се „спакува“ во Скопје и Софија, не велам за месеци но за брзо ќе се најде решение. Гаши е еден од најчесните политичари, се надевм ќе биде одговорен и добро ќе ја води функцијата.

Зиков: Ако сакате повисоки стапки на раст треба да ги фокусирате реформите и во Македонија треба да се искристализираат фокусирани министерства, тоа не значи поголем број вработени. Ако СДСМ го дал спикерското место претходно, нема зошто ВМРО-ДПМНЕ да не го направи истото, иако тие имаа доволно пратеници да имаат своја автохтона политика, но олитички, морално и етички некоректно е што истово месеци претходно и во кампањата ВМРО-ДПМНЕ го квалификуваа како „дуизација“ на Македонија. Албанците се рамноправни граѓани како и сите други. Друго прашање е дали со темите за Албанци и Македонци дали можеби треба да се постават прашањата за другите заедници кои живеат во Македонија?

Гром уби ранчер во Колорадо, настрадаа и неговите 34 крави (ВИДЕО)

Во удар на гром во округот Џексон во американската сојузна држава Колорадо загина сточар, а настрадаа и неговите 34 крави.

Во несреќа во саботата, 51-годишниот Мајк Морган загина на својот ранч во Ренд, на околу 190 километри северозападно од Денвер, а молњите собориле околу 100 негови крави, објави Индипендент.

Годишно во САД има околу 50 смртни случаи поврзани со гром, проценува Националната управа за океани и атмосфера, наведувајќи дека шансите да ве погоди гром се еден на милион.

Податоците од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажуваат дека имало 444 смртни случаи поврзани со гром во САД помеѓу 2006 и 2021 година.

притисни ентер