Говорејќи на панел-дискусија посветена на проширувањето на ЕУ, министерката потенцира дека оваа Влада за 5 месеци не може да го надомести она што е пропуштено во изминатите 7 години, период во којшто се вратени многу средства кон ЕУ фондови поради нереализирање на проекти.
„Фокусирани сме на реализација на утврдените задачи. Тука сме не само да кажеме, туку и да покажеме пред европските држави дека сакаме да бидеме дел од ЕУ семејството. Ако земјите од ЕУ се силни и ние сме силни. Малите земји ве следат. Кога сте вие силни не мотивирате нас да работиме повеќе. Бидете силни, работете на соработка и поттикнете ги малите земји да се силни“, порача министерката Димитриеска-Кочоска.
Таа додаде дека Реформската агенда за реализација на Планот за раст е многу важна и се однесува на значајни реформи во јавната администрација и управување со јавните финансии, дигитална и енергетска транзиција, човечки капитал, деловно опкружување и владеење на правото.
Особен осврт направи на реформите во областа на управувањето со јавните финансии, при што потенцира дека се стремиме да управуваме со јавнитефинансии на начин којшто обезбедува ефикасно спроведување на политиките, подобрена финансиска дисциплина, добро управување со фискалните ризици и зајакната фискална одржливост.
Министерката за време на престојот во Брисел ќе оствари средби со претставници од Директоратот на ЕК за соседска политика и проширување, а имаше состанок и со претставници од Европската народна партија ( ЕПП).
Одделение за односи со јавност