Расте бројот на жртви во пукањето во училиште во САД: Четворица загинати, над 30 повредени

Според последните извештаи, четири лица загинале, а повеќе од 30 се повредени во нападот во средното училиште Апалачија во Виндер, американската сојузна држава Џорџија.

Како што јави Си-Ен-Ен, осомничениот напаѓач е уапсен. Ова се прелиминарни информации кои се предмет на промена.

Сите училишта во оваа област се затворени, а мерките за безбедност се зголемени. Засега не се знае дали напаѓачот е ученик на ова училиште.

Силни полициски сили излегле на лице место веднаш по добиената пријава за „активен напаѓач со огнено оружје“. Испратени се пет возила на брза помош, додека најтешко повредените со хеликоптер се пренесени во блиската болница.

Учениците се евакуирани на блискиот спортски терен. Набргу, голем број родители дојдоа да ги земат своите деца.

„Ќе ни бидат потребни неколку дена да одговориме на сите прашања во врска со пукањето. Бараме трпение од јавноста. Ве молиме дозволете ни да ги утврдиме фактите“, рече Џад Смит, шериф на округот Бароу, каде што се наоѓа училиштето.

Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281

 Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281, а 67 лица се уште се водат како исчезнати, соопштија властите, цитирани од ДПА.

Јаги е најсилниот тајфун што го погодил Северен Виетнам во последните 30 години.

Повеќе од 1.900 луѓе се повредени, се вели во извештајот на Виетнамската канцеларија за управување со катастрофи. Според Канцеларијата, тајфунот оштетил околу 235 илјади домови. Над 2,6 милиони животни главно живина и говеда, биле убиени, а преку 200 илјади хектари оризови полиња биле значително оштетени.

Поплавите сега се повлекоа, но погодените области сè уште се борат со напорите за расчистување.

Според првичните проценки на виетнамската влада, тајфунот Јаги предизвикал прелиминарна штета на Виетнам од околу 1,6 милијарди долари, предизвикувајќи загуба од околу 0,15 посто од бруто домашниот производ оваа година.

Тајфунот претходно мина низ Филипините и Кина.

Влада: По една деценија, од денеска граѓаните можат да ги земат од аптеките новите лекови

 По една деценија, од денеска граѓаните можат да ги земат од аптеките новите лекови од позитивната листа.

За само 2 месеци од мандатот, Владата, Министерството за здравство и ФЗО ја проширија позитивната листа на лекови.

По една деценија, од денеска граѓаните ќе можат да ги земаат новите лекови на позитивната листа од аптеките.

На листата се додадоа девет нови генерици, односно 87 лекови во различни имиња, форми, јачина и пакување и тоа за крвен притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција.

Последното проширување на позитивната листа беше во 2009 години и во 2014 кога се додал само еден лек. Но, од денеска таа е проширена за 9 нови лекови.

Она што го ветивме пред граѓаните, се обврзуваме и да го реализираме.

Со ова проширување од 9 нови лекови, значително ќе се намали бројот на пациенти кои приватно плаќаа за лекови.

Воедно, ова проширување на позитивната листа е само почеток. Се очекува следното ново проширување на позитивната листа да биде кон крајот на декември.

Граѓаните конечно добиваат посовремени и поевтини лекови на рецепт и тоа на товар на државата, наместо истите да ги купуваат од сопствените џебови прескапо, а често и од соседните земји.

Ова е значително олеснување за сите пациенти, вкупно еден милион евра со проширување на позитивната листа ќе остануваат кај граѓаните.

Македонија за тебе!

Влада на РСМ

Најмалку осум загинати во поплавите во Европа

Бројот на загинати во поплавите во централна Европа вчера се искачи на осум, откако илјадници луѓе беа евакуирани од своите домови во Полска, Чешка, Австрија и Романија.

Циклонот „Борис“, донесе обилни дождови од Австрија до Романија, што доведе до најголемите поплави во речиси три децении во тешко погодените области на Чешка и Полска.

Илјадници куќи беа оштетени за време на викендот, мостови беа однесени, а најмалку 250.000 домаќинства, главно во Чешка, останаа без струја.

Едно лице се удави во неделата во југозападна Полска, пожарникар кој учествуваше во спасувачките операции загина во Австрија, а уште две лица загинаа во Романија, каде поплавите однесоа четири животи во саботата.

притисни ентер