Рекордни температури ширум Кина

Температурите низ Кина го достигнаа или надминаа рекордните вредности за мај, соопштија денеска кинеските власти. 

Се очекува топлотниот бран да продолжи во поголемиот дел од јужна Кина, што може дополнително да ја оптовари електричната мрежа, најавија метеоролозите.

Метеоролошките станици на 446 локации регистрираа температури што се еднакви или повисоки од највисоките досега регистрирани за мај, изјави заменик директорот на Националниот центар за клима Гао Ронг. Во понеделникот метеоролошката служба на Шангај извести дека во градот е регистрирана температура од 36,1 Целзиусови степени. Претходниот рекорд за мај беше 35,7 степени Целзиусови - во 2018 година.

Во текот на следните три дена, поголемиот дел од јужна Кина се очекува да има температури над 35 степени Целзиусови, додека некои области ќе надминат 40 Целзиусови степени, се нагласува во денешниот извештај на метеоролошката служба.

Кортни Кокс (60) се сними како излегува од замрзнувачот: „Одлично се чувствувам“

Кортени Кокс, актерката позната по улогата на Моника во серијата Пријатели, минатиот месец го прослави својот 60-ти роденден.

Својата рутина ја објави на Инстаграм за која вели дека одржува одлична фигура, но дури и самата призна дека понекогаш претерува.

„Само што го прославив роденденот... Не ми се допаѓа кој број беше, но немам избор“, почна со овие зборови во видеото снимено во теретана. Кокс рече дека треба да дадете сè од себе, а рутината за вежбање која таа им ја претстави на своите следбеници вклучуваше вежби за раце, влечење, вежби за гради, стомачни мускули и кардио.

Кортни носеше црн спортски градник и хулахопки во иста боја кои ја истакнаа нејзината витка фигура. Иако нејзиниот сет за вежбање е прилично стандарден, кон крајот на видеото работите се сменија. Актерката ја замени својата црна облека за вежбање за бикини и се сними како излегува од замрзнувачот.

„Што, ова ли е криотерапија? се пошегува познатата актерка. Инаку, криотерапијата или студената терапија вклучува употреба на ниски температури во медицинскиот третман и е пофалена за придобивки во намалувањето на воспалението и промовирањето на закрепнувањето. Иако на јавноста не и е познато дали Кокс тоа го прави секој ден, таа претходно објави видео на кое се обидува да влезе во ледена бања.

Кокс претходно изјави за „Glamour“ дека мислела дека ќе го мрази трендот на велнес, но го засакала со текот на годините. „Се чувствувам одлично со часови по влегувањето во замрзнувачот“, објасни таа и додаде: „Колку и да се плашите да влезете, знајте дека потоа ќе се чувствувате многу добро“. Таа истакна дека го сака напливот на допамин што го добива кога влегува во замрзнувачот.

Извор: Индекс.хр

Алиев: Азербејџан би можел да извезува гас преку Украина

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави денеска дека Украина и Европската унија се заинтересирани Азербејџан да ја снабдува Европа со природен гас преку Украина oткако ќе истече постоечкиот договор со Русија на крајот на годината.

„Продолжуваат разговорите со властите во Украина и ЕУ, како и со Русија, и се чини дека сите страни се заинтересирани за продолжување на снабдувањето. Ќе помогнеме ако можеме“, рече Алиев на прес-конференција, пренесе Блумберг.

Тој посочи дека производството на гас во неговата земја ќе се зголеми благодарение на новите и постоечките проекти во Каспиското Море. Во 2022 година, Азербејџан потпиша меморандум за разбирање со Европската комисија со намера да го удвои извозот на гас во Европа на 20 милијарди кубни метри до 2027 година.

„Земјата се движи кон целта. Извозот во Европа ќе се зголеми на близу 13 милијарди кубни метри оваа година од 11,8 милијарди кубни метри во 2023 година и осум милијарди кубни метри во 2021 година. Испораките ќе се испраќаат преку т.н. Јужен гасен коридор што го поврзува Азербејџан со Европа преку Грузија и Турција“, рече Алијев./MИА

Норис стартува прв на Хунгароринг

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Унгарија, откако постави најбрзо време во квалификациите благодарение на кругот што го извозе за 1:15.227 минути.

Првиот стартен ред го комплетира неговиот тимски колега Оскар Пјастри со заостанување од 0,022 секунди. Трет трката ќе ја започне актуелниот шампион Макс Верстапен, кој беше за 0,046 секунди побавен од возачот на Мекларен.

Исходот од квалификациите го реши несреќата на Јуки Цунода на две минути пред крајот. Возачот на РБ малку пошироко излезе од свиокот 3, помина преку тротоарот, „скокна“ во воздух и нанесе штета на својот автомобил, како и појавата на црвени знамиња.

Трката на Хунгароринг е закажана за в недела во 15 часот./МИА

притисни ентер