Ричард Гир на црвениот тепих покажа колку е вљубен во својата 33 години помлада сопруга (ВИДЕО)

Ричард Гир и Алехандра Силва ја „запреа планетата“ во 2018 година кога се венчаа и објавија дека планираат да основаат семејство и покрај нивната разлика во години, поточно 33 години.

Фотографијата на која Далај Лама го благословува бебето на Силва послужи како нивна прва објава за бременост. Двојката го дочека својот најстар син Александар во февруари 2019 година. Само девет месеци подоцна, Гир и Силва објавија дека второто бебе е на пат.

Активиската тогаш изјави дека Гир бил семеен пријател и дека се познаваат повеќе од една деценија.

- Нашата карма нѐ привлече во моментот кога се видовме. Не ја игнорирам разликата во години и што значи да се биде со холивудска ѕвезда, но кога има толку силна кармичка енергија, проблемите исчезнуваат – објаснила таа, а пренесува „Пипл“.

Двојката е заедно 11 години, а нивните појавувања на црвениот тепих сведочат за горенаведените зборови на Силва.

На овогодинешниот филмски фестивал во Венеција, сите погледи беа вперени во нив, а Ричард, исто како Џорџ Клуни и Вил Смит, направи џентлменски потег на црвениот тепих и ја препушти славата на својата сопруга.

Тој отиде меѓу фоторепортерите, ја бодреше и гледаше во неа со очи полни љубов и гордост, објави Хола.

Ќе се менува Законот за култура во делот на вработувањето на неопределено време на уметниците

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за култура и туризам на која на дневен ред е Предлог на закон за изменување на Законот за културата, по скратена постапка.  

Како што се наведува во образложението, со донесување на Предлогот на закон за изменување на Законот за културата ќе се овозможи работниот однос на вработените од категоријата А –уметници, наместо да се заснова на определено време, односно за период до пет години, да се заснова на неопределено време, со што ќе се овозможи во континуитет да ги остваруваат правата од работен однос и правна заштита на работничките права.

Деветте нови лекови на позитивната листа од денеска во аптеките

 Од денеска во аптеките во земјата ќе се издаваат и деветте нови лекови на позитивната листа. На листата се додадени лекови за крвен притисок, за срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција.

На товар на Фондот за здравство ќе бидат антикоангулансите Prasugrel и Ticagrelor, Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate, лекови против висок притисок и високи масти, како и Escitalopram, Memantine, Duloxetine, кои се антидепресиви и лекови за третирање деменција.

Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека на почетокот на следната година позитивната листа на лекови би можела да се дополни со уште некој лек.

- Од позитивната листа веќе од 16 септември пациентите можат тие девет нови лекови да ги земаат во аптека бесплатно. Значи, влегува во сила од понеделник. Ние подготвуваме платформа заедно со СЗО која што ќе обезбеди транспарентност на целиот процес при идното проширување на лековите. Исто така, препораки ќе имаме од СЗО, меѓутоа и од експертите внатре во државата. Ние би сакале сето тоа проширување на позитивната листа да биде што потранспарентно и што посеопфатна, тоа што најмногу им треба на граѓаните со што би ги намалиле, што помалку трошоците на нашите пациенти и граѓани, изјави Таравари минатата недела.

Тој истакна дека не може да вети дека во наредниот период на оваа позитивна листа ќе се најдат уште 10 лекови, но како што вели, гарантира оти на секои три-четири месеци ќе има надополнување од плус еден, два или три лека.

- Видете, ова е револуција на проблеми коишто 10 години не се решени. Последната позитивна листа е 2009 година, 2014 година само еден лек е надополнет и сега имаме девет лекови за 50 дена. Јас се надевам дека одма после Нова година ќе имаме проширување на листата. Велам многу сум среќен што наши партнери се претставниците од СЗО, ќе се обидеме да се придржуваме на платформата и на препораките што ни ги даваат, рече Таравари.

Тој ги повикува сите заинтересирани фармацевтски фирми, производители да конкурираат и да бидат активни, да им сугерираат за да како министерство и Влада бидат што потранспарентни и резултатот да биде што подобар за сите граѓани во државата.

Се чека одлука за есенска потрошувачка кошница со пониски цени

 Министерството за економија денеска треба да добие Предлог од работната група за есенската потрошувачка кошница со според најавите 100 прехранбени земјоделски производи со ограничени трговски маржи или замрзнати цени.

Според најавите, со есенската кошница треба да бидат опфатени зеленчук, овошје, пекарски, млечни производи,...

Предлогот треба да биде усвоен утре на редовната седница на Владата.

Работната група е составена од претставници на министерствата за економија, земјоделство и финансии. Врз основа на симулација ќе ја утврди есенската потрошувачка кошница со 100 производи и дали ќе има замрзнување на цените или ќе се ограничат маржите од 5,10 и 15 проценти.

Стабилизација на цените се очекува и со примената на Законот за нелојална трговија, кој треба да почне да се применува од 28 септември. Законот ќе стапи во сила до крајот на месецот, а компаниите ќе имаат рок од шест месеци да ги усогласат цените.

Владата најави дека ќе има и предновогодишна и пролетна кошничка, со избор на производи што се најупотребувани во тој период од годината.

-Во зависност од тоа какви се потребите на граѓаните, во зависност од тоа што најмногу се троши ќе го следиме процесот и нема да дозволиме да ни се случи повторно висока стапка на инфлација со што ќе се влијае негативно на стандардот на граѓаните, изјави минатата недела премиерот Христијан Мицкоски.

Стапката на инфлација во август на годишно ниво е 2,2 процента во однос на август минатата година, како што рече, што претставува навистина добар резултат. Значи, полека, но сигурно цените се стабилизираа и во периодот што следи ќе продолжиме да се грижиме за стандардот на граѓаните, потенцира премиерот.

притисни ентер