Русија на потерница ја стави и победничката на Евровозија, ѝ се заканува затворска казна

Русија ја стави на потерница украинската пејачка која победи на Евровизија 2016 година, објавија  државните новински агенции, пренесува АП.

Во извештаите се наведува дека во базата на МВР е наведено дека пејачката Сузана Џамаладинова се бара поради кршење на кривичниот закон.

Медиазона, независна информативна страница која покрива прашања за опозицијата и човековите права, објави дека Џамаладинова е обвинета според законот донесен минатата година со кој се забранува ширење на таканаречените лажни информации за руската војска и тековните борби во Украина.

Џамаладинова, која настапува под уметничкото име Џамала, има кримско татарски потекло. Таа победи на Евровизија 2016 година со песната „1944“, чиј наслов се однесува на годината кога Советскиот Сојуз масовно ги депортира Кримските Татари.

Нејзиниот победнички настап дојде речиси точно две години откако Русија го анектираше Крим додека политичките превирања ја зафатија Украина. Повеќето други земји сметаат дека анексијата е нелегитимна.

Русија протестираше што „1944“ беше дозволено на натпреварот, велејќи дека ги прекршиле правилата против политичкиот говор на Евровизија. Но, песната не упати никакви конкретни критики за Русија или Советскиот Сојуз, иако навестуваше такви импликации, отворајќи со репликите „Кога ќе дојдат странците, доаѓаат кај вас дома, ве убиваат сите и велат:“ Не е наша вина“.

Жена дошла во болница окована во синџири, на полицијата ѝ открила детали за ужасот

Неименуваната 40-годишна жена успеала да се оттргне од претходно осуден педофил од Шпанија и се појавила во болница со модринки на лицето и синџири околу вратот.

Лекарите од болницата „Свети Јаков“ останале во шок кога здогледале жена на која рацете и вратот ѝ биле врзани со синџири, објави Дејли Меил.

Имено, жената на полицијата ѝ рекла дека била во болница за да посети хоспитализиран пријател, а откако заминала, мажот ѝ понудил да ја повози до дома. По пат ѝ рекол дека мора да застанат кај неговата куќа за да ги земат потребните работи.

Ја повикал да влезе во неговата куќа, а откако ја затворил влезната врата, ја претепал до смрт, пишува Олив прес.

Исто така, жената изјавила дека се онесвестила од тепањето, а кога дошла на себе видела дека има синџири околу вратот и рацете. Напаѓачот се обидел да ја удави, а кога не успеал, почнал да ја навредува и тепа.

Жената успеала да побегне низ прозорецот кога оценила дека напаѓачот не гледа. За помош се обратила кај член на семејството кој веднаш ја однел во болница.

Осомничениот маж, претходно осуден педофил, по пријавата веднаш е уапсен, а моментално се наоѓа во притвор каде ќе го чека натамошна истрага за случајот.

Осомничениот и претходно бил осуден за киднапирање и малтретирање на деветгодишно девојче во Бургалеса, објавија локалните медиуми.

Ѝ посветил бизарна тетоважа на девојката, сите му се смеат- снимката има 13 милиони прегледи

Момче стана вирална сензација откако на TikTok се појави видео на кое се тетовира во студиото Betty Zoo Tattoo Studio во Копенхаген.

Момчето решило да направи уникатна тетоважа како почит кон својата девојка, а видеото е прегледано повеќе од 13 милиони пати.

На видеото може да видите како девојката го гризе за рака, а тетоважата потоа со мастило ги црта трагите од нејзиниот гриз. Резултатот е, хм, што е, и не требало многу време за луѓето да почнат да се потсмеваат во коментарите.

@bettyzootattoo Bite Mark tattoo #fyp #bf #tattoo #bitemarktattoo #foryou #trending #onthisday #fypviralシ ♬ My Love Mine All Mine - Mitski

„Која е најглупата тетоважа што можете да ја смислите? прашал тиктокер, а друг додал: „А што кога ќе раскинете?“

„Најглупавата идеја за тетоважа...сакам таква“, „Ова е навистина лоша идеја“, „Не можам да замислам полоша тетоважа“, „Едвард Кален би го сакал ова“, „Зошто?“, се некои од коментарите. Сепак, имало и такви на кои овој потег им бил „сладок“.

Иги Азалеа годинава заработи рекордни 48 милиони долари од разголени снимки на OnlyFans (ФОТО)

Од Бела Торн и Карди Би, до Кети Прајс и Дри де Матео од серијата Sopranos, има многу ѕвезди на OnlyFans, еротска платформа која беше основана во 2016 година.

Но, кој заработи најмногу оваа година? Можеби ќе бидете изненадени од она што го откри извештајот на LELO.

Поранешната девојка на Канје Вест, Амбер Роуз моментално е на петтото место и досега има заработено импресивни 26 милиони долари на платформата (каде што наплаќа месечна претплата од 5 долари).

Поранешната ѕвезда на Дизни, Торн заработи 32 милиони долари.

На третото место е Блек Чајна, која откако наплатуваше 19,99 долари месечно за гледање содржини, заработи 35 милиони долари - но ја деактивираше својата сметка во март.

На второ место е раперката Карди Би, која неодамна заработи дополнителни 10 милиони долари, со што нејзината вкупна заработка достигна неверојатни 45 милиони долари.

На прво место е австралиската раперка Иги Азалеа - која две години нема издадено нова музика.

Раперката досега заработила 48 милиони долари на OnlyFans, а тоа го направила за помалку од една година откако го отвори својот профил. 33-годишната раперка се приклучи на платформата дури во јануари, додека, на пример, Карди Б е на OnlyFans од 2020 година.

Други познати личности кои се на врвот на листата богати на OnlyFans се Тајга, Крис Браун и Остин Махон.

Зборувајќи за тоа кога се приклучи на OnlyFans претходно оваа година, Иги (вистинското име Аметист Амелија Кели) рече дека не знаела дека може да биде толку креативна на платформата. „Да се ​​признае, никогаш не знаев дека OnlyFans е место каде што можам да бидам креативна, па не очекував дека ќе работам со нив на мојот најголем проект досега“, изјави таа за Variety.

„Откако навлегов подлабоко во тоа што значи да се има OnlyFans, сфатив дека тоа е совршена платформа за лансирање на мултимедијален концепт“, додаде таа.

притисни ентер