Русија: По две одложувања конечно лансирана ракетата Ангара А5

Ракетата од тешка класа „Ангара-А5“, чие лансирање беше двапати одложувано, денеска беше успешно лансирана од космодромот „Восточни“.

Лансирањето беше извршено според планот во 12:00 часот по московско време, јавија руските медиуми. По 12 минути и 26 секунди, горната етапа Орион се одвои од третата етапа на ракетата, по што во орбитата ќе лансира пробен товар.

Првото лансирање на оваа ракета од Восточни првично беше закажано за 12:00 часот по московско време на 9 април, но беше откажано две минути пред лансирањето. Причината беше дефект на системот за надополнување на резервоарот за оксидатор на централната единица.

Обид за лансирање имаше и вчера, но ситуацијата се повтори. Како што изјави за новинарите генералниот директор на Државната вселенска корпорација Роскосмос Јуриј Борисов, вчера ракетата не била лансирана поради дефект на системот за контрола на стартување на моторот.

Државната комисија денеска одобри полнење гориво и лансирање на ракетата во 12:00 часот по московско време. Инфраструктурата за лансирање на ракети Ангара на космодромот Восточни е во изградба од 2018 година. Претходно од космодромот Плесецк беа лансирани три тешки ракети Ангара, а од 2016 година од космодромот Восточни беа лансирани вкупно 16 ракети од класата Сојуз-2.1а и Сојуз-2.1б.

Силва за мечот со Спортинг: Ни недостасуваат многу играчи, но во Сити не бараме изговори

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Бернардо Силва ги сподели своите очекувања од натпреварот против Спортинг во 4. коло од Лигата на шампионите.

- Со оптималниот состав ние сме посилни, нема смисла тоа да се негира. Ни недостигаат многу неверојатни играчи, но нема да бараме изговори, не функционира така Сити. Пред неколку години Кевин де Брујне пропушти шест месеци, но ние ја освоивме титулата. Секогаш сме способни за ова, изјави Силва за сајтот на УЕФА.

Натпреварот Спортинг – Манчестер сити се игра вечер од 21 часот во Лисабон.

По три кола во елитното натпреварување Манчестер сити е на 3. место со седум бодови, Спортинг е на 8.место исто така со седум бода.

Сезимолошката опсерваторија повикува да се користат нејзините официјални информации

Сезимолошката опсерваторија повикува да се користат нејзините официјални информации за земјотреси.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ги повика медиумите во своите објави за случени и почувствувани земјотреси да ги користат исклучливо нејзините официјални информации бидејќи, како што наведува, „споделувањето невистинити и погрешни податоци може да предизвика општа паника на населението и тоа е казниво со закон“.

Опсервацијата реагира со допис до медиумите „поради зачестено ширење непроверени информации за случени и почувствувани земјотреси“.

Во реакцијата Сеизмолошката опсерваторија потсетува дека и со закон таа е единствена институција во Републиката задолжена и овластена да ја одржува сеизмолошката мрежа и да ги објавува податоците за сеизмичките појави, вклучувајќи го и известувањето на јавноста за почувствуваните земјотреси во државава.

-За навремено информирање на јавноста за случените и почувствувани земјотреси, Сеизмолошката опсерваторија испраќа известување до медиумите по електронска пошта, наведуваат од Опсерваторијата и додаваат дека медиумите може да ја контактираат институцијата за дополнителни информации.

Сеул соопшти дека Пјонгјанг лансирал неколку балистички ракети

Северна Кореја истрела повеќе балистички ракети со краток дострел кон Источното Море, познато и како Јапонско Море, соопшти денеска јужнокорејската војска.

Северна Кореја ги лансираше ракетите околу 7:30 часот (понеделник 22:30 по Гринич) од западната провинција Северна Хвангхае, објавија јужнокорејските медиуми, цитирајќи го Генералштабот во Сеул.

Генералштабот првично не го прецизираше бројот на лансирани проектили.

Канцеларијата на јапонскиот премиер исто така испрати предупредување за „сомнително лансирање балистичка ракета“.

Лансирањето доаѓа помалку од една недела откако Пјонгјанг тестираше, како што тврди, нов тип на интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) со „ултрамоќни офанзивни средства“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел. Таквите проектили можат да бидат опремени со нуклеарна боева глава.

Тензиите се зголемија на Корејскиот полуостров откако Пјонгјанг значително ги прошири ракетните тестови во изминатите две години, истовремено заострувајќи ја својата реторика против САД и Јужна Кореја.

Северна Кореја, исто така, ја зајакна својата воена соработка со Русија, при што САД проценуваат дека веќе има околу 12.000 севернокорејски војници во Русија.

притисни ентер