Здравиот црн дроб е еден од важните предуслови за добро здравје, а факт е дека со нездравиот начин на живот и употребата на разни лекови ја оптоваруваат оваа најголема жлезда во телото.
За да се обезбеди третман за обнова на црниот дроб, руските натуропати препорачуваат дводневна процедура за детоксикација базирана на црвен грејпфрут, маслиново масло и горчлива сол, која на овој важен орган ќе му помогне да се исчисти, но и ќе го ослободи жолчното кесе од насобраните камења.
Два дена без обврски
Методот е познат како ефикасен и безбеден, но не се препорачува за слаби и неухранети луѓе, деца и трудници, додека хроничните пациенти, како и оние со висок притисок, треба да се консултираат со лекар пред да го применат овој природен третман. На овој начин може да се ублажат, па дури и да излечат некои болести, меѓу кои алергиите, артритисот, хепатитисот, дијабетесот и одредени кардиоваскуларни заболувања.
Ако одлучите да си го дозволите овој третман за ревитализација на црниот дроб, погрижете се да имате два дена одмор бидејќи за време на третманот ќе одите често во тоалет, особено вториот ден. Доколку црниот дроб е премногу оптоварен со холестерол, потребно е постапката да ја повторите за 14 дена за да бидете сигурни дека целосно сте го исчистиле. Имајте на ум дека по процедурата е можна и очекувана блага дехидратација и замор, па затоа се препорачува одмор и зголемено внесување на течности. Се советува овој третман на база на горчлива сол, маслиново масло и црвен грејпфрут да се применува два пати годишно, но и во тој период да не земате никакви лекови, витамини или други додатоци.
Овошје за појадок, зеленчук за ручек
Дента, кога почнувате со постапката, се препорачува лесен појадок на база на овошје и житарки. Воздржете се од мрсна храна како масло, путер, сирење, павлака или млеко. За ручек, пригответе зеленчук и компир на пареа со малку сол и без маснотии. Погрижете се да пиете доволно вода во првиот дел од денот бидејќи после 14 часот не треба да јадете или пиете ништо. За најдобар ефект, важно е да ги следите упатствата за времето. Добар трик е да поставите аларм на телефонот што ќе ве потсетува кога е време за следниот чекор.
План за обнова на црниот дроб
14 часот - Започнете со подготовка на горчливата сол. Измешајте 50 грама од оваа супстанца, која можете да ја купите во аптеките, со 600 милилитри вода и мешајте додека кристалите сол не се растворат. Смесата со горчлива сол и вода поделете ја во четири дози и ставете ја во фрижидер бидејќи полесно ќе се пие.
18:00 часот – Испијте ја првата доза горчлива сол, по што можете да ја исплакнете устата или да испиете неколку голтки вода. Маслиновото масло и два помали или еден голем црвен грејпфрут оставете ги на собна температура.
20 часот – Испијте уште една доза горчлива сол.
21.30 - Завршете ги сите активности и подгответе се да одите на спиење.
21.45 - Направете напиток од грејпфрут и маслиново масло. Исцедете го грејпфрутот за да добиете 200 милилитри сок. Процедете, извадете ги семките и измешајте со 50 милилитри екстра девствено маслиново масло. Истурете ја смесата во сад со капак и добро измешајте ја да се изедначи.
22 часот - Додека стоите, полека испијте го напитокот од грејпфрут и маслиново масло во мали голтки. Овој чекор може да трае од пет до 15 минути. Потоа, легнете во кревет на грб со подигната глава на перница, или на левата страна. Важно е тоа да се направи веднаш за да не се блокира патот за излез на каменот од жолчката. Во следните 20 минути, бидете целосно мирни. Обидете се да лежите на левата страна колку што е можно повеќе во текот на ноќта и не станувајте од кревет освен ако е апсолутно неопходно.
6 часот – Испијте ја третата доза горчлива сол. Доколку чувствувате мачнина, помирисајте парче лимон, тоа би требало да го потисне нападот на гадење и нагонот за повраќање. Вратете се во креветот.
08:00 часот - Испијте ја последната доза горчлива сол и вратете се во кревет уште два часа.
Што после третманот?
Два часа откако ќе ја испиете последната доза растворена горчлива сол, можете да почнете да пиете вода и да јадете, а се препорачува првото нешто на менито да биде свежо цеден овошен сок. По половина час можете да јадете овошје по ваш избор, а еден час подоцна лесна храна како зеленчук на пареа.