САД ѝ воведуваат 500 нови санкции на Русија: Путин ова скапо ќе го плати

Американскиот претседател Џо Бајден најави повеќе од 500 нови санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина и смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во затвор.

Санкциите се насочени кон луѓе поврзани со затворањето на Навални и со руската воена машина, рече претседателот Џо Бајден, објави Политико.

Ограничувања за извозот ќе бидат воведени за речиси 100 компании или физички лица. ЕУ најави и санкции, на што Москва одговори со забрана за влез на претставници на ЕУ во Русија.

Не е јасно какво влијание ќе имаат санкциите врз руската економија. Претседателот Бајден рече дека ќе „обезбедат“ рускиот претседател Владимир Путин „да плати уште повисока цена за неговата агресија во странство и репресијата дома“.

Санкциите одбележуваат една недела откако Навални ненадејно почина во брутален затвор лоциран во Арктичкиот круг. Бајден рече дека „нема сомнеж“ дека рускиот претседател е одговорен за неговата смрт. Новите американски и европски санкции се објавени во пресрет на втората годишнина од целосната инвазија на Русија врз Украина.

„Пред две години тој се обиде да ја избрише Украина од мапата. Ако Путин не ја плати цената за оваа смрт и уништувањето, тој ќе продолжи“, рече Бајден. ЕУ, исто така, објави санкции против речиси 200 субјекти и поединци обвинети дека ѝ помагале на Русија да набави оружје или за вмешаност во киднапирање на украински деца, што Москва го негира.

Руското Министерство за надворешни работи објави дека, како одговор на санкциите, значително го прошириле списокот на функционери и политичари на ЕУ на кои им е забранет влез во Русија.

Уапсени 17 припадници на затворска полиција во Идризово

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираше утринава дека се уапсени 17 припадници на затворската полиција во КПУ Идризово. 

Акцијата ја спроведе МВР во координација со ОЈОГОКК , а доаѓа по претресите извршени во Идризово пред неколку дена.

Уапсените затворски полициајци веќе се спроведени во Кривичениот суд, а Обвинителството најави повеќе детали во текот на дејнот.

Милијардерот Бил Гејтс со нова девојка на црвениот тепих

Еден од најбогатите луѓе на светот, 68 годишниот милијардер Бил Гејтс се појави на доделувањето на наградите „Breakthrough“ во Лос Анџелес во друштво на својата девојка, 60-годишната Пола Херд . 

Пола е вдовица на поранешниот извршен директор на „Oracle“, Марк Херд.

Гејтс се разведе од сопругата Мелинда во мај 2021 година по 27 години брак, а разводот беше финализиран во август истата година. Бил и Пола само една година по разводотна милијардерот беа видени заедно а врската ја потврдија во 2023 година.

ЦУК: 23 пожари на отворено, два се уште се активни

Изминатото деноноќие евидентирани се 23 пожари на отворен простор, од кои два се уште се активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарот кој започна пред неколку дена кај село Ѓермо, Општина Тетово е се уште активен. Пожарот сега се наоѓа над село Селце на оддалечен и тешко пристапен терен, а гори букова шума, ливади и меѓни стебла и ниска вегетација, информираат од ЦУК.

Според последните информации добиени од одговорни лица од НП Шар Планина и ТППЕ Тетово пожарот е се уште активен и има тенденција да се шири. Вчера поради настапување на ноќта екипите во 19:10 часот се повлечени од терен, а со интервенција е продолжeно денеска во раните утрински часови.

-Регионалниот ЦУК Битола, известува дека пожарот кој беше активен над село Велушина на ден 13.04.2024 година во текот на ноќта беше изгаснат, но на ден 14.04.2024 година дошло до негово повторно активирање и во моментот со пожарот е зафатен папрат, смрека и шума над село Остерец на Баба Планина. Во текот на денот во негово гаснење интервенирале четири лица од ЈП Национални шуми-подружница Кајмакчалан од Битола и четворица пожарникари со две противпожарни возила кои поради настапување на ноќ се повлечени од терен. Според последните информации пожарот е на непристапен терен и горат суви лисја и гранки. Нема опасност по населени места и НП Пелистер. За настанот се известени релевантните субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), се наведува во соопштението.

Во ЦУК имало вкупно 1 973 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 55,45 отсто, а 44,55 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 55,78 отсто, кон итната медицинска помош 30,35 отсто, а кон пожарникарите 10,40 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и да редовно да се чистат локалните одводни канали.

притисни ентер