Салма Хајек ги воодушеви фановите со снимки во бикини: Ти не старееш (ФОТО)

Салма Хајек на Инстаграм објави неколку фотографии во костим за капење.

„Го чекам август“, напиша претходно 57-годишната актерка во описот на објавата.

Нејзината објава предизвика многу коментари. Следбениците ѝ напишале дека изгледа неверојатно.

„57 години и се уште една од најубавите жени на планетата“, „Изгледа не старееш“, „Кралица“, „Бомба“, „Како сирена“, „Ти си убава“, продолжија коментарите.

Неодамна Салма ги воодушеви своите следбеници со својата фризура. На овогодинешниот Вимблдон таа гордо покажа неколку сиви прамени. Магазинот Vogue тогаш пишуваше за неа и нагласи дека „прифаќањето на седата коса не може да биде поубаво“.

Салма Хајек многумина ја сметаат за една од најубавите актерки во светот. Таа еднаш зборуваше за тоа како не можела да добие никакви улоги во комедија на почетокот на нејзината кариера затоа што важела за сексапил во холивудските кругови и „не ѝ било дозволено да биде смешна“.

„Цел живот сакав да се занимавам со комедија, а луѓето не ми дозволуваа. Ми рекоа: „Секси си, па не можеш да бидеш смешна. Не само што не требаше да бидете паметни, туку не требаше да бидете смешни во деведесеттите“, изјави таа во интервју за GQ.

Инаку, Салма Хајек е 15 години во среќен брак со Франсоа-Анри Пино.

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

Во голем број училишта во Србија денеска нема настава или е скратена, поради протести на просветните работници организирани на плоштадите и пред училишните управи .

Во голем број училишта во Србија денеска нема настава или е скратена, поради протести на просветните работници организирани на плоштадите и пред училишните управи откако репрезентативните синдикати на просветните работници не го прифатија предлогот на Владата за зголемување на платите од јануари за 12 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.

Четири репрезентативни синдикати во Србија - Синдикатот на просветните работници на Србија, Синдикатот на образованието на Србија, ГСПРС „Независност“ и Синдикатот на просветните работници на Србија бараат Владата да ја изедначи почетната плата на дипломираните наставниците со просечната плата во Србија, да им исплати новогодишен бонус и итно да донесат измени на законот со кои ќе се зголеми заштитата на наставниот кадар од се почестите напади од ученици и родители.

Претседателот на Форумот на средните стручни училишта, Милорад Антиќ, за новинарите изјави дека просветните работници само бараат да имаат иста просечна плата како и другите вработени во земјата и да им се гарантира законски безбедноста во образовните институции каде што работат. Просветарите го изразија своето незадоволство и од досегашните преговори со претставници на Владата за зголемување на платите.

Форумот на белградските средни училишта во соопштението наведува дека Главниот одбор на таа организација одлучил да го поддржи штрајкот не само затоа што се незадоволни од решенијата што ги нуди владата, туку и поради лицемерниот обид на претставници на министерствата за финансии и образование за поделба на вработените на наставен и ненаставен кадар.

Просветните работници порачаа дека доколку не им се исполнат барањата на 2 октомври, повторно ќе штрајкуваат.

-Ова е нашиот крик, доста е, изјави Снежана Романдиќ од Синдикатот на просветните работници на Србија за Н1 по протестот во Белград.

Романдиќ рече дека според проценките на синдикатот во Белград, во штрајкот учествувале околу 70 отсто од училиштата.

Ловрен потпиша за грчки ПАОК

Хрватскиот ветеран Дејан Ловрен е нов фудбалер на грчкиот шампион ПАОК.

Ловрен се пресели во солунскиот клуб без обесштетување, откако постигна договор со француски Олимпик Лион за предвремен раскин на соработката.

Претходно во кариерата, 35-годишниот Ловрен настапуваше Ливерпул, Саутемптон, Динамо Загреб, Интер Запрешиќ и Зенит од Санкт Петербург.

За хрватската репрезентација Ловрен одигра 78 натпревари и постигна пет голови.

Лозари бараат сушата да се прогласи за елементарна непогода

Лозари од Тиквешко кои имаат лозови насади што не се под систем за наводнување, бараат сушата што го зафати оваа година регионот да се прогласи за елементарна непогода и да добијат отштета за намалениот род во лозјата.

Во изјава за МИА, рекоа дека сушата им земала данок од родот, во висина од педесетина до стотина проценти, зависно од сортите на грозје и местоположбата на лозовите насади. Според нив, најголеми последици од климатските промени има во месностите Овчка Река и Белград, како и атарите на селата Бегниште, Ресава и Дреново.

Кавадарчанецот Диме Соколов е само еден од оние кои претрпеле штети од сушниот период.

- Има многу производители на грозје кои нема да влезат за берење грозје во лозовите плантажи, што се вели, бидејќи од гроздовите останаа само сувите дршки. Гроздовите зрна се целосно испиени од сушата. Имам 33 декари под лозје, од кои дури 27 на суво. Штетите во моите ниви се движат од околу 50 до близу 70 проценти, подвлече Соколов.

Тој се пожали дека уште пред околу 25 години им било ветувано дека во месностите надалеку познати по убавото грозје, Овчка Река и Белград, ќе се донесе вода за наводнување, а многу од лозаропроизводителите верувале во тие ветувања и подигнале кредити за подигнување на лозови насади.

- Многумина од нас ризикуваа, се задолжуваа со кредити, а вода не добивме, додаде тој, апелирајќи да се слушне нивниот глас и конечно да се размислува да се донесе вода за наводнување и таму, каде што засега нема можност за наводнување на земјоделски површини, вели тој.

Дека лозари се пожалиле оти сушата предвреме им „обрала" дел од родот, за МИА потврди и Ѓорѓи Ајтов, советник во подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Неготино.

- Има и такви кои барајќи спас од сушата, инвестираа во купување мали цистерни, па кога имаше потреба од наводнување, ги полнеа цистерните со вода од каналите за наводнување, па носеа вода до лозјата. Мачно е, ама тоа се обиди да се спаси родот. Инаку во најсушните периоди и енормни високи температури, штети има дури и кај лозовите насади под систем за наводнување, кај грозјето директно изложено на сонце, иако значително помалку, отколку кај лозјата на суво, додаде Ајтов.

Јован Златевски, претседател на Сојузот на здруженија на лозари со седиште во Кавадарци и на потсекторската група за лозарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во изјава за МИА рече дека ќе свика состанок на потсекторската група со точка на дневен ред, прогласување елементарна непогода од суша и обесштетување поради намален род на грозјето.

Златевски рече дека евидентно е намален приносот во лозјата поради сушата, но, додаде дека точното потфрлување во родот ќе се знае откако ќе се направат проценките од терен.

- Ќе барам на состанокот да се расправа и за уште еден проблем со кој се соочија лозарите оваа гроздоберска сезона. Имено, иако одделни откупни пунктови на откупните белешки им пишуваа точна шеќерност на откупеното грозје, при исплатата на парите тоа не го земаа во предвид, па им даваа на лозаропроизводителите загарантирани минимални цени по килограм грозје. Ќе бараме од надлежните да се интервенира и тие откупувачи да плаќаат според шеќерни единици, како што е според закон, истакна Златевски.

притисни ентер