Самка Ибраимовски: Не сум му се заканил на никого

Не сум му се заканил на никого, зошто Уставен суд своја одлука со иста иницијатива повторно да ја преиспитува.

Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) Самка Ибраимоски денеска одржа прес-конференција на која се осврна на постапувањето на Уставниот суд кој пред неколку дена поведе нова постапка за член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигациските односи.

Според Ибраимовски, главниот проблем и прашање кое јавноста треба да го постави е како е можно еднаш Уставниот суд да отфрли иницијатива за преиспитување на законитоста и уставноста на измените на Законот за облигациски односи, а потоа истата своја одлука со иста иницијатива повторно да ја преиспитува.

- Најголемата лакрдија во оваа игра на Уставниот суд е тоа што при првото отфрлање на иницијативата беше детално образложено и појаснето зошто истата се отфрла, односно беше наведено дека законот се однесува за постапки кои се во тек и не се завршени и со вакво законско решение не се врши дискриминација ниту се кршат уставните начела. Тоа го потврди и Венецијанската комисија. Сега повторно на исти околности, Уставниот суд ја преиспитува сопствената одлука. Дали со ваквото постапување на највисокиот суд во државата, односно судот кој е чувар на Уставот, а со тоа и на супрематните вредности на едно општество, граѓаните ќе чувствуваат правна сигурност или пак ќе се создаде правна конфузија? Односно атомска бомба за граѓаните. Дали со ваквото постапување Уставниот суд се става на позиција на Собрание, на позиција на Влада, и како што се менуваат Уставните судии, така и ќе се менуваат стратегиите на судот, па ќе се менуваат закони и слично, истакна Ибраимовски.

Според него, Уставниот суд треба да поведе сметка за состојбата на народот, а не на одредени групи на интерес.

- Сите мои реакции овој изминат период се токму поради гласините дека големите бизнис и банкарски олигарси вршат притисок за овие измени да не профункционираат, заради тоа што директно засегаат во нивниот интерес, а за сметка на граѓаните. Единствено гласот на народот е оној кој треба да ги опомене сите институции, па дури и Уставниот суд дека тука се за народот, токму заради тоа гласно и јавно зборувам овој период на оваа тема. Зошто за ургентно за важечки уставен закон, поставувам прашања до уставните судии, или сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба и ќе го упропастите сопствениот македонски народ, односно 200 илјади блокирани сметки. Ќе има проблеми нормално ќе останат луѓе без куќи, без плацови, без станови и ќе живеат под шатори и приколки. Затоа уште еднаш зошто ургентно за еден важечки закон кој веќе еднаш е одлучено и дел од судиите потврдија дека дел од судиите е разгледан овој закон и не треба повторно да се разгледува, рече Ибраимоски.

На новинарско прашање дали е точно дека се заканувал на уставните судии, за што пишуваа одредени медиуми, Ибраимовски посочи дека бил повикан во полиција, но тоа било за прашање поставено на социјалната мрежа Фејсбук и дека не се заканил на никого.

- Јас сум поставил само едно прашање - што ако настанат убиства? Сум го пренел гласот на народот, што ми пишуваат мене, во мојот инбокс, каде кажуваат дека: „ќе земам пиштол“ и дека: „ќе отепам некого“ или „јас ќе се отепам“. Тоа е мое едно поставено прашање, кој ќе одговара за настанати убиства ако се случат, ништо посебно закани сум имал кон судиите. Јас лично не сум се заканил нити на Ана Павлова Данева, нити на претседателот на судот. Претседателот на судот, гласаше во првиот состав, кога се одлучуваше за овој закон. Сега во второто прегласување тој гласаше против својата самостојна одлука. Дали нешто не е во ред и дали има индиции тоа треба да се позанимава јавниот обвинител затоа што овој закон е спас за народот што не се почитува веќе една година и има правосилни пресуди добиени што не ги почитуваат извршителите. Ова е една голема игра меѓу извршителите, олигарсите, судиите, истакна Ибраимоски.

Минатата 2023 година со измената на законот за облигациски односи се регулира висината на казнената камата и висината на трошоците кои треба да ги платат луѓето за заостанати долгови, што беше оценето од Ибраимоски како крај на огромните камати.

Разбеснет кит скока врз бротче и ги катапултира рибарите - исплашен тинејџер снимал (ВИДЕО)

Застрашувачката снимка е снимена на брегот на Њу Хемпшир, кога рибарски брод бил на удар на разбеснет грбав кит.

Двајца рибари се катапултирале во морето откако монструозното животно „скокнало“ на пловилото! Сцената ја забележале млади луѓе на брод, а еден од нив имал камера.

Бродот плутал некое време, а потоа почнал да тоне. Сепак, бил извлечен на брегот со акција на другите рибари.

Според извештаите, за време на инцидентот немало повредени, пишува Дејли Мејл.

Корисниците на социјалните мрежи беа шокирани од глетката, особено затоа што грбавите китови - за разлика од орките, ретко напаѓаат бродови.

„Ова е неверојатно и не е случајно“, напишало едно лице, додека друго додаде: „Целосно луда сцена“.

Експертите за морски животни веруваат дека китот е стар две години и претходно бил забележан околу границата на Мејн и Њу Хемпшир.

Останува нејасно што го поттикнало да го нападне рибарскиот брод.

Мистеризона смрт: Излегла на вечера со пријателите, се разболела и починала по два дена

Сицилијанка ненадејно починала за време на викендоv, откако излегла на вечера со пријателите.

Официјалните лица наредија обдукција за да се утврдат причините за смртта, објави РАИ.

Џулијана Фарачи (40) од областа Месина на Сицилија, во петокот вечерта излегла со пријателите на вечера. Првите симптоми на болеста се појавиле во саботата попладне.

Џулијана се пожалила на треска и повраќање, а бидејќи состојбата ѝ се влошила во неделата, повикала итна помош и лекарите направиле електрокардиограм. Следното утро била пронајдена без знаци на живот.

Џулијана починала во сон, а нејзиното тело е пренесено на обдукција.

Заменик-обвинителот Андреа Аполонио отвори истрага за случајот, а сестрата на Џулијана, придружувана од адвокатот Салваторе Манкузо, отиде во полициска станица да поднесе пријава и да побара обдукција за да се разјаснат причините за смртта.

Според адвокатот, Џулијана за време на вечерата со пријателите не јадела суши или сирова риба, со што ги демантираше натписите кои кружеа во некои медиуми.

„Тоа што некои весници го пишуваат не е точно, самоволно претпоставувајќи ја можната причина за труење со храна и смртта како последица. Ги чекаме резултатите од обдукцијата за да добиеме медицинско-правни појаснувања за причините за оваа трагична и прерана смрт“, вели адвокатот.

Според него, ниту една од нејзините пријатели со кои вечерала не се разболела.

Меѓу жителите на Санта Агата ди Милитело, каде што живеела Џулијана, владее шок и тага. Никому не му е јасно како дошло до оваа мистериозна смрт, додека истрагата продолжува.

Хали Бери позира топлес со мачки: Засекогаш останува Жена-мачка (ФОТО)

Актерката Хали Бери (57) е активна на својот Инстаграм профил.

Овој пат со објава покажа колку е горда на себе и улогата која ја одигра во филмот Catwoman од 2004 година.

„Денес се навршуваат 20 години откако ја имав честа да му дадам живот на овој легендарен лик. Секогаш ќе ја чувам во моето срце и засекогаш ќе бидам Patience Phillips, или Catwoman “, напишала Хали заедно со фотографиите на кои позира во гаќички со маска на лицето. Градите ги покрила со своите миленици, мачките кои неодамна ги посвоила.

„Ова е најжешката жена досега“, „Безвременска убавица“, „Најдоброто од најдобрите“, „Подготвени сме за продолжение“, беа само дел од коментарите на нејзините фанови.

Пред неколку недели објави дека мачките со кои сега позира се викаат Бутс и Коко и дека ги пронашла заедно со уште две мачиња и нивната мајка во својата градина. "Ја стерилизирав нивната мајка и ја пуштив назад во мојата градина и сега е наша! Ги посвоив другите две бебиња што ги најдовме, а овие две малечки сега се нашите нови љубови! Секогаш имаме полна куќа", напишала Хали.

притисни ентер