СДСМ: Наместо аматерски скечеви пратениците од ДПМНЕ да ги вратат дипломатските пасоши

Наместо аматерски скечеви пратениците од ДПМНЕ да ги вратат дипломатските пасоши со новото уставно име.

Додека ДПМНЕ сее лаги и ги манипулира граѓаните, нивните пратеници со дипломатски пасош со новото уставно име им се посмеваат на граѓаните.

Токму оние што прават шоу по границите, како пратеникот Миле Лефков од ДПМНЕ имаат дипломатски пасош со новото уставно име, изваден пред нешто повеќе од еден месец.

Антонијо Милошоски исто така има дипломатски пасош со новото уставно име, Северна Македонија и многу други пратеници од ДПМНЕ.

Почитувани,

ДПМНЕ ги лаже граѓаните и создава уште поголем проблем со извадањето нови пасоши.

Од една страна нивниот министер за внатрешни работи во техничката Влада целосно го заглавува процесот со погрешни одлуки и чекори.

Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши го укина вадењето пасош без закажување.

Тоа го пролонгираше целиот процес со месеци. Граѓаните со денови не можат да закажат термин, а оние што се сликале не можат да го добијат пасошите со недели.

Од друга страна ДПМНЕ ги лаже граѓаните дека со законско решение може да се сменат обврски од меѓународен договор.

Така, ДПМНЕ создава уште поголем проблем за граѓаните, пасошите да им важат само дома, кадешто не им требаат а да не важат во други држави, каде што им требаат.

ДПМНЕ сака само да се прекрши Преспанскиот договор а граѓаните и натаму да ги враќаат од граници, бидејќи законот ќе важи само во Македонија.

Така што, наместо да се потсмеваат со граѓаните преку аматерски и неумешни счекеви на границите, пратениците на ДПМНЕ нека ги вратат дипломатските пасоши и нека го повикаат нивниот министер да си ја работи работата.

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

СДСМ

Вучиќ: Формирање на владата на Србија за 10 до 15 денови

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Владата на Србија треба да се избере во следните 10 до 15 дена.

Тој за Радио телевизија на Србија (РТС) изјави дека би сакал Велигденските празници да се прославуваат со новата влада, пренесе Бета.

Тој додаде дека во неа ќе има и нови министри, како и дел од оние кои веќе биле, додавајќи дека е задоволен од работата на претходната влада.

Вучиќ, зборувајќи за набавката на авионите Рафал, рече дека тие се исклучително скапи, дека малку земји можат да си ги дозволат.

Тој исто така додаде дека медиумите во регионот пишуваат негативно за таа набавка и дека се наведува дека Србија ја нарушува стабилноста во регионот со набавка на авионите, а таков текст не бил објавен кога „Хрватите ги набавиле“.

Западни аналитичари: Иранските напади ќе ја зголемат цената на нафтата, но не за долго

Иранскиот напад врз Израел внесе нова вознемиреност на нафтените пазари кои веќе беа зафатени од регионалните тензии, но аналитичари нагласуваат дека не е јасно дали е неизбежен траен скок на цените.

Цените на нафтата веќе се зголемија како резултат на иранскиот напад, при што референтната северноморска сурова нафта брент се затвори во петокот на цена од 90,45 долари за барел.

Цените се очекува дополнително да се зголемат по денешното повторно отворање на пазарите, можеби до 95 долари за барел, иако е прерано да се каже дали тие ќе останат покачени, рече кувајтскиот експерт за нафта Камел ал-Харами во изјава за западни медиуми.

- Сликата не е јасна за иднината. Не знаеме дали и како Израел ќе одговори и дали Иран исто така ќе прибегне кон запирање на испораките на нафта како одговор, рече тој.

Исламската република е седми најголем производител на сурова нафта во светот во 2022 година и има трети по големина докажани резерви на нафта зад Венецуела и Саудиска Арабија, според Управата за енергетски информации на САД.

Иран, исто така, има низа начини да предизвика хаос на пазарите, вклучително и попречување на поморскиот сообраќај преку Ормутскиот теснец и притисок врз земји како Ирак да го намалат снабдувањето, рече Харами.

„Има неколку сценарија... Стравот е дека Иран ќе престане да извезува нафта или ќе ги нападне нафтените постројки“, рече Харами.

Последиците од шестмесечната војна меѓу Израел и Хамас во Газа -- заедно со другите геополитички жаришта како Украина -- веќе ги зголемија цените на нафтата во последниве месеци.

Од ноември, бунтовниците Хути во Јемен спроведуваат кампања на напади врз бродови во Црвеното Море.

Тие велат дека ова е во знак на солидарност со Палестинците во Газа, каде што во израелските воени операции загинаа најмалку 33.729 луѓе, главно жени и деца, според Министерството за здравство на територијата управувано од Хамас.

Во јануари, американските и британските сили започнаа одмазднички напади против Хутите, што ги влоши стравувањата за протокот на нафта од производителите во Заливот.

-Широко распространетите очекувања дека Иран ќе го таргетира Израел како одговор на нападот на Дамаск на 1 април врз неговиот конзулат веќе се одговорни за дел од порастот на цената на нафтата забележан во последните недели, што значи дека секое понатамошно влијание ќе биде „ограничено и краткотрајно“, изјави американскиот експертот за цени на нафтата Анас ал-Хаџи.

Оле Хансен, шеф на стоковната стратегија во Saxo Bank, исто така рече дека цените на суровата нафта „веќе вклучувале премија за ризик“ пред Иран да нападне со ракети и беспилотни летала.

Понатамошните зголемувања на цените речиси исклучиво ќе зависат „од случувањата во близина на Иран околу Ормутскиот теснец“ кој го поврзува Заливот со Индискиот Океан, рече Хансен.

Иранските државни медиуми во саботата објавија дека иранската револуционерна гарда запленила контејнерски брод „поврзан со ционистичкиот режим (Израел)“ во близина на теснецот, низ кој поминува повеќе од една петтина од светската потрошувачка на нафта секоја година, според американската Управа за енергетски информации.

Сепак, досега немаше големо нарушување во сообраќајот и снабдувањето со нафта, факт на кој аналитичарите укажаа во објаснувањето зошто мислеа дека дури и ако цените скокнат, тие нема да останат на тоа ниво долго време.

„Стравовите од зголемени тензии на Блискиот Исток можат да направат цената на нафтата да порасне на краток рок“, рече Елен Валд, енергетски аналитичар и автор на историјата на саудискиот нафтен гигант Арамко.

„Но, доколку не се случи нешто што ќе го запре протокот на нафта од Персискиот Залив на значителна временска рамка, што е многу малку веројатно, тоа нема да биде економски погубно“.

Сценаријата што би можеле да доведат до долгорочно зголемување на цената - како што е израелски напад врз инфраструктурата за производство или извоз на нафта во Иран што резултира со големи прекини - остануваат „исклучително неверојатно“, рече таа.

Продолжува потрагата по телото на малата Данка, полицијата пребарува меѓу Злот и Шумраковц

Српската полиција и спасувачките служби се уште трагаат по телото на двегодишната Данка Илиќ од Бор. 

Се чека сослушувањето на мајката на еден од осомничените С.Д.

Таа е повикана како сведок да каже се што знае за овој случај, но, со оглед на тоа што има статус на привилегиран сведок, може да одбие да сведочи.

Нејзиниот сопруг Р.Д. е осомничен дека му помагал на Д.Д. да го сокрие телото на двегодишното девојче од Бор .

Полицијата го пребарува теренот од селото Злот, кон селото Шумраковац, каде има неколку депонии и цистерни со вода. Еден од осомничените за убиството на сослушувањето признал дека го преселил телото, што ја отежнува работата на полицијата.

Припадниците на Управата за криминалистичка полиција (УКП) од Белград и Бор интензивно работат на пронаоѓање на телото на малата Данка и утврдување на сите факти и околности поврзани со овој случај.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март на семејниот имот.

притисни ентер