Се подготвува третиот најголем трансфер во историјата на фудбалот

Португалскиот репрезенативец, 24 годишниот Рафа Леао (24), одличното лево крило на Милан, би можел да стане третиот најскап фудбалер во историјата.

Ал Хилал, шампионот на Саудиска Арабија сака да го доведе и е подготвен да плати ослободителна клаузула од 175 милиони евра.

Португалските медиуми пишуваат дека приказната е сериозна бидејќи таткото на Леао, кој го застапува, лета за Арабија за таму да преговара со клубот кој по секоја цена го сака неговиот син.

Доколку Ал Хилал би ја понудил споменатата сума, Милан би морал да го пушти Леао. Неговиот трансфер би бил трет најскап во историјата на фудбалот, зад Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра и Мбапе од Монако во ПСЖ за 180 милиони евра.

Леао беше жалба и на Реал, Барселона и Челзи, но го продолжи договорот со Милан, кој беше уверен дека го заштитил со висока излезна клаузула. Да за европските клубови, но не и за саудиските клубови. Леао би дошол таму во клуб каде заедно со Нејмар главни играчи се Португалците и Србите. Тренер е Хорхе Жесус, а играч за врска Рубен Невес. Со нив се Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Леао пред пет години од Лил се пресели во Милан со отштета од 49,5 милиони евра. Оттогаш, тој постигна 57 и постави 50 гола на 209 натпревари за Милан.

„Франција во светлина“ – спектакл на „Бела ноќ“ во Скопје

Да патуваме и сонуваме и секој да ја отсонува својата приказна. Тоа е пораката која на 20-то издание на „Белата ноќ“ во Скопје ја испрати француската театарска трупа „Кидам“.

Пеформансот насловен како „Сонот на Ербер“ предизвика големо внимание кај јавноста, а започна од Музејот на Град Скопје.

Пет луѓе, трансформирани во џиновски фигури продефилираа по улица Македонија, предизвикувајќи насмевки кај присутните, а најмногу кај децата

Потоа, тие кратко време се задржаа на плоштадот „Македонија“, и прегрнувајќи ги уличните канделабри. Веднаш после тоа, се упатија кон плоштадот „Карпошово востание“ преку Камениот мост.

Таму, следуваше главниот магичен ритуал и преку музика, фигурите овозможија една ѕвезда да се издигне на небото.

Директорот на Францускиот институт во Скопје, Иго Бештел не го криеше задоволството што „Кидам“ се претставиле пред скопската публика.

Голем дел од присутните со насмевка го проследија перформансот. Велат, не очекувале ваков ритуал и посакуваат вакви настани да има што почесто во земјава во иднина.

-Убаво, убаво. Навистина интересна точка. Не очекував дека вакво нешто ќе се случи тука. Прекрасно изненадување, морам да кажам.

Инаку, француската театарска група „Кидам“ е основана во 1994 година, а имаат повеќе од 150 настапи годишно во повеќе земји. Во групата членуваат 27 уметници и техничари.

Спектаклот „Сонот на Ербер“ беше еден од дваесетина настани што синоќа се одржуваа на повеќе локации во Скопје во рамките на „Бела ноќ“.

Инаку, настанот го организираше Францускиот институт во Скопје по повод 50 години од своето постоење.

Изет Меџити даде отчет за сто дена Влада

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити денеска даде отчет за сработеното во стоте дена Влада. 

На новинарско прашање кажа дека борбата против загадениот воздух е приоритет број еден.

Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени предмети

Кавадарчанка пријавила дека нејзиниот малолетен син бил нападнат во угостителски објект со стаклени и други предмети, информираа денеска од СВР - Велес.  

- Утринава во 04.10 часот во ОВР - Кавадарци, 45-годишна кавадарчанка пријавила дека во угостителски објект, нејзиниот малолетен син бил нападнат со стаклени и други предмети од И.С. и други лица меѓу кои биле И.И., Ф.П., С.Л, Т.П. и Д.М. Исто така, во 04.30 часот во ОВР - Кавадарци, кавадарчанецот П.Т., на возраст од 22 години, пријавил дека додека бил во угостителскиот објект, бил удрен со стаклен предмет од И.С, соопштија од СВР - Велес.

Оттаму појаснија дека претходно, во времето од 01.45 до 02.00 часот во градот, полициски службеници ги привеле О.П.(20) и И.С.(21), двајцата од Кавадарци, како и Ќ.П.(25) и Д.К.(25), двајцата од Неготино, затоа што пред угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниот ред и мир. Додека полициските службеници преземале службени дејствија, малолетник од Неготино ги попречувал, по што малолетникот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

- Се преземаат мерки за целосно расчистување на настаните, додадоа од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму информираа исто така дека во 04.00 часот во ОВР - Кавадарци, 20-годишна девојка од Кавадаречко пријавила дека во близина на спортска сала „Јасмин“ во градот, по расправија со нејзиниот поранешен партнер К.К.(19) од неготинско село, настанала физичка пресметка. Од страна на К.К. истиот настан бил пријавен и во ОВР - Неготино. По документирање на настанот, ќе бил поднесен соодветен поднесок.

- Вчера, пак, во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода М.Т.(31) од кавадаречко село, затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 52-годишна мајка. М.Т. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, соопштија од СВР - Велес.

По документирање на настанот, против него ќе била поднесена соодветна пријава.

притисни ентер