Шест држави на НАТО ќе градат „ѕид од дронови“ кон Русија

Шест земји од НАТО планираат да развијат „ѕид од дронови“ за одбрана на границите со Русија.

Министрите од Финска, Норвешка, Полска и трите балтички земји во текот на викендот изјавија дека разговарале за создавање на координиран систем за беспилотни летала долж нивните граници со Русија за да „спречат шверц и понатамошни провокации“, пишува Фајненшл тајмс.

„Ова е сосема нова работа - ѕид од дронови што се протега од Норвешка до Полска - и целта е да се користат беспилотни летала и други технологии за заштита на нашите граници од провокации од непријателски земји и да се спречи шверцот“, изјави литванската министерка за внатрешни работи Агне Билотаите за Baltic News. Сите шест земји се соочија со, како што велат, таканаречените хибридни напади од Русија во последните месеци и години, вклучително и испраќање баратели на азил од Африка и Блискиот Исток преку нивните граници.

Мари Рантанен, министерката за внатрешни работи на Финска, за јавната телевизија Yle изјави дека планот „ќе се подобри со текот на времето“ и може да помогне во одбраната на 1.340 километри долгата граница на нордиската земја со Русија.

Детали за тоа кога и како ќе функционира „ѕидот од дронови“ не се дадени. Билотаите рече дека секоја земја треба да ја заврши својата „домашна задача“ и предложи да се користат и средствата од ЕУ.

Земјите од првата линија на НАТО ги засилија предупредувањата за намерите на Русија по инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година. Руското Министерство за одбрана објави нацрт-предлог на својата веб-страница минатата недела за еднострано проширување на своите поморски граници со Литванија и Финска, а потоа го избриша планот.

Еден ден подоцна, руските граничари отстранија 25 пловки од естонските води што ја означуваат границата, што предизвика бес во Талин.

Војната на Русија против Украина ја истакна важноста на беспилотните летала во војувањето, при што двете страни ги користат во нападите. Неколку земји на НАТО одговорија со формирање или зајакнување на сопствени единици за борбени дронови.

Шесте земји на НАТО, исто така, разговарале за плановите за евакуација на голем дел од нивното население во случај на конфликт. Финските официјални лица, на пример, изразија изненадување што Украина држи цивили на или во близина на линијата на фронтот, велејќи дека плановите за одбрана на нордиската земја вклучуваат евакуација на пограничното население.

Видео: Унгарската фудбалска федерација се огласи за тешко повредениот репрезентативец

Фудбалскиот сојуз на Унгарија ја објави состојбата на Барнабас Варга, кој се здоби со тешка повреда на натпреварот против Шкотска на ЕУРО 2024.

Варга се повреди при судир со голманот на Шкотска Ангус Ган во 68. минута од натпреварот, а по тој судир Варга остана без свест.

Нему му била укажана помош на неколку минути, по што бил изнесен на носилки, опкружен со пехарници.

„Состојбата на Барнабас Варга е стабилна. Фудбалерот на Ференцварош моментално се наоѓа во болница во Штутгарт. Доколку има некаква вест за неговиот статус, веднаш ќе ве известиме“, соопштија од Унгарската фудбалска федерација.

Унгарија инаку на крајот го доби мечот од 3 коло во групата А и ги задржа шансите за пламсна во следната рунда. Шкотска е победена со голот на Кевин Чобот во 100. минута од натпреварот.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на терен со екипите за расчистување на штетите по невремето

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и екипите за расчистување на теренот по големото невреме што го зафати Скопје, а не ја поштеди ни општина Кисела Вода, вечерва активно работат на санација на штетите.

Како што истакна, немало премногу повици за интервенција, но секаде каде што е побарана помош, се реагира веднаш. Ги извести граѓаните дека и тој и екипите стануваат на терен и дека сите кои имаат проблем можат да го пријават на телефонските броеви 071391250 и 070259942.

-Драчево и околината на Кисела Вода денес ги зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од град кои направија штета. Не голема, но доволно за интервенција. За среќа, имавме многу малку повици за поплавени домови и неколку паднати дрвја, каде што веднаш интервениравме!

За жал, не можеме да ги спречиме временските непогоди но можеме да бидеме рака под рака со граѓаните и заедно да го поминеме ова. Да ги санираме штетите и да делуваме таму каде што е најпотребно. Заедно со екипите сме на терен.

Сите служби се на располагање, вклучувајќи ме и мене и ве повикувам сите кои имате било каков проблем и потреба да се јавите на:

071391250 и 070259942-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Христијан Мицкоски - претседател на Владата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој ќе ја предводи новата Влада, е роден во Скопје на 29.09.1977 година.

Мицкоски е на чело на ВМРО-ДПМНЕ од декември 2017 година.

Дипломирал, магистрирал и докторирал на Машински факултет во Скопје

Во периодот 2016-2017 година бил генерален директор и претседател на УО на АД Електрани на Македонија, а од 2015 до 2017 бил советник на Претседателот на Владата на Република Македонија за енергетика.

Од 2019 година е редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје, а претходно бил вонреден професор, доцент, асистент и помлад асистент. Во 2021 и 2012 година работел во ФОНКО клима како главен и одговорен проектант на термотехнички инсталации.

Има објавено 35 меѓународни публикации и научни трудови, како и десетина домашни, автор е на триесеттина стручни апликации, а учествувал и во неклку меѓународни, развојни и научно-истражувачки проекти.

Добитник е шест меѓународни домашни признанија и награди.

Од компјутерски вештини познава AutoCAD, MATLAB/Simulink, Microsoft Visual C++.

Мајчин јазик му е македонскиот, а англискиот го познава одлично, а италијанскиот добро.

притисни ентер