Шикорски: ЕУ треба да им ја ускрати помошта на украинските бегалци

- Шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски денеска апелираше до членките на Европската унија да престанат да плаќаат социјална помош за украинските бегалци, особено за мажите кои се кријат од регрутација и мобилизација во Украина.

- Не треба да има финансиска корист за избегнување на регрутирањето во Украина. Социјалната помош за избегнување служење на татковината не е човеково право, изјави Шикорски за Полското радио.

Тој смета дека укинувањето на социјалната помош за Украинците, бегалци кои се доволно стари за воен рок, ќе биде корисно и за ЕУ ​​и за Украина.

- Тоа е практична идеја која би им помогнала на западноевропските јавни финансии, политички би им помогнала на традиционалните партии во борбата со радикалната десница и би ѝ помогнала и на Украина, рече Шикорски.

Многу украински бегалци од мај годинава останаа без валидни документи во земјите во кои побараа засолниште од руските напади, бидејќи властите во Киев инсистираат да ја регулираат воената обврска и не им издаваат нови документи додека не го сторат тоа.

Меѓутоа, повеќето од земјите што ги примија одбиваат активно да и помогнат на Украина да ги мобилизира бегалците и продолжуваат да им даваат привремено засолниште и да им исплаќаат социјална помош на сите оние кои имаат право на тоа./МИА

Квалификации за ЕП 2025: Македонија до 21 ја победи Молдавија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година оствари победа со 2:1 против своите врсници од Молдавија во рамките на претпоследниот натпревар од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП кое ќе се одржи во Словачка 2025 година.

Ова беше четвртата победа во овие квалификации за нашите момци.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски денеска ја оправдаа фаворитската улога и сосема заслужено славеа триумф над Молдавија.

Бехар Фета отвори во 11. минута, додека Беким Камбери во 90. минута ја зголеми предноста на Македонија.

Противникот во следниот напад успеа само да постигне почесен погодок за намалување на нашата предност.

Во последното коло од квалификациите, нашата млада репрезентација на 15. октомври ќе игра против Грузија на гостински терен./МИА

Мицотакис и фон дер Лајен разговарале за миграцијата и конкурентноста на ЕУ

 Миграцијата и конкурентноста, биле во фокусот на средбата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, непосредно пред почетокот на Самитот МЕД9 на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

Миграцијата и конкурентноста, биле во фокусот на средбата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, непосредно пред почетокот на Самитот МЕД9 на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

Кипарскиот град Пафос денеска е домаќин на лидерите на деветте медитерански земји членки на ЕУ, кои се дел од групата МЕД9, а на состанокот ќе учествуваат и претседателката на ЕК и кралот на Јордан.

Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис и фон дер Лајен на нивната средба разговарале „за приоритетите на новиот европски институционален циклус, со акцентот на прашањата за миграцијата и конкурентноста на ЕУ, кои се на агендата на претстојниот Самит на Европскиот совет“.

Покрај Кипар, кој претседава оваа година, во групата МЕД9 се и Франција, Грција, Шпанија, Италија, Хрватска, Малта, Португалија и Словенија. /МИА

Израелската армија повторно нападна позиции на УНИФИЛ

Министерството за надворешни работи на Либан денеска соопшти дека израелската армија повторно нападнала позиции на мировната мисија УНИФИЛ во јужниот дел на Либан, при што е повредени повеќе лица.

Најостро го осудуваме намерниот и систематски оган на израелската армија врз членовите на Мисијата на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ)“, се наведува во соопштението на либанското МНР.

Официјалната агенција АНИ објави дека „израелски тенк гаѓал ја нападнал кулата УНИФИЛ, при што се повредени војниците на контингентот на Шри Ланка“.

Во сличен инцидент вчера повредени се двајца мировници од Индонезија./МИА

притисни ентер