Сиљановска: На венецот во Рим сакав да пишува „РС Македонија“, но немаше доволно место

Претседателката Сиљановска Давкова останува на ставот дека не го прекршила Преспанскиот договор за време на заклетвата во Собранието.. 

Недоволниот простор на лентата од венецот поставен пред спомен обележјето на Св. Кирил и Методиј е причината поради која не било испишано името на државата, туку само „Претседател Гордана Силјановска- Давкова“, објасни денеска претседателката. Напомена дека нејзина идеа било на венецот да пишува Р.С. Македонија, но сепак протоколот одлучил да биде потпишана само Давкова.

Според неа неупотребата на целосното име на државата не може да биде враќање чекор назад на патот на Македонија кон ЕУ, ниту пак причина за заладување на односите со јужниот сосед. Уште еднаш повтори дека ќе го почитува Преспанскиот договор, но нема да го употребува новото име на државата, бидејќи како што рече сентиментално е поврзана со името Македонија.

Дека новата власт во Македонија нема да го употребува новото уставно име, потврди и портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Од друга страна, грчката дипломатија е активна, согласно текстот објавен во „Реал њуз“ и Атина започнала кампања за информирање на сите европски земји, на ЕУ и НАТО за прекршувањата на Договорот од Преспа.

Грчкото МНР, како што пишува весникот, дало наредба до сите дипломатски претставништва на земјата „да ги информираат нивните колеги за секое ново прекршување на Договорот од Преспа од соседната земја“.

Аталанта победи на девет натпревари по ред во Серија А

Аталанта вчеравечер го победи Милан (2:1) на домашен терен во натпревар од 15. коло на Серија А.

Тимот од Бергамо ја продолжи својата победничка серија на девет натпревари, повторувајќи го својот рекорд поставен од февруари до јули 2020 година.

Аталанта моментално води во италијанското фудбалско првенство со 34 бодови. Наполи кој заостанува два бода утре ќе се соочи со Лацио./МИА

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднело обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – телесна повреда.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, доказите обезбедени во текот на претходната постапка ја потврдуваат основаноста на сомненијата дека обвинетиот на 1 декември во попладневните часови, во семејната куќа во Љубанци, вршел семејно насилство, при што телесно ја повредил поранешната сопруга со која по разводот на бракот продолжиле да живеат во заедничко домаќинство.

-Тој и пришол од зад грб, со рацете ја зграпчил за вратот и ја стегал, па ја удирал со тупаници и ја кубел за косата. Имајќи предвид дека обвинетиот е претходно осудуван, му се води и друга постапка за истородно дело, а оштетената повеќепати ја напаѓал, јавниот обвинител оцени дека постои реална опасност тој да се обидува да го избегне кривичниот прогон ако биде пуштен на слобода, информира ЈОРСМ.

Затоа до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор со цел негово обезбедување во текот на постапката.

Претрес во Кичево, пронајдена дрога

Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 13.10 часот во Кичево го лишиле од слобода З.Т.(29) од Кичево.

Како што информира МВР, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле кеса со марихуана, пари и други предмети.

-По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

притисни ентер