Силва за мечот со Спортинг: Ни недостасуваат многу играчи, но во Сити не бараме изговори

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Бернардо Силва ги сподели своите очекувања од натпреварот против Спортинг во 4. коло од Лигата на шампионите.

- Со оптималниот состав ние сме посилни, нема смисла тоа да се негира. Ни недостигаат многу неверојатни играчи, но нема да бараме изговори, не функционира така Сити. Пред неколку години Кевин де Брујне пропушти шест месеци, но ние ја освоивме титулата. Секогаш сме способни за ова, изјави Силва за сајтот на УЕФА.

Натпреварот Спортинг – Манчестер сити се игра вечер од 21 часот во Лисабон.

По три кола во елитното натпреварување Манчестер сити е на 3. место со седум бодови, Спортинг е на 8.место исто така со седум бода.

Сиријците го прославуваат падот на режимот на Асад: Конечно можеме да дишеме (ВИДЕО)

Новинарите на Би-Би-Си отидоа во Сирија, откако бунтовниците го соборија владеењето на Башар ал Асад во Сирија, а првото нешто што го слушнаа на улиците беше шкрипење на автомобили и громогласно пеење.

Имало и такви кои вееја победнички знамиња. Веста во текот на ноќта дека Дамаск падна и сирискиот претседател побегна, поттикна некои Сиријци во Либан да побрзаат кон Масна, граничниот премин најблиску до нивниот главен град.

Планот беше да се интервјуираат луѓе кои сакале да ја преминат границата, но решиле да продолжат во Дамаск. Таму сретнале човек по име Хусен кој видно плачел. Тој за Би-Би-Си изјави дека е поддржувач на претседателот Башар ал Асад и дека многу се плаши.

„Не знаеме ништо за тоа што ќе се случи внатре. Може да нѐ убијат, тоа е хаос. Секој што работел со режимот или војската вели дека ќе им дадат безбеден излез, но никој не знае. Ако тоа не е точно, тие ќе ги платат последиците“, рече Хусен, кој со семејството пристигнал на граничниот премин со Либан, но не носеле документи.

Кога влегоа во Сирија, патот кон Дамаск беше ширум отворен. Кога се приближуваа до главниот град, можеа да видат знаци на војската што се повлекува - армиски џипови и тенкови, напуштени. Воени униформи се фрлаат по патиштата каде војниците ги скинале, пишува Би-Би-Си.

На улиците имало сообраќај, но дуќаните се затворени. Луѓето се собрале на централниот плоштад Омајад, воодушевени од извонредниот крај на повеќе од петдецениското авторитарно владеење на режимот на Асад. Вооружени лица пукале во воздух, а имало и повредени.

Цивилите се возеле наоколу со своите автомобили, светкајќи знаци за мир, велејќи дека работите ќе бидат многу подобри сега кога Асад го нема. Една постара жена плаче.

„Благодарам, благодарам“, извика таа како да се моли. и додаде: „Тиранинот падна, тиранинот падна!“. Многумина во нејзиното семејство умреле под власта на Асад, рече таа, некои во затвор.

Пријдов на пар со четири мали деца, чии родители беа доста среќни. Велат дека се неописливо среќни и дека не можат да веруваат дека тоа го доживеале.

„Тоа е неописливо чувство. Многу сме среќни. После сите години диктатура што ги живеевме во животот! Бевме во затвор во 2014 година и сега сме надвор фала богу. Победивме поради нашиот народ, нашите борци и сега сме во моментот каде што ќе ја изградиме најголемата Сирија!“, рече тој.

„Ги покануваме нашите сестри и браќа кои ја напуштија земјата да се вратат. Нашите срца и домови се отворени за вас“, апелира тој до своите сограѓани.

Кети Пери прошета по црвениот тепих во провокативен фустан (ФОТО)

Пејачката Кети Пери го привлече вниманиетот во гламурозен, светкав сребрен фустан додека позираше на црвениот тепих на балот во Capital Jingle Bell.

Пејачката се одлучи за смел фустан со светки без градник под него додека се подготвуваше да настапи во лондонската О2 Арена на втората вечер од годишната божиќна екстраваганција на радио станицата.

Кејти ја истакна својата фигура во фустанот, кој имаше шлицови од страна и впечатлив шлиц до бутовите. Косата ѝ беше пуштена и брановидна, а аутфитот го комплетира со високи потпетици.

Таа за настапот носеше црвен топ без прерамки и мини здолниште. Го заокружи ансамблот со привлечни високи чизми од вештачко крзно до колена и мрежести чорапи.

Инаку, Пери се прослави со хитовите како I Kissed a Girl, Firework и Roar, кои ја лансираа на врвот на светските топ листи. Во текот на нејзината кариера таа освои бројни награди, меѓу кои и за жена на годината од Билборд. Таа беше номинирана и за 13 Греми.

Пејачката е свршена со актерот Орландо Блум, ѕвездата на „Господарот на прстените“, а ја имаат и четиригодишната ќерка Дејзи.

Над 26 лица се отруле со јаглерод моноксид во камп во Швајцарија

Најмалку 26 лица, од кои 17 се хоспитализирани, се отруени со јаглерод моноксид во кампот Гисвил во Швајцарија.

Според првичните информации, синоќа во еден шатор имало прекумерна акумулација на јаглерод моноксид, а околу 22 часот и 30 минути неколку лица ненадејно се онесвестиле или се пожалиле дека се чувствуваат лошо, соопшти денеска кантоналната полиција во Обвалден, пренесе Велт.

После тоа групата од 35 лица веднаш излегла на чист воздух. Според податоците на полицијата, затруени се вкупно 26 лица, од кои 17 се хоспитализирани.

Причината за зголемената акумулација на јаглерод моноксид ја истражува кантоналната полиција заедно со Институтот за судска медицина во Цирих, се вели во соопштението.

Инцидентот предизвика масовно распоредување на служби за итни случаи, а заедно со противпожарната служба беа распоредени спасувачки служби од најмалку седум кантони, два спасувачки хеликоптери и неколку полициски патроли.

притисни ентер