Сите заминуваат во Германија: Рекордни 168.000 пасоши лани им се издадени на странци

Во Германија минатата година, повеќе од 168.000 странци добиле германски пасош, што е најголема бројка во последните 20 години.

Ова е за 28 отсто повеќе од една година претходно, објави Сојузниот завод за статистика во Визбаден, истакнувајќи дека во последните 20 години не се регистрирани толку многу нови жители, пренесува Дојче веле.

Минатата година германско државјанство добиле 168.545 лица, од 171 националност и со тоа го оствариле правото да добијат германски пасош.

Повеќето од „новите Германци“ се дојденци од Сирија. Со учество од 29 отсто, 48.300 сириски државјани ја сочинуваат најголемата група натурализирани лица во текот на минатата година.

Многумина од нив избегале од Сирија во Германија за време на граѓанската војна и таму нашле нов дом. Зад Сиријците се Украинците, Ирачаните и Турците.

Прогнозата на експертите за 2023 година е дека може да се очекува дека бројот на новопристигнати ќе продолжи да расте, делумно поради тоа што владејачките партии СПД, Зелените и ФДП сакаат суштински да го променат Законот за државјанство.

Владејачката коалиција вели дека на Германија итно ѝ треба квалификувана имиграција и сака да им дозволи на луѓето кои веќе живеат таму да се интегрираат и да добијат државјанство.

Во суштина, се предвидува пократок минимален престој за натурализација - наместо осум години, тој треба да биде пет години, а во случај на „посебни интеграциски достигнувања“ само три.

Покрај тоа, апликантите повеќе не треба да бидат принудени да се откажат од своето претходно државјанство за да добијат германско. Во принцип, тоа би значело легализирање на двојното државјанство.

Околу шест милиони странци живеат во Германија и се во таа земја повеќе од осум години.

Има само 33 години а веќе влегува во историјата

Светската музичка ѕвезда Тејлор Свифт ќе заработи милијарда долари.

Филмот за турнеја на во моментов најпопуларната светска пејачка Тејлор Свифт започнува на 13 октомври.

Филмот за концертната турнеја на американската поп ѕвезда во моментов најпопуларната светска пејачка 33 годишната Тејлор Свифт ќе започне да се прикажува ширум светот на 13 октомври.

- Турнејата не е единственото нешто што сакаме да се одржи низ светот. Многу сум возбудена што можам да ви кажам на сите дека концертниот филм „The Eras Tour“ сега и официјално доаѓа во кината ширум светот – објави пејачката на Инстаграм.

Таа може да заработи милијарда долари од турнејата, за прв пат во историјата. Се очекува филмот да заработи повеќе од 100 милиони долари во првиот викенд само во кината низ САД и Канада, што досега никогаш не се случило, за фил прикажан само во киносалите.

Видео: Најмалку 52 лица загинаа во експлозијата на бомба во Пакистан, десетици се повредени

Најмалку 52 лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во денешниот самоубиствен бомбашки напад на верски собир во пакистанската провинција Белучистан, соопштија полициски претставници.

Бомбашкиот напад се случил во областа Мастунга, во близина на џамија за време на верски собир по повод роденденот на пророкот Мухамед, објавија британските медиуми.

Бомбашот го активираше експлозивот во близина на возилото на заменик началникот на полицијата, изјави полициски претставник.

Повредените се префрлени во болниците во блискиот град Мастунг.

Министерот за внатрешни работи Сарфраз Бугти рече дека бомбардирањето е „многу грозоморен чин“.

Техрик-е-талибан Пакистан негира дека го извршил нападот, за кој сè уште никој не ја презел одговорноста. Муслиманите во Пакистан и светот го слават роденденот на исламскиот пророк со одржување на јавни собири.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО!

Пендаровски: Неопходен е модел за амортизирање на пазарните шокови

„Неопходен е модел за амортизирање на пазарните шокови во амбиент на постојани променливи економски околности“.

Неизвесноста го засилува масовното иселување на младите не само од нашата земја, туку и од целиот регион на Западен Балкан. Со тоа губиме непроценлив човечки и социјален капитал од кој зависи долгорочниот економски раст и развој на нашите држави и на целиот регион. Неопходни се реформи во виталните сегменти клучни за економскиот развој, како што се инвестициите, продуктивноста на трудот, димензионирање на образованието според барањата на пазарот на трудот и креирање на квалитетни работни места, порача денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на 9. Меѓународна истражувачка конференција што ја организираат Народната банка и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс.

Според Пендаровски, тоа најдобро може да се постигне преку засилени реформи и забрзана интеграција во Европската Унија.

-Поголемата трговска и финансиска интеграција на регионот во европскиот пазар, во изминативе децении беше еден од виталните фундаменти на економскиот раст. Во регионот на Западен Балкан, токму македонската економија има највисоко ниво на трговска интеграција со ЕУ. Но, за македонските граѓани да ги почувствуваат придобивките од Унијата, освен трговска, неопходна е и политичка интеграција – што значи прифаќање и на европските стандарди и критериуми. Затоа, нам, и на земјите од регионот повеќе од кога било порано ни е неопходно натамошно зајакнување, а не намалување на врските со развиените економии, потенцира Пендаровски.

Како мала, отворена и увозно зависна економија, земјава, оцени, диспропорционално ги чувствува ефектите од глобалните потреси. Ефектите од здравствената, енергетската, економската, социјалната и безбедносната криза конвергираа во поликриза која ги покачи цените на енергенсите и на прехранбените производи, го забави економскиот раст, ја забрза инфлацијата, ги зголеми животните трошоци и го стесни просторот за поддршка на економијата.

-Затоа ни е важно да биде пронајден модел за амортизирање на пазарните шокови во амбиент на постојани променливи економски околности, подвлече претседателот.

Тој се осврна и на монетарната политика. Во услови на нестабилно надворешно опкружување и сѐ повисоки ценовни притисоци, особено поради војната во Украина, Народната банка, рече, по пример на Европската централна банка, почна да ја прилагодува својата монетарна политика.

-При тоа, факт е дека здравата монетарна политика придонесе да се зачува макроекономската стабилност на државата и делумно да се заузда растечката инфлација. Но, тоа не значи дека сите предизвици се надминати. Геополитичките и геоекономските ризици неспорно ги засилуваат долгорочните негативни ефекти и врз демографијата, истакна шефот на државата.

Пред Пендаровски, на конференцијата се обратија гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и извршниот директор на Комитетот за преобразување на Бретон Вудс (КПБВ), Марк Узан.

притисни ентер