Случајно открил тајна врата во хотелската соба, а зад неа уште една- глетка како од хорор филм

Следното видео се појави во средината на 2023 година, но сепак сега го предизвикува вниманието на корисниците на социјалните мрежи.

Прво беше објавено на профилот на Дијана Алварез, а прикажува човек кој направил запрепастувачко откритие во хотелска соба.

Кога ќе пристигнете во хотелот, обично сакате да го погледнете секој агол, можеби да ја сликате собата за вашите пријатели. Сепак, едвај сте доживеале што направил човекот од оваа приказна.

Тој покажал како отвора една од гардеробите во задниот дел од собата, а јасно се гледа дека „грбот“ е поделен на два дела.

Користејќи ја картичката, го помести панелот и се појавува скриен премин! Кадрите се застрашувачки, особено кога ќе сфатите дека просторијата е практично опкружена со „невидлив“ тунел.

Зад панелот имало уште една скриена врата која води до темен тунел, а главниот лик очигледно не сакал да истражува каде води.

„Замислете да го најдете ова во вашата хотелска соба. Застрашувачки. Бизарно. За што би можело да биде?“, се вели во пораката.

Невообичаеното видео има милиони прегледи, а многумина коментираат дека изгледа како најстрашните хорор филмови.

Иако не е откриено каде се наоѓа хотелот, едно лице напишало дека се работи за Чиле, а снимената просторија била наменета за криење од земјотреси, пренесува Мирор.

Друг тврди: „Многу хотели имаат скриени ходници зад ѕидовите. Ги користат за шпионирање, го знам тоа“.

Имало и корисници кои сметаат дека хотелот е реновиран, така што откриениот простор е всушност дел од стариот простор.

На протест за клима во Амстердам уапсени 17 активисти

Холандската полиција денеска уапси 17 учесници на климатски протест на активистичка група „Бунт против истребување“, откако со своите возила го блокираа автопатот А10 во Амстердам.

Полицијата соопшти дека предизвикале „опасност по животот на другите учесници во сообраќајот и на самите нив“.

Автомобилите што ги користеа активистите за да го блокираат сообраќајот се конфискувани, а на А10 после тоа останале меѓу 400 и 500 демонстранти.

Градскиот совет на Амстердам претходно упати „итен апел“ до климатските активисти да не протестираат на автопатот А10.

Првата блокада на овој автопат се случи на крајот на декември и траеше пет часа, по што беа уапсени над 400 активисти, а шестмина од нив беа казнети со 200 евра.

Конте е на потесниот список на Баерн, но не и приоритет, Антонио би сакал да работи во Серија А

Актуелниот германски фудбалски шампион Баерн Минхен го прифаќа назначувањето на Антонио Конте на крајот од сезоната.

Според инсајдерот Матео Морето, италијанскиот тренер е на потесниот список на минхенскиот клуб, но не е меѓу приоритетните опции. Актуелниот германски шампион е насочен кон потписот на Чаби Алонсо од Баер Леверкузен.

Самиот Конте би сакал да ја продолжи кариерата во Италија и чека можност да води тим од Серија А, но сепак не исклучува преселба во Баерн.

Педесет и четиригодишникот е без ангажман откако го напушти Тотенхем во март 2023 година. /МИА

Украина потпиша билатерални безбедносни договори со Италија и Канада

Претседателот на Украина Володимир Зеленски соопшти дека потпишал билатерални безбедносни договори со италијанската премиерка Џорџа Мелони и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Договорите имаат за цел да ја зајакнат безбедноста на Украина додека таа не ја постигне својата цел да стане членка на НАТО.

Во објава на социјалните мрежи, Зеленски рече дека документот „поставува силна основа за долгорочно безбедносно партнерство меѓу Украина и Италија“.

Лидерите на Италија и Канада во моментов се во Киев за да ја одбележат втората годишнина од инвазијата на Русија врз Украина. /МИА

притисни ентер