Со свечена академија во Велес, ВМРО-ДПМНЕ прослави 34 години од основањето

Со свеченост насловена „34 години ВМРО-ДПМНЕ, 131 година ВМРО, завет, слобода, иднина, продолжуваме“, ВМРО-ДПМНЕ во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, ја одбележа годишнината од формирањето на партијата. 

Пред присутитните, обраќање пред малку имаше лидерот Христијан Мицкоски од кое меѓудруго упати пораки за помирување со СДСМ.

Повративме 3/4 од тоа што СДС го имаше кон ДУИ, додека сите работат за Македонија ќе бидеме еднакви партнери во владата.

За неколку дена Македонија ќе ја добие новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатиот период кога се договораше оваа влада внимателно ги следев оние пораки од одредени политички центри од новата опозиција дека премногу им се дало на коалицијата Вреди што е ноторна измислица, замислете тие кои коленичеа во Речица кои 7 години беа главни измеќари на ДУИ нам кои повративме најмалку три четвртини од позициите кои ги изгубија ни велат дека сме дале премногу. Нека биде и така, рече претседателот Христијан Мицкоски на денешната прослава на 34 роденден на партијата.

Мицкоски укажа „сакам да кажам дека ние не даваме, ниту земаме, затоа што Македонија е заедничка држава и се додека албанските и другите коалициони партнери работат по закон и во интерес на државата ќе бидеме еднакви партнери во Владата“.

Според Мицкоски ако било кој застрани со криминални или други агенди ќе биде веднаш санкциониран кој и да е, вклучително и од ВМРО-ДПМНЕ и ќе биде повикан на одговорност додавајќи дека нема да дозволи ВМРО - ДПМНЕ да стане тоа што беше и е СДСМ.

„Ниту па ќе дозволам Вреди да стане тоа што беше ДУИ. Ќе има работа, но и одговорност. И тука никој не треба да има дилеми. И колку и да се обидуваат поразените конкуренти да го одвлекуваат вниманието од вистинските теми, да прават диверзии, чудно да откажуваат кислородните компресори во хируршките сали и да нема операции, да снемува документи по институции, да се измислуваат медицински факултети по приватни фирми на кадри на ДУИ преку ноќ, треба да знаат дека ќе ги решаваме сите проблеми, со голема посветеност“, кажа Мицкоски.

Мицкоски додаде дека „додека тие се однесуваат како разгалено дете кое мисли дека го има природното право на фотелјата дадена од народот, додека не бираат зборови и навреди да го омаловажат секој наш чекор, јас одбирам да не се занимавам со нивните валканици, туку да го реализираме она што го ветувавме пред изборите“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за формирање на влада, Христијан Мицкоски, денеска во обраќањето по повод 34 години од формирањето на партијата, истакна дека како претседател на партија која работи за македонско национално единство, подава рака на СДСМ за дијалог за сите крупни прашања за државата и од важност на граѓаните.

– Тие непринципиелни коалиции и преговори под маса, јас нема да ги правам и нема да им работам позади грб, ниту ми паѓа на памет да им се мешам. Тие од мене, како претседател на партија која посакува и работи за македонско национално единство имаат подадена рака за дијалог за сите крупни прашања за државата и од важност на граѓаните. Им подавам рака за македонско национално единство за сите важни прашања за државата. Посакувам да ги надминат огромните проблеми и да седнеме на маса да разговараме за иднината на нашата татковина, порача Мицкоски.

Сето ова не треба да се сфати како амнестирање од одговорност, појасни Мицкоски, нагласувајќи дека во нив гледа партнер со кого имаат заедничка одговорност кон сегашните и идните генерации за создавање на единствени државни позиции.

– Секако ова никако не треба да го сфатат како амнестирање од одговорноста за криминалите, но значи дека во нив ќе гледам партнер со кого имаме одговорност поради сегашните и идните генерации да работиме на создавање на единствени државни позиции кога станува збор за суштинските прашања од важност за Македонија, рече Мицкоски.

За неколку дена, рече тој, Македонија ќе ја добие новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. - Во изминатиот период кога се договораше оваа влада внимателно ги следев оние пораки од одредени политички центри од новата опозиција дека премногу им се дало на коалицијата Вреди што е ноторна измислица, замислете тие кои коленичеа во Речица кои седум години беа главни измеќари на ДУИ нам кои повративме најмалку три четвртини од позициите кои ги изгубија ни велат дека сме дале премногу, рече Мицкоски.

Сакам да кажам, додаде тој, дека ние не даваме, ниту земаме, затоа што Македонија е заедничка држава и се додека албанските и другите коалициони партнери работат по закон и во интерес на државата ќе бидеме еднакви партнери во Владата.

Мицкоски вели нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да стане тоа што беше СДСМ, ниту пак неговиот албански коалициски партнер ВРЕДИ да стане како ДУИ.

Сѐ додека албанските партнери работат според закон во интерес на државата, Мицкоски истакна дека ќе бидат еднакви партнери во Владата, појаснувајќи дека доколку било кој застрани со криминални или други агенди ќе биде санкциониран, вклучително и од неговата партија.

– Македонија е заедничка држава и сѐ додека албанските партнери работат според закон и во интерес на државата, ќе бидеме еднакви партнери во Владата. Ако било кој застрани со криминални или други агенди, ќе биде санкциониран, вклучително и од нашата партија. Нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ да стане тоа што беше СДСМ, ниту ќе дозволам ВРЕДИ да стане тоа што беше ДУИ, порача Мицкоски.

Во своето обраќање тој истакна дека нема да подлегнува на темите кои разединуваат, осврнувајќи се кон проблемите и сиромаштијата на граѓаните. Вели 600 илјади луѓе во земјава живеат со само 150 денари на ден, додека во здравството постои хаос.

– Нема од мене да видите двојни стандарди. Ќе се однесувам согласно Уставот и законите на државата, денес 600 илјади луѓе живеат со 150 денари на ден. И денес над 50 илјади се надвор од образовниот процес. Денес земјоделците имаат проблеми. Учениците завршија учебна година без учебници. Во здравството постои хаос, во болниците се умира чекајќи лекови. Ова се проблемите кои мора да ги решаваме и за кои вистински нѐ гласаше народот. Нема да подлегнуваме на темите кои нѐ разединуваат и нѐ оддалечуваат, рече Мицкоски.

Разбеснет кит скока врз бротче и ги катапултира рибарите - исплашен тинејџер снимал (ВИДЕО)

Застрашувачката снимка е снимена на брегот на Њу Хемпшир, кога рибарски брод бил на удар на разбеснет грбав кит.

Двајца рибари се катапултирале во морето откако монструозното животно „скокнало“ на пловилото! Сцената ја забележале млади луѓе на брод, а еден од нив имал камера.

Бродот плутал некое време, а потоа почнал да тоне. Сепак, бил извлечен на брегот со акција на другите рибари.

Според извештаите, за време на инцидентот немало повредени, пишува Дејли Мејл.

Корисниците на социјалните мрежи беа шокирани од глетката, особено затоа што грбавите китови - за разлика од орките, ретко напаѓаат бродови.

„Ова е неверојатно и не е случајно“, напишало едно лице, додека друго додаде: „Целосно луда сцена“.

Експертите за морски животни веруваат дека китот е стар две години и претходно бил забележан околу границата на Мејн и Њу Хемпшир.

Останува нејасно што го поттикнало да го нападне рибарскиот брод.

Мистеризона смрт: Излегла на вечера со пријателите, се разболела и починала по два дена

Сицилијанка ненадејно починала за време на викендоv, откако излегла на вечера со пријателите.

Официјалните лица наредија обдукција за да се утврдат причините за смртта, објави РАИ.

Џулијана Фарачи (40) од областа Месина на Сицилија, во петокот вечерта излегла со пријателите на вечера. Првите симптоми на болеста се појавиле во саботата попладне.

Џулијана се пожалила на треска и повраќање, а бидејќи состојбата ѝ се влошила во неделата, повикала итна помош и лекарите направиле електрокардиограм. Следното утро била пронајдена без знаци на живот.

Џулијана починала во сон, а нејзиното тело е пренесено на обдукција.

Заменик-обвинителот Андреа Аполонио отвори истрага за случајот, а сестрата на Џулијана, придружувана од адвокатот Салваторе Манкузо, отиде во полициска станица да поднесе пријава и да побара обдукција за да се разјаснат причините за смртта.

Според адвокатот, Џулијана за време на вечерата со пријателите не јадела суши или сирова риба, со што ги демантираше натписите кои кружеа во некои медиуми.

„Тоа што некои весници го пишуваат не е точно, самоволно претпоставувајќи ја можната причина за труење со храна и смртта како последица. Ги чекаме резултатите од обдукцијата за да добиеме медицинско-правни појаснувања за причините за оваа трагична и прерана смрт“, вели адвокатот.

Според него, ниту една од нејзините пријатели со кои вечерала не се разболела.

Меѓу жителите на Санта Агата ди Милитело, каде што живеела Џулијана, владее шок и тага. Никому не му е јасно како дошло до оваа мистериозна смрт, додека истрагата продолжува.

Хали Бери позира топлес со мачки: Засекогаш останува Жена-мачка (ФОТО)

Актерката Хали Бери (57) е активна на својот Инстаграм профил.

Овој пат со објава покажа колку е горда на себе и улогата која ја одигра во филмот Catwoman од 2004 година.

„Денес се навршуваат 20 години откако ја имав честа да му дадам живот на овој легендарен лик. Секогаш ќе ја чувам во моето срце и засекогаш ќе бидам Patience Phillips, или Catwoman “, напишала Хали заедно со фотографиите на кои позира во гаќички со маска на лицето. Градите ги покрила со своите миленици, мачките кои неодамна ги посвоила.

„Ова е најжешката жена досега“, „Безвременска убавица“, „Најдоброто од најдобрите“, „Подготвени сме за продолжение“, беа само дел од коментарите на нејзините фанови.

Пред неколку недели објави дека мачките со кои сега позира се викаат Бутс и Коко и дека ги пронашла заедно со уште две мачиња и нивната мајка во својата градина. "Ја стерилизирав нивната мајка и ја пуштив назад во мојата градина и сега е наша! Ги посвоив другите две бебиња што ги најдовме, а овие две малечки сега се нашите нови љубови! Секогаш имаме полна куќа", напишала Хали.

притисни ентер