Совети за мачнините при летање

 При патување со авион, на многумина им се случуваат болки во стомакот, надуеност или запек.

Некои тоа го припишуваат само на стравот од летање, но тоа може да му се случи на секого, вели диететичарката Меган Роси од Австралија. Таа појаснува зошто и покрај тоа што самата, на пр., го нема тн. синдром на нервозно дебело црево, имала слични мачнини. За да објасни и демонстрира зошто надуеноста е честа појава кај патниците, таа употреби чаша јогурт со капаче.

- Замислете ја оваа чаша како Вашето црево долу на земјата. Гасот внатре што го произведуваат Вашите микроби има простор за движење, но како што авионот се крева, промената на воздушниот притисок предизвикува ширење на гасот и тоа предизвикува надуеност и болки во стомакот, вели таа.

Иако оваа состојба е непријатна, постојат начини да се намали притисокот со подготовка пред патувањето. Познатата „докторка за здрави црева“ препорачува, пред сѐ, избегнување храна што предизвикува надуеност, како грав, авокадо, печурки и кромид - 24 до 48 часа пред патувањето. Наместо тоа, се препорачуваат полесна храна: Маслото од авокадо се заменува со маслиново масло, печурките со модар патлиџан итн.

Исто така, за проблеми со запек во текот на летот, би било препорачливо да се пие магнезиум и да се консумираат повеќе хранливи влакна. Доколку и тоа не помага, диететичарката препорачува консултирање со лекар. /МИА

Драма на ЕУРО: Германската полиција застрела маж со секира во близина на фан зоната во Хамбург

Германската полиција денеска застрела маж со секира во близина на фан зоната за време на поворкта од холандските навивачи пред дуелот со Полска. 

Нема информации дали некој е уапсен при оваа акција на германската полиција.

Четири истрели одекнаа во близина на Рипербан во Хамбург, каде се собраа навивачи од Холандија и Полска пред денешниот меч на нивните селекции на ЕУРО 2024.

Според медиумите, напаѓачот имал и молотов коктел.

Тешка сообраќајна несреќа во Грција, четворица загинати, тројца повредени

Според првичните информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило загубило контрола и „закачило“ автобус што минувал.

Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во Грција, загинале четири лица, а три лица се повредени.

Според првичните информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило загубило контрола и „закачило“ автобус што минувал.

Од силината на ударот возилото буквално се распаднало и патниците загинале на лице место.

Декларацијата на самитот за Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници

 Не се очекува сите учесници на мировниот самит за Украина во Швајцарија да ја потпишат завршната декларација, иако повеќе поради формулацијата отколку поради реалниот недостаток на поддршка.

Не се очекува сите учесници на мировниот самит за Украина во Швајцарија да ја потпишат завршната декларација, иако повеќе поради формулацијата отколку поради реалниот недостаток на поддршка, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер на маргините на самитот за Украина во Швајцарија, јави ДПА.

Сепак, како што рече, основниот заеднички став нема да биде засегнат.

-Затоа не сум толку загрижен ако не потпишат сите сега, рече канцеларот.

Тој додаде дека пред Русија да седне на преговарачката маса, може да се замисли уште една конференција во различен формат

-Навистина мора да го гледате како процес, рече тој.

Дводневната конференција на 92 држави и осум меѓународни организации треба да заврши попладне, кога треба да биде објавена и конечната декларација.

Целта на настанот е да се иницира мировен процес во кој долгорочно ќе биде вклучена и Русија. Официјални лица од Москва во оваа прилика не беа поканети и не изразија желба да присуствуваат.

притисни ентер