Поради технички проблеми натпреварот не се одигра во Градски парк и беше одлучено дербито да се игра во Гостивар.
Во салата „Младост“ на трибините не беше дозволено присуство на публика и натпреварот помина во празна атмосфера без навивачите на двете екипи.
Првите две четвртини од натпреварот двете екипи беа релативно израмнети и на полувремето заминаа со резултат 44:45 за аеродромци.
Во третата четвртина МЗТ успеа резултатски да се одлепи, а во последните десет минути влезе со предност од пет поени (59:64), а потоа поведе и со 59:67.
Но, Работнички реализираше неколку напади, ја подобри одбраната и резултатот го сврти во своја полза 71:69.

Во финишот МЗТ немаше сили да го издржи налетот на противникот и натпреварот заврши со конечни 92:74 за Работнички.

Шон Еванс беше најефикасен кај победничкиот тим со 19 поени и 12 скока, а Марко Симоновски за МЗТ реализираше осум тројки и постигна 24 поени./MИА

Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 22:01
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар