- Уште не одлучив каде ќе ја продолжам кариерата. Постојат некои варијанти, но едно е сигурно, во Шпанија нема да останам. За во Европа не сум сигурен, додаде Торес.

Поранешниот шпански репрезентативец има неколку понуди од американската МЛС лига. За него се интересираат Монтреал, Сиетл, Њу Јорк, Спортинг Канзас и Чикаго.

Торес освен Атлетико играше за Ливерпул, Челзи и Милан, и беше дел од шпанската репрезентација која освои две Европски првенства и еден Светски шампионат. /МИА

Датум на објава: вторник, 17 април 2018 во 12:07
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар