Српската старлета Станија ја исфрлиле од станот во САД: Почнувам од нула (ВИДЕО)

Станија Добројевиќ повторно се вратила во Америка, во Њу Џерси, каде што наишла на непријатност бидејќи сопственикот ја продал куќата во која живеела Добројевиќ и ги префрлил сите работи на старлетата во складиште.

- Нов почеток од нула! Се плашев да дојдам во САД! Куќата во која живеев сите овие години е продадена! Мислев дека ќе ме потресе носталгија, но ништо! Сега одам да си ги земам работите во овие магацини, напиша таа и додаде:

- И тогаш сфаќам дека ништо не ми треба! Сите работи ќе ги донирам во хуманитарни цели.Можеби само ќе го задржам оваа розева пегла - напишала Станија, објави српски Курир.

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места  ќе бидат отворени  до 19 часот. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Влае. Таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер