Такси компании: Да нема паника, такси услугите нема да поскапат

По информациите во дел од медиумите за наводно поскапување на такси услугите, дел од сопствениците на такси компаниите за Канал 5 велат дека истите се неточни. 

Се работи за стар тарифник од пред две и пол години и во овој момент нема никакво барање за поскапување на такси услугите. Иако има зголемување на трошоците за одржување и сервисирање, засега велат нема никаква одлука за зголемување на центите на такси превозот. Постојат три тарифи според кои можат да наплатуваат а кои се утврдени и усвоени од Советот на Град Скопје. самите такси компании одлучуваат по која тарифа ќе возат.

Славески: Арсовска треба да сноси одговорност за недоставениот предлог – Буџет за 2025

Градоначалникот Данела Арсовска деновиве ја пее својата “лебедова песна”. 

На аргументираните ставови изнесени на прес конференција од страна на членот на Совет Стефан Кирков од советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ, таа повторно криејќи се зад псевдонимот “град Скопје”, во соопштение истура куп лаги и гадости за што најмалку што може да направи е јавно да му се извини на господинот Кирков.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку советникот Кирков ја извести јавноста за непочитување на законски и други прописи кои се однесуваат на процедурата за носење буџет на град Скопје. Имено, Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа во член 27, ставовите 4 и 5, ја пропишува процедурата за носење буџет на општина, а со тоа и на град Скопје.

Таму е пропишано дека градоначалникот доставува предлог-буџет за наредната година до советот во рок утврден со буџетски календар. Совет на град Скопје во март оваа година има донесено Буџетски календар за 2024 година, објавен во Службен гласник на град Скопје (види прилог) каде е предвидена обврска на градоначалникот Арсовска предлог-Буџет за 2025 година до Совет да достави најдоцна до 10 декември, а не како што манипулативно се наведува во соопштението, седум дена пред расправата за буџет во Совет на град Скопје.

Дополнително, според буџетскиот календар најдоцна до 20 октомври 2024 година до Совет на град Скопје требаше да се достават за одобрување предлог-Програми за развој, кои Советот требаше да ги одобри најдоцна до 15 ноември, по што тие стануваат составен дек на буџетот. До ден-денес градоначалникот Арсовска нема до Совет доставено предлог-Програми за развој!

На крај, спротивно на воспоставената практика (и потреба) во град Скопје во минатото и во општините ширум Република Македонија, членовите на Совет до овој момент, со исклучок веројатно на неколку приврзоци на Арсовска, не биле воопшто информирани за било што и не биле вклучени во ниту една фаза во подготовката на буџетот на град Скопје за наредната година.

Арсовска треба да сноси одговорност за ваквото несовесно и неодговорно работење кое може да предизвика целосна блокада во функционирањето на градот. Не сакам да верувам дека можеби постои токму таква намера!, објави на Икс претседавачот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.

Честа комуникација - клуч за доверба, искреност и силна врска меѓу родителите и детето

Почестата и плодотворна комуникација е клучна за градење доверба и силна врска меѓу родителите и децата.

Моќните, но едноставни изрази може да им помогнат на децата да се чувствуваат безбедно, сакано и поддржано додека ги споделуваат своите мисли и чувства со мајката и таткото.

- Создавањето безбеден простор каде што вашите деца ќе се чувствуваат ранливи е еден од најважните подароци што може да им ги дадете. Кога децата се чувствуваат доволно безбедно да ги споделат своите најдлабоки мисли и чувства, тие почнуваат да ги развиваат емоционалните вештини потребни за да се соочат со животните предизвици, да градат значајни односи и негување на издржливост, појасни детскиот психолог од Торонто, Канада, андрагог, воспитувачка и мајка, Џејми Блох.

Таа сподели низа претпочитани реченици, совети, изрази и вербални пристапи за поттикнување подобра комуникација со своите деца. Следат примери за постигнување на тој поблизок однос:

1. „Тоа што го чувствува е сосема разбирливо и нормално. Толку сум благодарен што се чувствуваш доволно безбедно и можеш да го споделиш тоа со мене.“

2. „Ние сме во ова заедно. Без суд и покажување со прст, само љубов. Што имаш на ум?"

3. „Не си сам /-а во ова. Не мора да го потискаш тоа во себе. Сакам да слушнам што имаш на ум. Дали си подготвен /-а да зборуваме за тоа?“

4. „Секогаш можеш да бидеш тоа што си, со мене. Јас секогаш ќе те прифатам каков / каква што си.“

5. „Нема брзање. Одвој си време и најди ги вистинските зборови. Тука сум да разговарам секогаш кога ти треба и си подготвен /-а. Запомни, не очекувам секогаш да ги имаш сите одговори."

Сиве овие реченици го истакнуваат разбирањето, почитта и љубовта на родителите кон своето дете. Неизбежно, тоа ја зајакнува меѓусебната доверба и потребната блискост./МИА

Израелците објавија снимка од уништувањето на сириската морнарица: Ударите беа прецизни (ВИДЕО)

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија видео од напад на сириската морнарица.

Како што претходно беше најавено, израелските сили ги започнаа овие напади по падот на Башар ал Асад, за да не паднат складиштата за оружје и муниција на неговата армија во рацете на терористичките групи и џихадистите.

„Во рок од 48 часа, ИДФ (Израелските одбранбени сили) ги нападнаа повеќето складишта за стратешко оружје во Сирија за да ги спречат да паднат во рацете на терористичките групи“, се вели во објавата на ИДФ на платформата X.

„Поморски операции: израелски ракетни бродови нападнаа 2 сириски поморски објекти во исто време: пристаништето Ал-Бајда и пристаништето Латакија, каде што беа закотвени 15 сириски воени бродови.

„Поморски цели: Уништени се десетици проектили море-море со дострел од 80–190 km. Секоја ракета носеше значајна експлозивна муниција, што претставува закана за цивилните и воените бродови во областа“.

„Операции на воздухопловните сили: Воздухопловните екипи поминаа стотици часови во сирискиот воздушен простор, изведувајќи повеќе од 350 воздушни напади“.

Цели: Широк опсег на цели, вклучувајќи противвоздушни системи, воени аеродроми на сириските воздухопловни сили, како и десетици локации за производство на оружје во Дамаск, Хомс, Тартус, Латакија и Палмира.

„Неутрализирани ресурси: бројни стратешки средства, вклучувајќи ракети Скад, крстосувачки ракети, земја-море, земја-воздух, ракети земја-земја, UAVs (беспилотни летала), борбени авиони, нападни хеликоптери, радари, тенкови , хангари и многу други“.

„Копнени операции: ИДФ изврши воздушни напади врз 130 цели во Сирија, вклучувајќи складишта за оружје, воени објекти, лансери и оперативни позиции“.

„Оваа снимка е направена од перспектива на муницијата што била насочена да ги погоди овие цели“, се вели во соопштението на ИДФ што ја придружува снимката.

притисни ентер