Тече рокот за собирање потписи за претседателските кандидатури

Започна собирањето потписи за претседателските кандидатури.

За да си обезбедат место на гласачкото ливче потенцијалните кандидати за претседател ќе треба да обезбедат по 10.000 потписи.

Пред една од подрачните едници на ДИК е Јана Јасофоска. Јана собирањето потписи старуваше денеска ... Колку кандидати собираат потписи и како помина првиот ден?

„Комунална хигиена“: Заменети оштетени корпи во Сарај

Заменети се оштетени корпи, наменети за одлагање ситни отпадоци во општина Сарај, информираат утрово од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје.

Активностите во текот на вчерашниот ден се реализирале на десетина локации во централниот дел на општината. Нови садови биле поставени на местото на оштетените корпи.

Во претстојниот период, исто така, како што додаваат од претпријатието, ќе се продолжи со етапно менување на сите оштетени корпи за одлагање ситни отпадоци, поставени на подрачјето на Скопје.

Бензема: Мбапе знае дека во Реал убиваат за 2-3 меча без постигнат гол

 Фудбалерот на Ал-Итихад, Карим Безема го сподели своето мислење за притисокот врз напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе.

- Мбапе знае дека има голем притисок во Реал Мадрид, таму те убиваат ако одиграш 2-3 натпревари без постигнат гол. При тоа, можете да ја освоите Златната топка, а потоа да не постигнете гол на три натпревари, го цитира Бензема, новинарот Фабрицио Романо на својата страница на социјалната мрежа.

Оваа сезона Мбапе на 14 натпревари во сите натпреварувања постигна осум гола и две асистенции. Последен пат 25-годишниот Французин погоди на гостувањето во Ла Лига со Селта Виго (2:1) на 19 октомври.

Мбапе веќе изложен на критики, како од медиумите, така и од стручниот штаб на „Кралскиот клуб“.

Вучиќ предлага референдум: Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот

 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата „Кирилица“ на телевизија „Хепи“ изјави дека оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ е чин на одговорност, но тој не го принудил на тоа.

- Веднаш рекоа дека Вучиќ го натерал да поднесе оставка, но морам да ги разочарам и да кажам дека не сум. Реков дека ќе ја почитувам волјата на премиерот и политичката и човечката чесност на Горан, но не го ни советував да го стори тоа, рече Вучиќ, кој на прашањето дали ќе има уште оставки, одговори дека тоа е сосема сигурно.

Тој рече дека Весиќ ќе остане во СНС и ќе продолжи „да работи и да се бори заедно“.

Тој рече дека на протестите по несреќата на Железничката станица во Нови Сад во која животот го загубија 14 лица, се бара „неговата глава“.

- Владата на Србија нема да ја урнете. Ви нудам решение и голема победа. Еве, дајте ни ги вашите 70-80 гласови во српското Собрание и ќе побараме од народот советодавно мислење на референдум за разрешување на Александар Вучиќ, рекол Вучиќ, пренесува Нова.рс.

Тој рекол дека нема да остане претседател доколку ја нема поддршката од народот.

- Ако 50 отсто од народот се согласи со тоа на референдум, јас нема да бидам претседател на Србија ниту еден ден. Јавно ветувам дека тој ден ќе поднесам оставка и ќе се оди на нови претседателски избори. Ако народот каже дека е за разрешување, не му треба процедура, тој ден ќе си поднесам оставка и не сум претседател. Така си ги решиле сите свои проблеми. Тоа можеме да го направиме во јануари, март или мај, изберете кога сакате, но не го малтретирајте овој народ, заклучи Вучиќ.

притисни ентер