Тејлор Свифт ќе ги одржи концертите во Лондон

Британската полиција соопшти дека нема индикации дека планираниот напад на концертот на пејачката Тејлор Свифт во Виена би можел да влијае на нејзините концерти следната недела на стадионот Вембли во Лондон

Британската полиција соопшти дека нема индикации дека планираниот напад на концертот на пејачката Тејлор Свифт во Виена би можел да влијае на нејзините концерти следната недела на стадионот Вембли во Лондон, каде што пејачката треба да ги изведе последните пет концерти од нејзината европска турнеја.

Три концерти во Виена, на кои се очекуваше да привлечат 195.000 луѓе, беа откажани во средата откако тамошната полиција соопшти дека спречила напад на 19-годишен Австриец кој планирал да ги нападне обожавателите со бомба или нож..

Лозари бараат сушата да се прогласи за елементарна непогода

Лозари од Тиквешко кои имаат лозови насади што не се под систем за наводнување, бараат сушата што го зафати оваа година регионот да се прогласи за елементарна непогода и да добијат отштета за намалениот род во лозјата.

Во изјава за МИА, рекоа дека сушата им земала данок од родот, во висина од педесетина до стотина проценти, зависно од сортите на грозје и местоположбата на лозовите насади. Според нив, најголеми последици од климатските промени има во месностите Овчка Река и Белград, како и атарите на селата Бегниште, Ресава и Дреново.

Кавадарчанецот Диме Соколов е само еден од оние кои претрпеле штети од сушниот период.

- Има многу производители на грозје кои нема да влезат за берење грозје во лозовите плантажи, што се вели, бидејќи од гроздовите останаа само сувите дршки. Гроздовите зрна се целосно испиени од сушата. Имам 33 декари под лозје, од кои дури 27 на суво. Штетите во моите ниви се движат од околу 50 до близу 70 проценти, подвлече Соколов.

Тој се пожали дека уште пред околу 25 години им било ветувано дека во месностите надалеку познати по убавото грозје, Овчка Река и Белград, ќе се донесе вода за наводнување, а многу од лозаропроизводителите верувале во тие ветувања и подигнале кредити за подигнување на лозови насади.

- Многумина од нас ризикуваа, се задолжуваа со кредити, а вода не добивме, додаде тој, апелирајќи да се слушне нивниот глас и конечно да се размислува да се донесе вода за наводнување и таму, каде што засега нема можност за наводнување на земјоделски површини, вели тој.

Дека лозари се пожалиле оти сушата предвреме им „обрала" дел од родот, за МИА потврди и Ѓорѓи Ајтов, советник во подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Неготино.

- Има и такви кои барајќи спас од сушата, инвестираа во купување мали цистерни, па кога имаше потреба од наводнување, ги полнеа цистерните со вода од каналите за наводнување, па носеа вода до лозјата. Мачно е, ама тоа се обиди да се спаси родот. Инаку во најсушните периоди и енормни високи температури, штети има дури и кај лозовите насади под систем за наводнување, кај грозјето директно изложено на сонце, иако значително помалку, отколку кај лозјата на суво, додаде Ајтов.

Јован Златевски, претседател на Сојузот на здруженија на лозари со седиште во Кавадарци и на потсекторската група за лозарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во изјава за МИА рече дека ќе свика состанок на потсекторската група со точка на дневен ред, прогласување елементарна непогода од суша и обесштетување поради намален род на грозјето.

Златевски рече дека евидентно е намален приносот во лозјата поради сушата, но, додаде дека точното потфрлување во родот ќе се знае откако ќе се направат проценките од терен.

- Ќе барам на состанокот да се расправа и за уште еден проблем со кој се соочија лозарите оваа гроздоберска сезона. Имено, иако одделни откупни пунктови на откупните белешки им пишуваа точна шеќерност на откупеното грозје, при исплатата на парите тоа не го земаа во предвид, па им даваа на лозаропроизводителите загарантирани минимални цени по килограм грозје. Ќе бараме од надлежните да се интервенира и тие откупувачи да плаќаат според шеќерни единици, како што е според закон, истакна Златевски.

Политико: Орбан го одложи говорот во Европскиот парламент поради невремето во Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го одложи говорот планиран за среда во Европскиот парламент поради поплавите во Унгарија, пишува магазинот Политико.

„Поради екстремните временски услови и поплавите во Унгарија, ги одложив сите мои меѓународни обврски“, изјави денеска Орбан.

За време на викендот обилни дождови и поплави ја зафатија централна и источна Европа, а во невремето загинаа најмалку 10 луѓе, додека илјадници беа принудени да ги евакуираат своите домови.

Полскиот премиер Доналд Туск вчера објави дека се подготвува да прогласи состојба на природна катастрофа.

Унгарскиот премиер во среда во Европскиот парламент во Стразбур требаше да ја претстави програмата на унгарското претседавање со Советот на ЕУ.

„Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, разговараше со премиерот Орбан за да му пренесе дека Европскиот парламент е подготвен да направи се што може за да им помогне на сите погодени од поплавите“, соопшти Европскиот парламент, додавајќи дека пратеничката група за оваа недела ќе се одржат консултации за работната програма.

Талибанците ја суспендираа вакцинацијата против детска парализа во Авганистан

Талибанците ја стопираа кампањата за вакцинација против детска парализа (полимијелитис) во Авганистан, соопштија денеска Обединети нации.

ОН не наведува причина за суспензија на вакцинацијата, а ниту талибанците ја коментираа одлуката.

Талибанците ја прекинаа вакцинацијата непосредно пред септемвриската кампања за имунизација.

Авганистан и Пакистан се единствените две држави во кои никогаш не е запрено ширењето на потенцијално фаталната болест.

Додека во Пакистан за време на вакцинацијата стално има насилство. Милитантите ги напаѓаат тимовите за имунизација и полицијата, која ги чува, лажно тврдејќи оти вакцината е западна завера за стерилизација на децата.

притисни ентер