Тежок пораз на Верстапен на домашна патека- Норис победи во Холандија

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на трката во Формула 1 за Големата награда на Холандија, на домашната патека на Макс Верстапен.

Токму Холанѓанецот беше на второто место, но колку време имаше покажува фактот дека заостана повеќе од 20 секунди.

На третото место заврши возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој успеа да остане пред Оскар Пјастри.

Норис беше одличен, освен на самиот старт, кога Макс успеа да го заобиколи, но после тоа Норис ја извозе речиси најдобрата трка сезонава, ако не и во кариерата.

Веќе во 17. круг Ландо успеа да му се доближи на Верстапен, а во следниот круг да го претекне и до крајот немаше премногу потешкотии.

Карлос Саинц беше петти, Серхио Перез шести, а првата десетка ја комплетираа Џорџ Расел, Луис Хамилтон, Пјер Гасли и Фернандо Алонсо.

Во Мексико убиен градоначалник само шест дена по преземање на функцијата

Алехандро Аркос, градоначалник на Чилпанцинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, беше убиен вчера, помалку од една недела по преземањето на функцијата, потврди гувернерот на државата.

Британските медиуми пренесуваат дека Аркос е убиен само шест дена откако стана градоначалник на Чилпасинго, град во југозападно Мексико со околу 280.000 жители.

„Поради неговото убиство, целата заедница на државата Гереро тагува и не исполнува со гнев“, рече гувернерката Евелин Салгадо во изјавата споделена на социјалните мрежи.

Јавното обвинителство на сојузната држава Гереро, каде што насилствата зајакнаа, соопшти дека е покрената истрага за убиството на градоначалникот на Чилпансинго.

ЦУК: Два пожара на отворено, во Гостивар водата не е за пиење

ЦУК: Два пожара на отворено, во Гостивар водата не е за пиење, а во Тетово има редуцирано водоснабдување.

Во последното деноноќие се регистрирани два пожара на отворено - во Скопје бил запален градежен отпад на ул. „Његошева“ во Општина Карпош, и во во Село Рдауша каде што имало запалено ѓубре, соопшти ЦУК.

ЈКП „Шар“ од Тетово информира поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата на засега е целосно затворен. Градот Тетово се снабдува со намалено количество вода, а екипи на ЈКП „Шар” се на терен за брзо решавање на проблемот. Ограничување на водата во градскиот водовод ќе има од 13.00 до 15.00 часот и во период од 01.00 до 04.00 часот.

Од ЈП „Комуналец“ од Гостивар, пак, е добиено известување во ЦУК дека поради контаминација предизвикана од обилните врнежи од дожд, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење.

Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниска Комисија

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска на седница треба да ги разгледа годишните извештаи за работата на јавните обвинителства и на Државната комисија за одлучување во управна постапка..

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска на седница треба да ги разгледа годишните извештаи за работата на јавните обвинителства и на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, за 2023 година.

Пред Комисијата се и Посебниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирање на изборната кампања за Избор на Претседател на Република Македонија 2024 година, Посебниот извештај за утврдени состојби во финансирањето на изборната кампања за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија 2024 година, Извештајот за реализација на Судскиот буџет за 2023 година и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2023 година, кои се веќе разгледани.

притисни ентер