Топ 5 технолошки новитети кои доаѓаат во блиска иднина

Во време полно технолошки иновации, оваа 2024 година, според познавачите, веќе се обликува како една пресвртна точка за некои од највозбудливите технолошки достигнувања. 

Во продолжение следат пет можеби клучни трендови коишто ќе ги дефинираат следните неколку години.

1. Поголем опсег на вештачката интелигенција (ВИ) и подобри можности. ВИ континуирано ги дефинира и унапредува можностите во многу области - од здравствена заштита до финансиски услуги. Тоа денес овозможува, на пр., и попрецизни предвидувања, автоматизирани сложени задачи и персонализирани кориснички искуства. Во 2024 година, се очекува напредок на ВИ во етичките упатства и транспарентноста, одговарајќи на растечките барања за поодговорна технологија ширум светот.

2. Квантни компјутери. Од теорија до пракса, квантната технологија којашто долго време е резервирана за лабораториски истражувања, сѐ повеќе го наоѓа своето место во практичните примени. Со потенцијал да трансформира сè - од безбедносни протоколи до начините на обработување огромни количини податоци, квантното пресметување влегува во нова фаза од својата имплементација. Предводниците во оваа индустрија, како „Гугл“ и „Ај-би-ем“ веќе имаат завидни резултати во квантното пресметување, а најавуваат и можност за негова поширока примена уште оваа година.

3. „Попаметен“ Интернет на нештата („ИоТ“): Поврзаност, технологија, подобар живот... „ИоТ“ станува сѐ побогат со напредна „паметна“ технологија, со подобри интеграции и современи функционалности што го олеснуваат животот на луѓето. Во 2024 година, се очекува паметните уредите да станат уште посамостојни, со понапредни способности и подобра енергетска штедливост и одржливост. Паметните домови и градови ќе користат „ИоТ“ за да се подобри сè: управување, енергија, безбедносни системи итн., што претставува голем чекор напред во секојдневниот однос со технологијата.

4. Развој на 5-Г и новата 6-Г технологија. Додека 5-Г го освојува светот, 6-Г технологијата е веќе во најава. Оваа година, 5-Г ќе овозможи нови нивоа на поврзување и брзина на интернет, што ќе има големо влијание врз развојот на новите технолошки апликации, вклучувајќи проширена виртуелна реалност, но и „ИоТ“. Развојот на 6-Г, пак, ветува уште поголеми брзини и можности, што води до нови граници во телекомуникациите.

5. Одржлива технологија: Иновации за позелена иднина. Соочени со глобалните климатски промени, технолошкиот сектор игра клучна улога во создавањето поодржливи решенија. Во 2024 година, иновациите насочени кон намалување на јаглеродот и поттикнувањето одржливост ќе бидат во центарот на вниманието. Од еколошки извори на енергија до одржливи производствени процеси - технологијата е во првите редови во борбата за позелена планета.

Нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на високо ниво утре во Брисел

 Нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на високо ниво, во која ќе учествуваат претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, ќе се одржи утре во Брисел.

Домаќин на состанокот ќе биде високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, а во дијалогот ќе учествува и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

На состаноците ќе се разгледа тоа што е постигнато досега во дијалогот што го води високиот претставник и ќе се фокусира на патот за напредок, соопшти Европската служба за надворешни работи.

Далиќ: Не можеме да влијаеме на пласманот во плејофот, се беше во наши раце

Селекторот на хрватската репрезентација Златко Далиќ е разочаран од пропуштената шанса неговата репрезентација вчеравечер да обезбеди пласман во осминафиналето на Евро 2024.

Хрватите одиграа 1:1 со Италија. Примија гол во 90+8.минута, неколку секунди пред последниот судиски свиреж.

- Хрватските играчи беа добри, особено во првото полувреме. Не примивме ниту еден гол, што не успеавме на натпреварите со Шпанија и Албанија. Можам само да им честитам на момците за одличната борба. На ова ЕП промашивме два пенала, примивме два гола во судиското надополнување, немавме среќа. Шансите за пласман во плејофот? Не можеме да влијаеме на ова, ситуацијата беше во наши раце. Благодарам на луѓето кои нè поддржаа, жал ми е за нив, најмногу од сè сум разочаран поради ова, изјави Далиќ на официјалната веб-страница на УЕФА.

Хрватска со два бода е трета во групата и само со теоретски шанси за пласман во следната фаза на ЕП во Германија.

Самка Ибраимовски: Не сум му се заканил на никого

Не сум му се заканил на никого, зошто Уставен суд своја одлука со иста иницијатива повторно да ја преиспитува.

Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) Самка Ибраимоски денеска одржа прес-конференција на која се осврна на постапувањето на Уставниот суд кој пред неколку дена поведе нова постапка за член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигациските односи.

Според Ибраимовски, главниот проблем и прашање кое јавноста треба да го постави е како е можно еднаш Уставниот суд да отфрли иницијатива за преиспитување на законитоста и уставноста на измените на Законот за облигациски односи, а потоа истата своја одлука со иста иницијатива повторно да ја преиспитува.

- Најголемата лакрдија во оваа игра на Уставниот суд е тоа што при првото отфрлање на иницијативата беше детално образложено и појаснето зошто истата се отфрла, односно беше наведено дека законот се однесува за постапки кои се во тек и не се завршени и со вакво законско решение не се врши дискриминација ниту се кршат уставните начела. Тоа го потврди и Венецијанската комисија. Сега повторно на исти околности, Уставниот суд ја преиспитува сопствената одлука. Дали со ваквото постапување на највисокиот суд во државата, односно судот кој е чувар на Уставот, а со тоа и на супрематните вредности на едно општество, граѓаните ќе чувствуваат правна сигурност или пак ќе се создаде правна конфузија? Односно атомска бомба за граѓаните. Дали со ваквото постапување Уставниот суд се става на позиција на Собрание, на позиција на Влада, и како што се менуваат Уставните судии, така и ќе се менуваат стратегиите на судот, па ќе се менуваат закони и слично, истакна Ибраимовски.

Според него, Уставниот суд треба да поведе сметка за состојбата на народот, а не на одредени групи на интерес.

- Сите мои реакции овој изминат период се токму поради гласините дека големите бизнис и банкарски олигарси вршат притисок за овие измени да не профункционираат, заради тоа што директно засегаат во нивниот интерес, а за сметка на граѓаните. Единствено гласот на народот е оној кој треба да ги опомене сите институции, па дури и Уставниот суд дека тука се за народот, токму заради тоа гласно и јавно зборувам овој период на оваа тема. Зошто за ургентно за важечки уставен закон, поставувам прашања до уставните судии, или сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба и ќе го упропастите сопствениот македонски народ, односно 200 илјади блокирани сметки. Ќе има проблеми нормално ќе останат луѓе без куќи, без плацови, без станови и ќе живеат под шатори и приколки. Затоа уште еднаш зошто ургентно за еден важечки закон кој веќе еднаш е одлучено и дел од судиите потврдија дека дел од судиите е разгледан овој закон и не треба повторно да се разгледува, рече Ибраимоски.

На новинарско прашање дали е точно дека се заканувал на уставните судии, за што пишуваа одредени медиуми, Ибраимовски посочи дека бил повикан во полиција, но тоа било за прашање поставено на социјалната мрежа Фејсбук и дека не се заканил на никого.

- Јас сум поставил само едно прашање - што ако настанат убиства? Сум го пренел гласот на народот, што ми пишуваат мене, во мојот инбокс, каде кажуваат дека: „ќе земам пиштол“ и дека: „ќе отепам некого“ или „јас ќе се отепам“. Тоа е мое едно поставено прашање, кој ќе одговара за настанати убиства ако се случат, ништо посебно закани сум имал кон судиите. Јас лично не сум се заканил нити на Ана Павлова Данева, нити на претседателот на судот. Претседателот на судот, гласаше во првиот состав, кога се одлучуваше за овој закон. Сега во второто прегласување тој гласаше против својата самостојна одлука. Дали нешто не е во ред и дали има индиции тоа треба да се позанимава јавниот обвинител затоа што овој закон е спас за народот што не се почитува веќе една година и има правосилни пресуди добиени што не ги почитуваат извршителите. Ова е една голема игра меѓу извршителите, олигарсите, судиите, истакна Ибраимоски.

Минатата 2023 година со измената на законот за облигациски односи се регулира висината на казнената камата и висината на трошоците кои треба да ги платат луѓето за заостанати долгови, што беше оценето од Ибраимоски како крај на огромните камати.

притисни ентер