Трамп: Поради обвиненијата против мене, имам поголема поддршка од Афроамериканците

- Не сум обвинет за ништо, за нешто што е ништо“, рече Трамп на собир на афроамериканските конзервативци во Јужна Каролина.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп рече дека поради четирите кривични обвиненија поднесени против него, тој има поголема поддршка меѓу Афроамериканците „бидејќи го гледаат како жртва на дискриминација“, споредувајќи го она што му се случува со историското наследство на предрасудите за Афроамериканците во правниот систем на САД.

- Не сум обвинет за ништо, за нешто што е ништо“, рече Трамп на собир на афроамериканските конзервативци во Јужна Каролина.

- И многу луѓе рекоа дека затоа ме сакаат Афроамериканците, затоа што биле тешко повредени и дискриминирани и всушност ме виделе како дискриминиран. Тоа е прилично неверојатно, но можеби, можеби, има нешто во тоа, рече Трамп.

Претходно оваа недела, Трамп се спореди со рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој почина во затвор.

Тој ја фокусираше својата трета кампања за Белата куќа на поплаките против Бајден и она што тој го нарекува „длабока држава“ што „се накомила“ на него.

Изборниот штаб на Трамп предвидува дека тој ќе помине подобро со афроамериканските гласачи во ноември отколку пред четири години, наведувајќи ја неговата предност за прашања како што се економијата и рекордниот број луѓе кои ја преминуваат границата на САД со Мексико, кои често завршуваат во градови со големо афроамериканско население. /МИА

Уапсени 17 припадници на затворска полиција во Идризово

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираше утринава дека се уапсени 17 припадници на затворската полиција во КПУ Идризово. 

Акцијата ја спроведе МВР во координација со ОЈОГОКК , а доаѓа по претресите извршени во Идризово пред неколку дена.

Уапсените затворски полициајци веќе се спроведени во Кривичениот суд, а Обвинителството најави повеќе детали во текот на дејнот.

Милијардерот Бил Гејтс со нова девојка на црвениот тепих

Еден од најбогатите луѓе на светот, 68 годишниот милијардер Бил Гејтс се појави на доделувањето на наградите „Breakthrough“ во Лос Анџелес во друштво на својата девојка, 60-годишната Пола Херд . 

Пола е вдовица на поранешниот извршен директор на „Oracle“, Марк Херд.

Гејтс се разведе од сопругата Мелинда во мај 2021 година по 27 години брак, а разводот беше финализиран во август истата година. Бил и Пола само една година по разводотна милијардерот беа видени заедно а врската ја потврдија во 2023 година.

ЦУК: 23 пожари на отворено, два се уште се активни

Изминатото деноноќие евидентирани се 23 пожари на отворен простор, од кои два се уште се активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарот кој започна пред неколку дена кај село Ѓермо, Општина Тетово е се уште активен. Пожарот сега се наоѓа над село Селце на оддалечен и тешко пристапен терен, а гори букова шума, ливади и меѓни стебла и ниска вегетација, информираат од ЦУК.

Според последните информации добиени од одговорни лица од НП Шар Планина и ТППЕ Тетово пожарот е се уште активен и има тенденција да се шири. Вчера поради настапување на ноќта екипите во 19:10 часот се повлечени од терен, а со интервенција е продолжeно денеска во раните утрински часови.

-Регионалниот ЦУК Битола, известува дека пожарот кој беше активен над село Велушина на ден 13.04.2024 година во текот на ноќта беше изгаснат, но на ден 14.04.2024 година дошло до негово повторно активирање и во моментот со пожарот е зафатен папрат, смрека и шума над село Остерец на Баба Планина. Во текот на денот во негово гаснење интервенирале четири лица од ЈП Национални шуми-подружница Кајмакчалан од Битола и четворица пожарникари со две противпожарни возила кои поради настапување на ноќ се повлечени од терен. Според последните информации пожарот е на непристапен терен и горат суви лисја и гранки. Нема опасност по населени места и НП Пелистер. За настанот се известени релевантните субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), се наведува во соопштението.

Во ЦУК имало вкупно 1 973 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 55,45 отсто, а 44,55 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 55,78 отсто, кон итната медицинска помош 30,35 отсто, а кон пожарникарите 10,40 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и да редовно да се чистат локалните одводни канали.

притисни ентер