Тренчевска: Досегашните проекти со Светска Банка се покажаа со голем успех

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Сара Кол-Блек, виш специјалист за социјална заштита во глобалната практика за социјална заштита и работни места во Светска банка.

Тренчевска денеска се сретна со Сара Кол-Блек, виш специјалист за социјална заштита во глобалната практика за социјална заштита и работни места во Светска банка, Бојана Нацева, виш специјалист за образование, Даниел Гароте Санчез, меѓународниот консултант за мобилност на трудот во Светската Банка и Цвета Перушеска – Јончевска Портфолио аналитичарка во Светска Банка.

На состанокот се разговараше новиот проект помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Светска Банка во делот на социјалната заштита и детската заштита. Од страна на присутните претставници на Светска Банка беше покажан интерес за поддршка на министерството и во подобрување на работата на Центрите за социјална работа. Според нив социјалните услуги ќе бидат добри онолку колку се добри во работата оние кои ги испорачуваат услугите.

Тие истакнаа дека тимот од Светска Банка кој е присутен на состанокот составен од експерти во областа на трудот, образованието и социјалната заштита можат да понудат предлог план кој ќе ги допре сите аспекти на работа на министерството.

Министерката ја покажа својата заинтересираност за продлабочување на соработката. Таа истакна дека претходната успешна соработка и влева само сигурност за цврсти чекори напред кои ќе бидат во корист на граѓаните, соопшти МТСП.

Царинската управа спречи обид за нелегално изнесување девизи и заплени 6.850 евра

Царинската управа спречи обид за нелегално изнесување девизи на граничен премин Табановце во износ од 6.850 евра, кои македонски државјанин не ги пријавил. 

Девизите се одземени, а против лицето е поднесена и пријава за девизен прекршок, информираат од Царинската управа.

Лицето, инаку сопатник во товарно моторно возило и возачот на камионот на прашање на царинските службеници дали имаат нешто за пријавување одговориле дека немаат ништо.

-Поради сомневање возилото е селектирано на контрола, при што во левиот преден џеб на сопатникот се пронајдени 8.850 евра за кои лицето не поседувал документ за потекло на парите. Согласно Законот за девизно работење на лицето му се вратени две илјади евра, а останатите се одземени, велат од Царинската управа.

Оттаму додаваат дека ова е втор случај во два дена на заплена на девизи и апелираат до граѓаните да ги пријавуваат девизите при влез и излез од државата.

Со ребалансот 4,1 милијарда денари за плати и пет милијарди денари за исплата на пензиите

Вкупно 4,1 милијарда денари за плати и пет милијарди денари за исплата на пензиите се предвидени со ребалансот на Буџетот, соопшти денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

На прес-конференција во Владата таа информира дека вкупните приходи во Буџетот се планирани на 318 милијарди 150 милиони денари што е за 8,22 милијарди зголемување. Планирнао е и зголемување на даночните приходи од сопствени сметки. Расходите се планирани на 362 милијарди 816 милиони денари што е зголемување од 19,178 милијарди денари.

Првично проекитраниот БДП, потенцира, е неостварлив. Инфлацијата е предвидена на ниво од 3,5 отсто, а растот на нето платата за 13 проценти.

Според министерката, со ребалансот се обезбедени 4,1 милијарда денари за плати од кои 1,1 милијарда за блок дотации кои не биле планирани во основниот буџет. Во дел од институциите, како што рече Димитриеска Кочоска, имало предвидени плати само до јуни.

-При подготовката на ребалансот се тргна од претпоставките колку средства може да се прераспределат од ставки кои бележат слаба реализација. Со прераспределбата се обезбедени 20 милијарди денари, а дополнителни 11 милијарди денари се планирани за покривање на доспеаните обврски и обврски кои биле законски, а не биле планирани. Тоа резултира буџетскиот дефицит да се зголеми за 11,156 милиони денари, истакна Димитриеска Кочоска.

Од 2024 до 2028 државата само по основа на камати треба да исплати 1,800 милијарди евра.

Димитриеска Кочоска ја почна прес-конференцијата со констатција дека опшатата состојба во Буџетот ги надминала очекувањата на Владата.

-Ветив дека ќе бидам секогаш искрена пред граѓаните. Затекнавме состојба која значи држава во хаос и долгови, список на желби наместо развој. Економијата е во клиничка смрт, нагласи Димитриеска Кочоска.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ прави притисок врз ДКСК да го скрие случајот фамилјарно патување за Вашингтон

Според информациите кои доаѓаат до СДСМ, високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски вршат притисок врз ДКСК за да се заташка случајот со истрагата за фамилијарното патување со синот за Вашингтон. 

Мицкоски веќе трет ден бега и се крие да објави приватни сметки кои тврди дека ги платил лично за патувањето, што јасно укажува дека тоа не го направил.

СДСМ поднесе барање до сите институции за пристап до информации од јавен карактер, па да видиме дали ќе се одважат конечно да ги објават податоците кој се шетал на сметка на граѓаните во САД.

Според нашите сознанија има уште неколку работи кои се интересни за јавноста за оваа прошетка на Мицкоски кои се држат во тајност. Но, СДСМ набрзо ќе ги открие.

Им порачуваме да ги тргнат рацете од институциите и дека 2016 година одамна е помината. Брзо ќе се открие вистинското лице на ново режимско ВМРО-ДПМНЕ ако продолжат да го прават тоа, а граѓаните тоа жестоко ќе го казнат.

Повеќе од јасно е дека Мицкоски е преплашен од истрагата и инфомрациите кои ги крие. Но како што љубеше да каже менторот на Мицкоски, вистината е како шило, кога тогаш ќе излезе на површина.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер