Туск: Трамп е проруски настроен, но знае да изненади, па да ги почекаме првите одлуки

- Мораме да бидеме подготвени за промени во прашањето што е клучно за нас, безбедноста, Украина, Русија, војната. Промена на фронтот во Вашингтон? Не познавам никој што може да одговори на тоа прашање во моментов, изјави Туск за полските медиуми.

Полскиот премиер Доналд Туск денеска пред дса замине за Будимпешта изјави дека идниот американски претседател Доналд Трамп е секако попроруски настроен и оти неговата администрација ќе донесе динамични промени во однос на војната во Украина, но оти е непредвидлив и треба да се почекаат првите одлуки во јануари.

- Мораме да бидеме подготвени за промени во прашањето што е клучно за нас, безбедноста, Украина, Русија, војната. Промена на фронтот во Вашингтон? Не познавам никој што може да одговори на тоа прашање во моментов, изјави Туск за полските медиуми.

Полскиот премиер истакна дека добро го познава Трамп бидејќи соработувал со него во првиот мандат на Трамп кога Туск беше претседател на Европскиот совет и оти не се жали на неговите лични контакти со Трамп, иако за многумина тој е контроверзен политичар.

- Еден од принципите по кои се води Трамп е да користи непредвидливост во својата политика. Често слушав од него во приватни разговори дека е корисно да се изненади. Понекогаш сојузници, понекогаш непријатели. Трамп има една карактеристика што го олеснува сфаќањето на неговите намери, отворено го кажува оба што го мисли. Не ја открив Америка кога реков дека претседателот Трамп е попроруски од претседателот Бајден, рече Туск.

Полскиот премиер нагласи дека колку и да им изгледа контроверзен Трамп на многумина, демократскиот избор во демократски избори е свет.

- Затоа нема потреба да се нагаѓа кој кого повеќе сака во Европа и во САД. Треба да пристапиме кон институцијата американски претседател со целосна почит, рече Туск.

Полскиот премиер денеска и порача на полската опозиција да не мисли дека изборот на Трамп за претседател на САД ќе ги врати на власт и оти сегашната проевропска коалициска влада на премиерот Туск треба да поднесе оставка.

Ќустендил и други општини од Бугарија бараат брз старт на изградбата на автопатот до Македонија

Изградбата на автопатот од Дупница до граничниот премин со Македонија Ѓуешево треба да почне што е можно поскоро, инсистираат локалните власти од регионот на Ќустендил, Бугарија.

Советите на општините во целиот регион потпишаа декларација во која бараат властите на Бугарија да посветат сериозно внимание на напредокот на важната инфраструктурна локација, која освен патна, вклучува и железничка пруга. Декларацијата ќе биде испратена до претседателот, националното собрание, советот на министри и други институции, јавуваат бугарските медиуми.

Општинските советници на Ќустендил, Дупница, Бобов Дол, Сапарева Бања, Рила, Кочериново, стравуваат дека Македонија се обидува да ги пренасочи европските средства наменети за коридорот 8 за коридорот 10, јави бугарската национална телевизија...

Калифорнија воведе вонредна состојба после силниот земјтрес

Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусам синоќа прогласи вонредна состојба во оваа сојузна држава по замјотресот со јачина од 7 степени по Рихтеровата скала.

-Пред малку воведов режим на вонредна сосотојба за да се овозможи испраќање ресурси таму каде што е непоходно за вонредно да се реагира на земјотресот со јачиа од 7,0 кој се случи денеска наутро, напиша гувернерот на социјалната мрежа „Икс“. Тој додаде дека властите работат во оперативен режим за да ги „информираат и обезбедат безбедност на калифорнијци“.

Според Геолошката служба на САД, епицентарот се наоѓал во Тихи Океан, 63 километри западно од градот Петролија. Засега нема информации за настрадани или за материјални штети. Властите го повлечија предупредувањето за закана од цунами./МИА

Спречен терористички напад на божиќен пазар во Германија

Германската полиција спречила потенцијален терористички напад на божиќниот пазар во Баварија, откако добила дојава од странска разузнавачка агенција за активностите на еден осомничен маж на интернет.

Според германски Велт, осомничениот, 37-годишен маж од Ирак, бил уапсен во објект за баратели на азил во градот Аугсбург.

По апсењето тој е задржан во притвор каде чека депортација. Во 2016 година беше извршен терористички напад на божиќниот пазар во Берлин, кога припадник на џихадистичката исламска држава влета со камион во толпата и уби 13 луѓе.

Две години подоцна, екстремисти поврзани со Исламската држава извршија напад на божиќниот пазар во стразбур, кога беа убиени пет лица..

притисни ентер