Учениците од V одделение ги дочекаа учебниците по Македонски јазик пред крајот на учебната год.

Петтоодделенците ги дочекаа учебнците по македонски јазик, но, буквално на самиот крај од учебната година, што ги разочара дури и најголемите оптимисти.

Учебниците кои се чекаа од почетокот на учебната година на петтоодделенците ќе им користат само 10тина дена.

Од МОН велат дека, по добиената согласност за примена на учебникот од страна на националната комисија за учебници, истиот е испечатен и преку етапна испорака доставен до сите училишта. Сепак проблемот со учебниците доведе до револт кај дел од родителите, бидејќи според нив, децата годината повеќе ја поминале во импровизација и снаоѓање.

Да честитам, нема што, што да правиш.

Ели Сотировска, мајка на петтооделенка од Скопје, пред камерата на Канал 5 се пожали и дека самите учебници биле со несоодветна содржина, што е дополнителна потешкотија за децата да ги изучуваат.

Какви учебници, каква образовна програма имаат таква иднина ќе има државата, значи се катастрофа, особено за петто одделение, затоа што јас имам петтоодделенка дома.. Не ми се допааѓ учебниците ниту како се напишани, ниту материјата, ниту што нема континиуитет во образовниот процес, ништо не ми се допаѓа и дека не можат самостојно да учат децата од тие учебници туку мора да имаат помош и од дома, од родителите.

Дел од анкетираните граѓании пак, порачаа дека надлежните треба да имаат посериозен пристап кон образовниот концепт..

Мислам дека е срамота, не знам што да кажам, јас сум сестра на две деца од второ одделение и го гледам процесот на образование како се одвива и не знам што повеќе да кажам, мислам дека не е во ред.

Во однос на тоа, уште колку учебници недостасуваат, од МОН велат дека преостанува да се одобрат и испорчаат учебниците за странски јазици од прво до деветто одделение.

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

Претставничкиот дом на САД треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, Израел и Тајван

По неколкумесечно одложување, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, Израел и Тајван, вреден 95 милијарди долари, како и за евентуалната забрана на ТикТок во САД.

Предлог-законите се резултат на повеќемесечни тешки преговори меѓу демократите и републиканците, како и притисокот од сојузниците на САД и постојаните молби за помош од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Законите, сепак, сè уште имаат гласни противници во Конгресот, а надежите за усвојување зависат од кревката двопартиска коалиција која се обидува да ги надмине големите процедурални и законодавни пречки, пренесува Би-Би-Си.

Спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон изјави дека е решен да ги поднесе законите на гласање, и покрај фактот што радикалните републиканци може да побараат негово разрешување.

Предлогот предвидува 60,8 милијарди долари помош за Украина, 26,4 милијарди долари за Израел и 8,1 милијарди долари за индо-пацифичкиот регион, вклучувајќи го и Тајван.

Претставничкиот дом ќе гласа за секој предлог-закон поединечно, што значи дека некои може да поминат, а некои не.

Претседателот Џо Бајден и демократските пратеници во Конгресот со месеци се залагаат за нов голем пакет оружје за Украина, но републиканците под влијание на нивниот претседателски кандидат Доналд Трамп, ја условуваа помошта.

Со усвојување на законите, исто така, ќе му се овозможи на Бајден да конфискува и продава руски имот, а средствата да ги намени за помош на Украина, потег што беше прифатен и од другите земји од Г7.

Претставничкиот дом ќе ја разгледа и предложената законска одредба со која треба да се принуди ТикТок да се откаже од кинеската матична компанија ByteDance или ќе се соочи со забрана во САД, каде што има околу 170 милиони корисници.

Белата куќа соопшти дека „силно го поддржува“ вкупниот пакет помош и оти Бајден ќе ги потпише законите веднаш штом бидат усвоени од двата дома на Конгресот.

Тоа би можело да се случи за неколку дена, бидејќи лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, вети дека Сенатот со мнозинство од демократите брзо ќе преземе мерки штом бидат усвоени од Претставничкиот дом.

Сепак, политичките аналитичари во САД оценуваат дека усвојувањето на законите во Претставничкиот дом, би можело да го чини спикерот Мајк Џонсон губење на спикерското место. Неколку екстремно десничарски републикански пратеници предупредија дека може да го соборат Џонсон поради поддршката на нацрт-законите. /МИА

притисни ентер