УНЕСКО: Неинвестирањето во образованието годишно го чини светот илјадници милијарди долари

Недостигот од инвестиции во образованието годишно го чини светот илјадници милијарди долари, покажува денеска објавената студија на УНЕСКО.

Во извештајот насловен „Цената на неактивноста: приватни, социјални и фискални трошоци за децата и младите кои не учат“, експертите на ОН за образование, наука и култура пресметаа дека тоа ќе го чини светот 10 трилиони долари во 2030 година. Таа сума го надминува комбинираниот БДП на Франција и Јапонија, две од најбогатите земји во светот, рече генералниот директор на УНЕСКО Одри Азуле.

Таа укажува на „маѓепсан круг“ на недоволно инвестирање во квалитетно образование.

„Луѓето со помало образование имаат помалку вештини. Неквалификуваните работници заработуваат помалку. Луѓето со пониски примања плаќаат помалку даноци, што значи дека владите имаат помалку ресурси да инвестираат во образовни системи кои се достапни за сите“, истакна Азуле.

Околу 250 милиони деца (128 милиони момчиња и 122 милиони девојчиња) не оделе на училиште во светот во 2023 година, според УНЕСКО, а една од последиците е тоа што околу 70 отсто од десетгодишните деца со средни и ниски приходи земјите не можат да разберат едноставен пишан текст.

Според извештајот, јазот во вештини достигнува 94 отсто во субсахарска Африка, 88 отсто во Јужна Азија и Западна Азија, 74 отсто во арапските земји и 64 отсто во Јужна Америка и Карибите. Со намалување на бројот на млади луѓе кои не посетуваат училиште или се недоволно обучени за 10 отсто, глобалниот БДП би растел за еден до три отсто годишно, заклучуваат експертите на УНЕСКО во таа студија.

Премиерот Мицкоски оствари средба со српскиот претседател Вучиќ во Лондон

На Самитот на европската политичка заедница во Лондон, премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Пријателска средба со Александар Вучиќ, Претседател на Република Србија во Лондон на Самитот на европската политичка заедница.

Разговаравме за продлабочување на соработката, како и за мирот и стабилноста на регионот.

Добрососедските односи се клучен фактор за просперитет и развој на земјите од Балканот, и во тој контекст се договоривме наредниот период да продолжиме со добрата комуникација помеѓу двете земји.

Економијата и трговската размена, како и подобрување во инфраструктурното поврзување помеѓу Македонија и Србија треба да бидат значаен фактор кон развивање на двете земји“, објави Мицкоски на Фејсбук.

Мицкоски: Транзитот на гас низ Македонија е во корист на Европа

Денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во своето обраќање на Самитот на европската политичка заедница кој се одржа во Лондон се осврна на енергетиката.

„Енергетиката е денес важно прашање во светот во услови на руска агресија на Украина. Да се зборува за енергетика во политиката е една работа, а кога се зборува за реализација на енергетски проекти од технички аспект е сосема друга. Да нагласам дека реализацијата на енергетските проекти бара време, не може само да замислиш и веднаш истото да се реализира. Мора да направиш план, да ја завршиш домашната работа и потоа да следи една декада до реализација“, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека е неопходна регионална соработка на овој план, бидејќи сите земји од регионот и Европа треба да најдат алтернатива на рускиот гас и неговата злоупотреба за политичко влијание.

„Мора да ги консолидираме нашите планови и да работиме заедно, затоа што без разлика дали сме членови на ЕУ или кандидати за членство, ние мора да работиме заедно, затоа што сите ние сме поврзани. Ние сме мала земја, ние не сме голем конзумер на енергија, но сме значен дел затоа што сите транзитни договори низ Украина истекуваат до крајот на годината. Единственото решение ќе останат јужниот и турскиот поток што значи руски гас и Русија ќе го искористи тоа за политичко влијание. Затоа мора да најдеме начин како да го замениме рускиот гас со други извори“, кажа премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека Македонија забрзано работи на полето на енергетиката, се работи на изградба на интерконектори и целта е државата да има важна улога во идниот транзит на азербејџански, катарски, американски или друг извор на гас кон Европа.

„Ние можеме да бидеме значаен транзитен фактор. Ние ја забрзуваме изградбата на интерконектор со Грција и наскоро ќе почнеме со изградба на интерконектор со Србија. Со тоа и централно европските земји би имале подобар пристап до азербејџански, катарски, казахстански и гас од САД. Транзитот низ мојата земја е во корист на Европа. За таа цел ние имаме нов ресор во Владата, министерство за енергетика, рударство и минерални суровини кое ќе биде одговорно за ова прашање, бидејќи сакаме да бидеме значаен играч на ова поле“, рече Мицкоски.

Европската централна банка донес еодлука за каматната стапка

Европската централна банка ја задржа основната каматна стапка на 3,75 отсто, оставајќи ја вратата отворена за можното намалување во септември .

Европската централна банка ја задржа основната каматна стапка на 3,75 отсто, оставајќи ја вратата отворена за можното намалување во септември и покрај загриженоста дека геополитичката несигурност и брзиот раст на платите ќе продолжат да ги зголемуваат цените, пишува Фајненшл тајмс.

Оваа одлука била очекувана, пренесува Ројтерс, а со ова ЕЦБ не дала никакви навестувања за нејзиниот следен потег, со образложение дека домашните ценовни притисоци се уште се високи и дека инфлацијата ќе биде над целта веќе следната година.

ЕЦБ ги намали стапките од рекордно високите стапки минатиот месец, потег што дури и некои од нејзините креатори на политиката го сметаа за избрзан откако напредокот во намалувањето на инфлацијата до целта од 2 отсто заглави.

Со домашната инфлација сè уште тврдоглаво висока и стабилен раст на платите, банката најверојатно ќе биде повнимателна во однос на понатамошните чекори.

Тоа значи дека каматните стапки на главните операции за рефинансирање и каматните стапки на маргиналната кредитна линија и на депозитната линија остануваат на 4,25%, 4,50% односно 3,75%.

притисни ентер