Универзална сала не изгоре, гореа градежни материјали-тврди фирмата што вршеше реконструкција

Универзална сала не изгоре, изгоеа стари материјали, а се што беше вредно беше извадено уште во 2021 година, уверува Лазар Арсоски - претставник на компанијата која ја вршеше реконстукцијата. 

Арсоски објаснува дека следниот чекор по завшрувањето на увидот од надлежните органи е изработка на елаборат кој ќе ги утврди штетите на металната конструкција. Според него, пожарот не создал голема штета на самиот проект и е оптимист дека наскоро реконстукцијата би можела да продолжи, а секоја штета што ќе биде утврдена на терен ќе ја сноси компанијата.

-Универзална сала не изгоре, туку изгоре моментот којшто требаше да биде дислоциран, градежните работи коишто требаа да бидат дислоцирани од тој објект. Во глобала во салата беа стари материјали како иверица, стар челик, стар алуминиум. Секоја штета што ќе биде увидена на самата нова челична конструкција, ако биде увидена ќе биде заменета за нова и се тоа ќе се среди,- Лазар Арсоски – претставник од Универзал Балкан и Актива Штип.

Од фирмата задолжена за надзор на реконстукцијата на Универзална сала велат дека активностите нема да продолжат се додека не се испита безбедноста на новата метална конструкција.

-Додека не се покаже дека коигзистенцијата на материјалот на металот не е нарушена, тогаш ќе се продолжи со работа, доколку испитувањето го покаже спротивното тоа што е нарушено ќе се демонтира и ќе се почне со нова конструкција,- Љубин Макаровски –ЕОС Скопје .

На денешниот брифинг со медиумите Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска кажа дека реконстукцијата на Универзална сала ќе продолжи и ќе биде завшрена во предвидениот рок.

Целиот случај го испитува и Скопското обвинителство, откако полицијата ги приведе и ги пушти тројцата работници со образложение дека тие немаат поврзаност со избувнувањето на пожарот. Истрагата треба да одговори која е причината за пожарот, дали се работи за несреќен случај или е предизвикан од човечки фактор.

Полска го ограничува правото на движење на руските дипломати: Ова да го сфатат многу сериозно

Полска ќе воведе ограничувања кога станува збор за движењето на руските дипломати на нејзина територија поради вмешаноста на Москва во хибридната војна против Европската унија, изјави денеска министерот за надворешни работи Радослав Сикорски.

Односите меѓу Полска и Русија се затегнати по избувнувањето на конфликтот во Украина во 2022 година.

Варшава ја обвинува Москва и за шпионски активности и саботажа на територијата на Полска, пренесува Ројтерс.

„Се надеваме дека Руската Федерација ќе го сфати ова како многу сериозно предупредување“, изјави Сикорски за новинарите во Брисел.

Тој додаде дека руската амбасада во Варшава ќе биде известена за оваа одлука и дека ограничувањата за движење важат за целиот персонал во амбасадата и конзулатите, освен за амбасадорот.

Зиков: Изборите поминаа, мора да се оладат главите

„ Проблемот е во политичката волја на владата дали сака да го реши и временски кога сака да го реши прашањето со уставните измени“

Со инаугурацијата на претседателката на Македонија, почнато е со „дур“, ќе видиме понатаму како ќе се даваат и заклетвите од страна на министрите и како ќе се одвива тоа. Мора да се корегираат некои позиции. Мора да го фатиме патот со ЕУ, Албанија е спремна за преговори, Србија и Црна Гора веќе преговараат и тоа мора да почне сега. Не смеат да се прават грешки, мора да се оладат главите, изборите поминаа. Претходно ние требаше да се качиме на возот што стоеше за Европа, а сега возот се движи кон Европа а ние трчаме и треба да се качиме. Доколку партиите од Албанскиот блок не останат на висината на задачата и тоа што го ветиле тогаш ќе им паѓа рејтингот, а ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да го реши тоа што не сакаше 4 години претходно да го реши, само да најде начин како да го „спакува“. Проблемот е во политичката волја на владата дали сака да го реши и временски кога сака да го реши прашањето со уставните измени. Едно сценарио е да се почекаат локалните избори и да го решат по нив за да не им падне рејтингот, друга опција е по нова година, тоа ќе биде исто така на почеток на мандатот, а паметни влади такви поркупни прашања решаваат на почеток на мандатот, трета опција е можеби заедно со локалните да има и предвремени избори па така ВМРО-ДПМНЕ да си го зголеми бројот на пратениците, од 58 на 62 и така да има стабилно мнозинство да ги усвои уставните измени, рече Љупчо Зиков во Само Вистина.

Неверојатно: Октопод влече нуркач на дното на океанот за да му покаже чуден предмет (ВИДЕО)

Познато е дека октоподот е исклучително интелигентен и сака да се дружи со луѓе.

Во средата, на 17 април, Weather Channel сподели видео од нуркач кој имал интересно искуство со октопод кој сакал да го предупреди за нешто што сметал дека е потенцијално опасно.

Октоподот го фатил нуркачот за рака и го одвел до нешто што тој го нашол, пренесува Pethelpful.

Австралискиот нуркач Џулс Кејси сретнал октопод со кого што претходно имал интеракција, но не на овој начин. Октоподот го фатил за рака и го одвел до нешто што според негово „мислење“ не припаѓа на морското дно.

Гледајте како октоподот ја покажува мистериозната структура што ја пронашол!

@weatherchannel An Australian diver was “shocked” when a friendly octopus led her by the hand to show her an underwater mystery. #TheWeatherChannel #fyp #animal #animals #octopus #nature #ocean #humans #friends #discovery ♬ original sound - The Weather Channel

Нуркачот рекол дека бил шокиран кога пријателски октопод го одвел до нешто што изгледало како надгробна плоча со слика на човек и неговото куче.

Коментарите на оние кои го погледнале видеото се исти: сите велат дека октоподот е многу паметен.

„Колку повеќе учам за нив, толку повеќе сум заљубен во видот“, вели еден гледач.

„Октоподот знаеше дека е туѓ предмет и сакаше да го покаже. Неверојатно е!“

Познато е дека октоподите се срамежливи и обично пријателски настроени кон луѓето.

притисни ентер