Успешно завршен 20.Скопски маратон- Министерот Борко Ристовски упати честитка до учесниците

​Министерот за спорт Борко Ристовски им ги врачи медалите на најуспешните на денешното јубилејно 20.издание на Скопскиот маратон, упатувајќи честитки за сите учесници на маратонот за нивната издржливост и посветеност. 

Министерството за спорт е главен покровител на оваа најголема атлетска манифестација кај нас.

-Скопскиот маратон и оваа година покажа дека Македонија е подготвена да организира спортски настани од светски размери. Горд сум што Министерството за спорт е главен покровител на оваа атлетска манифестација која го става Скопје и Македонија на светската маратонска мапа.Ние како Министерство за спорт секогаш ќе бидеме поддршка за ваквите настани кои негуваат вистински спортски вредности, градат традиција и носат промоција на нашата Македонија во светот – истакна министерот Ристовски.

Тој упати честитки до сите учесници на маратонот како и до организаторите и до сите што придонесоа денешната трка да мине во најдобар ред, нагласувајќи дека Скопскиот маратон е една од најзначајните спортски манисфестации која негува традиција и промовира вистински спортски вредности.

-Честитки до сите учесници, за вашата посветеност и напор. Вие сте вистински инспирација и пример дека преку спортот се градат не само здраво тело туку и заедница обединета во поддршката на заеднички цели. Честитки и благодарност и за организаторите, волонтерите и сите што помогнаа во реализацијата на овој голем спортски настан. Вашиот труд и ентузијазам направија овој маратон да биде успешен и сигурен за сите учесници и гледачи. Ова е уште една победа за спортот во Македонија, и се надевам дека ќе продолжиме да создаваме вакви можности за нашите спортисти и за заедницата. Спортот е мост што не спојува, а Скопскиот маратон е доказ за тоа – рече министерот Борко Ристовски.

На годинешниот јубилеен Виз Ер Скопски маратон настапија рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји. Побединик на годинешната трка е Хилари Чемвоно од Кенија. Неговиот сонародник, Даниел Кипротич го освои второто место, а третата позиција му припадна на најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски.

Во женска конкуренција доминираше Кенијката Ирине Џеруто. Најдобрата македонска маратонка Адријана Поп Арсова заврши на второто место, а трета беше Вивијан Џелагат од Кенија.

На полумаратонска трка доминираа натпреварувачите од Турција. Прв низ целта мина Џан Хусеин, второто место го освои Емектар Мурат, а трет беше Гедиклиоглу Абдурахман. Најдобар македонски натпреварувач на полумаратонската трка беше Иван Пешовски кој заврши на шестата позиција.

Во женска конкуренција, на полумаратонската трка победи Милица Мирчева од Бугари. Греша Бакрачи од Албанија беше втора, а третата позиција ѝ припадна на Јулие Ларсен од Норвешка.

Фото: Српска пејачка како „зајачица од Плејбој“ на улица во Белград

Атрактивната српска пејачка Сандра Африка повторно ги истакна облините на воодушевување на фановите од социјалните мрежи. 

Сексапилната пејачка во неевообичаено издание се прошета низ улиците на Белград.

Сандра минатата недела за време на празникот „Ноќта на вештерките“ кој е се повеќе застапен и во регионот, во провокативно издание како вистинска „зајачица од Плејбој“ се појави на улица.

Таа така шеташе низ центарот на градот, а многумина не останаа рамнодушни на нејзиниот костим и фигура.

Сандра носеше трико од латекс, што ги истакна нејзините бујни облини.

Фото: Лепа Брена на насловната на „Вог“

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена се најде на насловната страница на најновото издание на магазинот „Вог“.

Мегапопуларната пејачка со насловната страна на тиражниот магазин само уште еднаш потврди дека е една од најголемите икони од нашите простори.

Брена на насловната страница на Вог блесна во никогаш поскап стајлинг.

Таа носи бунда од 11.000 евра од францускиот бренд „Алаја“.

Како што наведува „Вог“, Брена е избрана за насловна бидејќи е вистински феномен, ѕвезда без споредба и икона. Тие истакнуваат дека пејачката е и вистинско олицетворение на југословенскиот поп културен идентитет.

Таа за насловната страница ја фотографирал фотографот Бранислав Симончик, а целата фотосесија е направена во титовата вила „Галеб“.

Коментарите за ова издание на Лепа Брена се повеќе од позитивни.

На Корзика прогласен портокалов метео аларм поради невреме

Од попладнево до недела наутро на Корзика во сила е портокалов метео аларм бидејќи се очекува невреме проследено со обилни дождови што може да предизвикаат поплави, соопштија денеска надлежните француски претставници.

- Поради очекуваната акумулација на големи количини вода во урбанизираните области во рамничарските делови на северот на Корзика и во близина на Бастија, ситуацијата бара посебен мониторинг. Најризичниот период ќе биде помеѓу сабота навечер и недела наутро во департманот Горна Корзика на северниот дел од островот со можни поплави. Апелираме граѓаните да ги ограничат своите патувања, се наведува во официјалното соопштение кое го пренесува дневниот весник Фигаро.

Во останатиот дел од Франција викендот ќе биде врнежлив освен во планинските предели, а југоисточниот дел од земјата денеска повторно ќе го зафати силно невреме.

притисни ентер