Ужас во Германија: Ментално болен ученик со нож и ножици избодел соученици во гимназија (ВИДЕО)

Неколку ученици се повредени во гимназија во германскиот град Вупертал кога соученик ги нападнал со нож и ножици, јавија германските медиуми.

Полицијата го уапсила осомничениот кој, според извештаите, си нанел повеќе убодни рани во градниот кош, пренесува TagesSchau.

Се наведува дека во нападот се повредени пет ученици, од кои некои потешко.

Според полицијата, осомничениот е уапсен, а објектот на гимназијата бил детално претресен во потрага по можни соучесници.

Според наставничка која била во училишната зграда, напаѓачот употребил нож и ножици.

"Тоа беше ненадеен, ненадеен напад. Ги нападна учениците околу себе, дури и пријателите, а на крајот се прободе четири пати во градите. Еден колега го совлада", вели наставникот, кој не бил очевидец на нападот, но прв дошол на помош на жртвите.

„Тогаш бевме заклучени и сега сме во банка и чекаме да се провери зградата на гимназијата“, додаде таа.

Сите ученици во зградата на банката во близина на гимназијата, каде што биле префрлени откако се евакуирани од училиштето, сега се пребројани и родителите групно ги носат децата, почнувајќи од оние кои се од пониските класови.

Како што потврди полицијата, сторителот е 17-годишен средношколец.

Заднината на злосторството се уште е целосно нејасна, а германските медиуми јавија дека напаѓачот е момче со психички проблеми.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо за загадениот воздух

ДПМНЕ не прави ништо за загадениот воздух а се фали со централата- стратешката инвестиција на СДСМ.

СДСМ водеше сметка за сите аспекти за државата и во секоја смисла, и во дел на економија и во дел на екологијата.

Од друга страна ДПМНЕ 7 години ги блокираше сите процеси значајни за државата, за економијата, се што обезбедуваше животот на граѓаните да биде подобар и поквалитетен го блокираа. Па дури и еколошките проекти на СДСМ со кои денеска се фалат.

Со мерките на СДСМ и Планот за чист воздух, којшто патем е прв стратешки документ на некоја влада досега во борбата со аерозагадувањето, посочен и во Извештај на Европска комисија.

Планот опфаќање промена на нееколошкиот начин на загревање на градинки, училишта, јавни објекти со што се обезбеди годишно намалување на штетните честички ПМ 2.5 во воздухот за -564kg, намалување на честитчките МП 10 за -735kg годишно а се заштедија и 391.446 еврa само во една година за затоплување.

Во мандатот на СДСМ се започна сите стратешки инвестиции во гасификацијата, како и когенеративната центала со која ДПМНЕ денеска се фали.

Борбата со загадувањето е процес, но ДПМНЕ не прави ниишто за тоа.

Политиките се гледаат во буџетот. Нема во Буџетот 2025 пари за борба против загадувањето.

Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски ветуваше дека иднината Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 1 милијарда евра инвестиции за граѓаните да дишат чист воздух и намалување на загадувањето за 50%.

Во програмата на ДПМНЕ со којашто ја доби довербата од граѓаните стои дека меѓу приоритетите ќе им биде обезбедување на чист воздух за сите.

Се покажа декаи овие ветувањата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се една голема лага.

Нема ниту една милијарда евра инвестиции за чист воздух, ниту пак власта прави нешто против загадувањето.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Бомба експлодира во двор во скопската населба Керамидница, повреден Раде Штекли

Во утринските часови експлозија ги вознемири жителите на населбата Керамидница бомба експлодира во двор во скопската населба Керамидница, информираат од МВР. 

На местото на настанот е Јорданчо Цветановски.

Јорданчо повели со деталите.

-Денеска во 09.20 ч. Во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил р.т., кој е пренесен во гоб „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР

Во видеото погледнете го целиот извештај.

ЦЕФТА препорачува мерки за поедноставување на осигурувањето за моторна одговорност

ЦЕФТА препорачува мерки за поедноставување на осигурувањето за моторна одговорност кон трети лица.

Во контекст на последните медиумски информации за осигурувањето за моторна одговорност кон трети лица (MTPL) и зелената карта, Секретаријатот на ЦЕФТА сака да обезбеди јасни и точни информации за јавноста.

На 9 октомври 2024 година, Заедничкиот комитет на ЦЕФТА ја усвои Препораката 1/2024, која на страните на ЦЕФТА им предлага мерки за олеснување на процесите за осигурување (MTPL) низ пазарите на ЦЕФТА.

Клучните мерки вклучуваат:

Конечна цел (до октомври 2026 година): Овозможување на возачите од една ЦЕФТА страна да патуваат во друга ЦЕФТА страна без да имаат потреба од зелена карта или еквивалентна документација за осигурување MTPL.

Преодна цел (до октомври 2025 година): Намалување на административните такси за добивање на зелена карта и овозможување признавање на осигурувањето MTPL врз основа на регистрационите таблици на возилата издадени од страните кои се членки на Мултилатералниот Договор.

Дополнително, Заедничкиот комитет на ЦЕФТА ги повикува страните целосно да ги дигитализираат осигурителните документи и да овозможат електронска размена на истите. Оваа дигитална транзиција има за цел да ја елиминира потребата од физички осигурителни документи при патување во рамките на ЦЕФТА.

Овие активности се засноваат на Акцискиот план за воспоставување на Заедничкиот Регионален Пазар (приоритет 3.3) и приоритетите на претседателството на ЦЕФТА за 2024 година (приоритет 2).

Извори:

ЦЕФТА, договор за слободна трговија кој ги опфаќа економиите на Западен Балкан и Молдавија, продолжува да ја поддржува регионалната интеграција и соработка. За повеќе информации, посетете ја www.cefta.int.

За да го видите комплетниот текст на Препораката 1/2024, посетете ја: Препорака на Заедничкиот комитет на ЦЕФТА.

За да го видите целосниот Акциски план за Заедничкиот Регионален Пазар 2021-2024, консултирајте се со: Акциски план на CRM 2021-24.

Целосниот текст на приоритетите на претседателството на ЦЕФТА за 2024 година е достапен овде: Приоритети на претседателството за 2024 година.

Информации за Мултилатералниот Договор може да се најдат на веб-страницата на Советот на Бироа: За Мултилатералниот Договор.

притисни ентер