Ужасна снимка од израелски заложнички во рацете на Хамас: За да не останат бремени (ВИДЕО)

Семејствата на израелските заложници кои ги држи Хамас објавија шокантно видео на кое е прикажана бруталноста на палестинските терористи кон девојките кои ги држеле како нивни заробеници.

„Ова е реалноста што ја трпат“, се вели во описот на видеото, на кое се гледа како на пет девојки им се заканува оружје од Хамас.

Како што пренесува Jerusalem Post, видеото ја прикажува ситуацијата снимена на 7 октомври 2023 година, при апсењето во воената база Нахал Оз на југот на Израел.

Сите видеа се многу шокантни, а две девојки имаат крв на лицето и облеката.

„Нашите браќа беа убиени поради вас, ние ќе ве убиеме“, наводно им рекле терористите на заробените девојки.

„Тоа се девојки кои можат да забременат“, вели вториот терорист, а потоа, држејќи ги под пиштол, ги внесува во џипот.

Ова видео наводно било снимено од камери што ги носеле терористите во текот на денот кога ја напаѓале границата со Газа.

За наводното силување на заробените девојки зборуваше и таткото на трагично почината Шани Лук, кој рече дека „многу млади жени биле оставени бремени, бидејќи биле силувани“.

„На 7 октомври дојдоа терористите со камери на телото и снимаа сѐ, тоа го пренесуваа во живо. Да, силуваа многу жени, многу девојки, 12 годишни, 5 годишни, трудници... Лудост. - изјави Нисим Лук по објавата дека е пронајдено телото на неговата ќерка.

Да потсетиме, Шани Лук беше киднапирана од Хамас на 7 октомври за време на инвазијата на Израел, а нејзиното тело беше пронајдено на 17 мај, пренесува Тајмс оф Израел.

Муцунски:Во сложениот геополитички контекст во Европа мораме да бидеме одговорна членка на НАТО

Дводневната работна посета на Брисел, Муцунски ја продолжува и со средби со претставници на Европската унија.

Како членка на НАТО мораме да бидеме одговорна земја посебно во период на навистина сложен геополитички контекст на континентот на којшто ние живееме, изјави дека во Брисел министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски по средбата со генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг во седиштето на НАТО.

Дводневната работна посета на Брисел, Муцунски ја продолжува и со средби со претставници на Европската унија.

Роналдо и Георгин купиле земјиште на остров во форма на морски коњ во Дубаи за 25 милиони евра

Роналдо и Георгина купиле земјиште на остров во форма на морски коњ во Дубаи за 25 милиони евра, двојката таму ќе изгради замок

Кристијано Роналдо купил земјиште на остров во Дубаи за 25 милиони евра.

Португалскиот напаѓач заедно со партнерката Георгина Родригез станаа сопственици на дел од „Џумеира Беј“ во Дубаи. Ова е вештачки остров во форма на морски коњ, поврзан со Дубаи со мост од 300 метри.

Парот планира таму да изгради замок за себе и за своите пет деца. Работата треба да заврши до крајот на годинава.

Сега 39-годишниот напаѓач на Ал-Наср, Роналдо игра за Португалија на Евро 2024 година.

Софија: Повторното преговарање само дополнително ќе го одалечи Скопје од почеток на преговорите

Повторното преговарање за веќе преземените меѓународни обврски само дополнително ќе го одалечи Скопје од почеток на преговорите со ЕУ.

Бугарското Министерство за надворешни работи денеска со соопштение реагира на изјавата македонскиот премиер Христјан Мицкоски дека доколку има политичка волја можно е решение со Бугарија и промена на преговарачката рамка со ЕУ.

- Министерството за надворешни работи упорно потсетува дека европскиот консензус постигнат во летото 2022 година меѓу 27-те земји-членки на ЕУ и самата Македонија јасно го опишува чекорите за постигнување вистински напредок во евроинтегративниот процес на соседната земја. Исто така, принципот на едногласност во процесот на проширување на ЕУ е вграден во Договорот за Европската унија и во преговарачките рамки на сите претходни и сегашни проширувања. Покренувањето идеи за повторно преговарање за веќе преземените меѓународни обврски само ќе доведе до дополнително оддалечување од почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Потсетуваме дека како резултат на непотребните провокации и конфронтации со соседните земји, Северна Македонија веќе изгуби премногу време во процесот на отворање на пристапните преговори, се наведува во соопштението.

За властите во Софија, како што се посочува, „неприфатлива е искажаната намера на новата влада на Северна Македонија да го отфрли легитимното барање на дел од сопствените граѓани да ги гарантира правата и слободите на рамноправна основа со сите други заедници во Северна Македонија, вклучителни преку нивно вметнување во уставот“.

- Подеднакво неприфатлива е и искажаната намера на Северна Македонија да не се придржува до меѓународните обврски и потпишаните договори. Ваквиот став е некомпатибилен со напредокот на европскиот пат. Остава сериозна загриженост дека во својата политика кон Бугарите и Бугарија, актуелната влада во Скопје ризикува да биде заробена од догмите на една минато време, отфрлена од сите демократски општества. Бугарската позиција е јасно наведена во Одлуката на Народното собрание од 24 јуни 2022 година, поддржана од сите политички сили. Тоа е израз на волјата на бугарските граѓани да ја поддржат Северна Македонија во процесот на исполнување на критериумите за членство во ЕУ, под услов соседната земја да се придржува до највисоките стандарди во областа на човековите права и да ги исполни меѓународните обврски преземени во добро вера. Оваа позиција на национално ниво нема да се менува, стои во соопштението од бугарското МНР.

притисни ентер